Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Будали се тие што мислат дека Данела ќе донира 800.000 евра од буџетот на Градот.
Басни за мали деца се тоа.

Орце и Тимчо делуваат надвор од матицата (што е за поздрав), за другите како им каже партијата така прават. А знаеме дека партија не помага од љубов туку ако има полза од тоа, ако има избори за брзо време (значи на полусезона да чекаме поддршка од други градоначалници), ако има други спонзори па да ги крадат нив итн.


Затоа реков додека беше еуфоријата после баражот требаше одма да има некакви протести, па и донирањето да одеше одма.
Се знае каква е структурата на навивачите на Вардар, повеќето се луѓе со мали примања или млади луѓе. Никој од нив нема да ти донира 1000 денари одеднаш, особено во сезона на одмори.
Акцијата е супер и за македонски услови и ова што е издонирано е топ, ама првичната цел за да се оствари повеќе треба да донираат други луѓе. Требаше да се направи ука бука додека беше еуфоријата од баражот и се вртеа видеа и одма да има акција за донирање за да донираат и други луѓе кои не се редовни фанови, а имаат пари за донирање.
 
На последното интервју Миле изјави дека малце е стишена работата околу договорот со општините и сака да верува дека тоа е така поради летните одмори, а не поради некои позадински игри.
Мене воопшто не ми седи стабилна, биполарнана и суетна “менаџерка” у Град Скопје, а од таму се очекува најголем прилив.

Исто и за играњето на Градски не е дефинитивно, нема никаков одговор од ПУИГ, а се бара бесплатно да се користи теренот.

Во врска со генерален спонзор кажа дека се во преговори со некоја компанија, ама во интерес на истото не откри никаков детаљ, ниту у која фаза се истите.

Нормално дека најголема улога ќе игра добрата воља на државните институции (УЈП и ПУИГ) за одблокирање на сметката, а, интересно беше што на прес-конференцијата у Кисела Вода спомна дека пред неколку години имало одлука на Влада за бришење на каматите од ПУИГ, истата и била изгласана, но поради обврски кој клубот не ги исполнил според договорот, долгот не бил избришан.

Времето нѐ гази, а рокот се да се среди е околу месец-дена.
Се надевам на позитивен исход.
Ја колку што иам инфо, последно не ни одговарале на повиците во голем дел од општините. Друг пат, памет у глава на кого му се праи бесплатна реклама.
Па нели проблемот со спонзор на дресот беше поради блокирана сметка?
Проблемот е за генерален спонзор, а не за технички. За технички не ни имало преговори со било кого...
Будали се тие што мислат дека Данела ќе донира 800.000 евра од буџетот на Градот.
Басни за мали деца се тоа.

Орце и Тимчо делуваат надвор од матицата (што е за поздрав), за другите како им каже партијата така прават. А знаеме дека партија не помага од љубов туку ако има полза од тоа, ако има избори за брзо време (значи на полусезона да чекаме поддршка од други градоначалници), ако има други спонзори па да ги крадат нив итн.


Затоа реков додека беше еуфоријата после баражот требаше одма да има некакви протести, па и донирањето да одеше одма.
Се знае каква е структурата на навивачите на Вардар, повеќето се луѓе со мали примања или млади луѓе. Никој од нив нема да ти донира 1000 денари одеднаш, особено во сезона на одмори.
Акцијата е супер и за македонски услови и ова што е издонирано е топ, ама првичната цел за да се оствари повеќе треба да донираат други луѓе. Требаше да се направи ука бука додека беше еуфоријата од баражот и се вртеа видеа и одма да има акција за донирање за да донираат и други луѓе кои не се редовни фанови, а имаат пари за донирање.
Ако знам убаво, станува збор за сума од 150 до максумум 200.000 евра што треба да се одобри, а не за 800.000. Плус припреми во Златибор да покријат.

А дека се само млади луѓе или со мали примања навивачите на Вардар, не би рекол. Погледни ја структурата на навивачи што беше во Кавадарци, 90 % од нив ја ти гарантирам дека не им е никаков проблем да извадат 1000 денари во секое време...
 
Па ако е за околу 200.000-250.000 евра од Град Скопје тогаш еднаш се одобри оваа сума зимоска, се изгласа нели од советниците да дадат ама од некои причини пропаднаа парите ..
Се надевам овој пат навистина ке се одобри солидна сума од Град Скопје по што времето не гази , а оваа Данела глеам едно ѓубре неможе да рачисти низ Скопје тотално погрешен човек за Градоначалник на Скопје..

И треба да се исплати дел плати за овие фудбалери бидејки им се должат плати од лани , и плус да се обезбеди буџет за 2023-2024 барем околу 500.000 евра ..
 
Последно уредено:
Едно искрено мислење од мене околу вашата ситуација од искуството шо го имам со ФК Пелистер и општина Битола, се надевам нема за зло да го земите.

Пред да стани општината акционер во ФК Пелистер, се појавуваа големи потешкоти околу префрлањето на средства на сметка на клубот. Законски, општините не смеат да финансират во спортските друштва. Со трансформацијата во АД и станувањето на општината акционер/сопственик на спортските клубови се отвори можноста за активно финансирање и раководење со клубовите. Пред тоа се беше на сила и со далеку помали уплати од сегашните и пред се, беше еднократна помош.

Според мене, се додека ви е блокирана сметката, не можите да се надевате на сериозни уплати од страна на градот или општините. 250.000 евра или било која слична сума, не е реално да се уплати на здружение. Не само шо не е реално него е и незаконски. Од изјавите на Миле имате добар план, но за истиот е потребна страшно добра војља на многу повисоки институци од општините за отстварување на истиот. Деблокирање на сметката, влегување на општините/градот во клубот преку акции, па тек тогаш можите да се надевате на сериозна помош.
 
Миле и екипата се нафатија на ужасно тешка работа, и треба трпение, време и доста среќа да биде се како што треба.
Влегоа во мутни и темни води, но ја искрено верувам во нив, во идејата за Вардар клуб на народот, што впрочем прв пат ја пласирав на мојата страна уште во 2010година.

Има многу нејасноти, но ајде да видиме на крај што ќе излезе, пошто искрено доста ми е од тие коментари, ќе ги украдат парите, ќе се местат себе си после, бла бла.

Поддршка максимална, само они си знаат како е да си растрчан на илјадници страни, да бараш состаноци да немаш одговори, да збориш со луѓе што немаат образ, да те мотаат, а ти да веруваш и да пркосиш со својата заложба и љубов кон Вардар.

Затоа и сите вардарци што не се вклучени директно во процесот треба да помогнат како можат.
Па и сите они македонци што веруваат во подобро и во нашето заедништво.

Купи сезонска карта.

И споделување на објавите, да се направи медиумски притисок.
За Вардар наш!
 
Gledam, poranešnite Vardarci Viktor Velkoski i Stojan Stojčevski se slobodni. Dobro bi bilo i tie da se priklučat na trening

Да, поготово Стојчевски кој покажуваше среден прст на Комити и порачуваше дека ќе си останеме у втора лига
 
Да, поготово Стојчевски кој покажуваше среден прст на Комити и порачуваше дека ќе си останеме у втора лига
Јадеше воспитни за тоа веќе ,го искаравме :) мирен е сега,ама не ни треба шупак човек е.
 
Gledam, poranešnite Vardarci Viktor Velkoski i Stojan Stojčevski se slobodni. Dobro bi bilo i tie da se priklučat na trening
Виктор Велкоски мислам потпиша за шкупи (освен ако не пропаднал трансферот), а Стојан фала богу сега за сега не доаѓа, нема ништо од тоа, а и не ни треба, класичен второлигашки играч кој што посака да останеме уште долго во втора лига не ни заслужува да го носи повторно дресот на Вардар...
 
Утре играме со Арсими, се најавува деби на тројца играчи со висок прволигашки квалитет. Двајца повратници и еден странец :cenzura:

Колку повеќе купени карти, толку повеќе играчи од овој калибар. Затоа, купи членска и скрати си го годинешниов одмор. https://www.karti.com.mk/fk-vardar-clenska-karta.nspx
 
Кој е тој од Колумбија што го споменувате? Има некој инфо?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom