Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
И најави дека буџетот до крај на годинава ќе биде меѓу 600 000 и еден милион евра, што делува на преголема сума за една полусезона, не знам од каде ја извади бројката само, а во принцип се гледа дека е добро информиран за секојдневните дешавки во Вардар.
Има ветување дека Град Скопје ќе вложел 800.000 евра, заедно со другите скопски општини.
Сите спијат на тоа уво.
 
Убаво е што има вака постојано поддршка помеѓу играчите, се гледа дека пружаат вистинска љубов кон клубот и ракометарите и фудбалерите, стварно се сплотени заедно последниве сезони, како права фамилија.:)
20230630_210755.jpg
 
Има ветување дека Град Скопје ќе вложел 800.000 евра, заедно со другите скопски општини.
Сите спијат на тоа уво.

Затоа толку депресивни по сликиве денеска. :)
Иначе покрај Маџари, достапен за тренинг е и теренот позади Западна?
Што така? Па тој не е на Работнички и тоа со документ ако добро се сеќавам?

А меѓудругото, Миле изјавил дека биле у преговори со Самсоненко да ги дал Хиподром и Академијата повторно за тренинзи…
Ајде Хиподром може и да го даде, до пред месец-дена секако Скопје трењираше таму, ама за Академијата не верувам.

Иначе на денешниот тренинг не биле Размоски, Јаневски и Вецески, а се вратил Мартин Блажевски.
 
Има ветување дека Град Скопје ќе вложел 800.000 евра, заедно со другите скопски општини.
Сите спијат на тоа уво.
Претпоставував дека е само "ветување". Не знам што се збори на состаноците зад затворени врати ама во јавност до сега конкретно само Орце искочи и кажа дека ќе даде 1% од општинскиот буџет или 80 000 евра за клубот. Сите други засега повеќе ми изгледаат дека се приклучија на акцијата само за да не си направат лош маркетинг ако не одбијат, а не дека можат да придонесат исто како Орце. Плус, некои од општините како Ѓорче, Гази Баба, Аеродром... веќе даваат доста пари во клубовите од општината, така да не знам колку би можеле да одвојат добра сума на пари и за во Вардар. Претпоставувам повеќе ќе одат на симболична помош, како дозвола за користење на терени и слично, што секако е за поздравување.
Друго, никој не кажува за сега дури и да се обезбеди таа помош дали ќе зависиме од деблокада на сметката за да може таа помош да се искористи или има и други начини.
Трето, општина Центар е приклучена на акцијата? :cautious:
 
Затоа толку депресивни по сликиве денеска. :)
Иначе покрај Маџари, достапен за тренинг е и теренот позади Западна?
Што така? Па тој не е на Работнички и тоа со документ ако добро се сеќавам?

А меѓудругото, Миле изјавил дека биле у преговори со Самсоненко да ги дал Хиподром и Академијата повторно за тренинзи…
Ајде Хиподром може и да го даде, до пред месец-дена секако Скопје трењираше таму, ама за Академијата не верувам.

Иначе на денешниот тренинг не биле Размоски, Јаневски и Вецески, а се вратил Мартин Блажевски.
А како и не би биле депресивни, кога повторно добија само празни ветувања за исплата на она што им следува. Но, за жал некои веќе полека го губат трпението.
Размо најверојатно ќе се приклучи, а на другиве не знам кој им е статусот. Ништо чудно и да не продужат со Вардар. Во секој случај, тимот што го иаме на располагање у моментов, не дава простор за било каков оптимизам. Едвај 5-6 прволигашки играчи, рестото не би го коментирал. Доколку не се сменат работите, отидовме курбан по брза постапка. Да не се залажуваме.
Претпоставував дека е само "ветување". Не знам што се збори на состаноците зад затворени врати ама во јавност до сега конкретно само Орце искочи и кажа дека ќе даде 1% од општинскиот буџет или 80 000 евра за клубот. Сите други засега повеќе ми изгледаат дека се приклучија на акцијата само за да не си направат лош маркетинг ако не одбијат, а не дека можат да придонесат исто како Орце. Плус, некои од општините како Ѓорче, Гази Баба, Аеродром... веќе даваат доста пари во клубовите од општината, така да не знам колку би можеле да одвојат добра сума на пари и за во Вардар. Претпоставувам повеќе ќе одат на симболична помош, како дозвола за користење на терени и слично, што секако е за поздравување.
Друго, никој не кажува за сега дури и да се обезбеди таа помош дали ќе зависиме од деблокада на сметката за да може таа помош да се искористи или има и други начини.
Трето, општина Центар е приклучена на акцијата? :cautious:
Се приклучи и Центар.
 
Им требаат плати на момците и со самото тоа автоматски да повлечеме некој нов играч кога ќе види дека мрдналата работава. Вака кога гледаат дека стариве уште чекаат, не им се доаѓа некако. Мора што по брзо да го решиме тоа со платите, бидејќи играчите кои се планирани ќе ни заминат. Размоски ќе се приклучи, а Вецески е на пат за Штип.
 
Вецески у Брегалница?
 
Убаво реков пред некое време. Сите чекаме да исполнат ветување луѓе/институции кои скоро никогаш не исполниле ветување.
Пари требаат веднаш, се друго е работење како минативе сезони, со бесконечни ветувања.
Вардар ко Вардар ќе најде играчи, вака или онака ќе се собере некој тим, но гледајќи ги другите состави ќе биде претешко да се опстане во лигата.
Дури и враќањето на Градски во ситуацијава може да биде полошо за нас, со оглед на тоа што за екипа која би играла подефанзивно, Маџари е совршен. Да не коментираме колку е поголем притисокот од публиката.

Не дека лигата е нешто спектакуларно јака, 3-4 засилувања те делат од борба за Европа до борба за опстанок, но со вечни ветувања не се работи. Прво да капне некое евро, па ќе се тргнеме од песимистичките гледишта :D
 
Верувам дека ќе се среди колку толку работава и едвај чекам да почне сезонава. Очекувам секоја утакмица да биде финале за нас секоја утакмица спектакл. Моја желба за прво коло е некаде каде што може да се направи гостување за да го дигнеме хајпот уште од почеток( очекувам забрана од племе клубовите а ги има бајаги сезонава) и да направиме колку толку реприза на кавадарци сепак знаеме август каква е ситуацијата со одморите.

НАПРЕД ВАРДАР !
 
Ако сами не се растрчаме сега со акцијава за сезонскиве да го одложиме финасискиов колапс, нема никој да не спаси.
Кога станува збор за пари да дадат општиниве, се некои ребаланси, па не поминало совет, па се немало пари, па што ќе кажеле тие од шкупи (изјава на данела) итн.

Затоа што побрзо да се почне продажбата, од проста причина што е почеток на месец и сега стигаат платите… да не се изјалови работава после 15ти-20-ти.
Моја оптимистичка прогноза е 5000 сезонски у првите две недели или 80.000 еу, со тоа што би зел предвид дека веќе има свест и кај дијаспорава за помош, а и да не се заборави фактот дека Вардар ја покажа големината кога распродаде 32.000 карти за празен стадион.

Ајде, само позитивно, ова само од нас зависи продажбава на сезонскиве, ако се нагази јако после ќе видите се ќе се среди, и Ујп и даноци и курци и палци…
Круг е тоа, глеате една општина повлече нога, К Вода, добивме терени и у Пржино, и у Аеродром и у Волково.
 
Од ваков меанџиски однос си патиме. И да е се вистина, нема што он да кажува, пред Комити или Управата. Ама тоа е, цел живот од вакви фб мангупи сме си патиле.
Овој Мијалче како да зема преголем замав во последно време. Треба да му се скратат крилјата. А и на ова што го напишал го има подбуцнато некој што си има лични амбиции. Повторно се разгореа добропознатите игри за превласт околу Вардар. Секој на секого да му подметне нешто, исклучиво за свој интерес.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom