Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Од каде и да потекнува ваква дегенерична идеја да се удри на тренерот на Вардар после онаква ланска сезона и после онаква подршка која ја ужива кај Вардарците генерално е тотално контрапродуктивна и самоубиствена сама по себе. Се вади од нафталин јебени Мијалче Дургутов чие гласило не функционира 30 години со едноцифрен број следбенци на Фејсбук и Јутјуб заедно. Не е тешко да се претпостави на чија страна би застанала јавноста помеѓу него и Грне. Пуцањ у нога чија и да била идејата.
Луѓето како овој и тие под чиј налог траска глупости снимени на камера од мобилен телефон треба да знаат дека нуклеусот на тимот го држат Грне, Бајо и Панта Мицевски. Зборам за тимот,не за клубот. Ако на овој начин се удира на тренерот треба да се има во предвид и на чија страна би застанал грото од играчите. Освен ако на некого тоа не му е и целта, што исто така само по себе е дегенирична идеја. Затоа што овие момци се тие кои останаа кога голем дел
од нив отидоа, истото повторувајќи го и летово...
 
Колку што знам личен конфликт е во прашање Грне не му дал да снима и земе изјави, а од друга стрнаа Грне му пишал на фб статусот покрај другото и дека Мијалче постапува онака како што некој му кажал.
 
Појма неам искрено кој. Само постов ми изгледа како класична нарачка на некој што му пречи Грне. И зашто баш сега излага ова!? Па за позајмицава на Грне се знае уште зимоска, искрено не глеам што има скандалозно во неговото очекување да му се вратат средствата.
Ќе се појават еден куп хиени кои веројатно намирисаа прилика дека може ќе влезе некаква паричка (иако во Вардар нема ништо јасно), па ете простор да протнат свој играч и да лапаат провизии. Клубот тука мора да се стави во максимална заштита на Бајо и Грне, и едиствено тие да бидат одговорни за одлуките околу играчкиот кадар. Во спротивно, ќе се деси класична калакурница и на кој ќе му текне ќе изиграва спортски директор...
 
Тимот (играчи и стручен штаб) е светиња и Грне и Бајо тоа добро го знаат. Како што пилот има неограничена власт во авион така тие (поготово тренерот) треба да имаат во екипата. Берлускони и Абрамовиќ биле бркани од тренери од соблекувална...
 
Овој селсково име многу се дигна изминативе месеци. Порано нигде го немаше.
 
Ми беше многу чудна наглата “грижа“ на Мијалче за Вардар и константното потенцирање на тоа Скок е постојано со Вардар, да се знае кој е со Вардар во овие тешки времиња и слично. Не ми се свиѓаат такви сељачишта со задњи намери. Стварно , кој кур е он сеа да праи некои сопки, да влева зла крв во тимот и да исправа криви дрини?? Мијалче Дургутов. И насловот на тоа емисијата му е класика селска, Грнето со дупло дно:tapp:. Оној селскиот хумор, што често го дискутираме на темава. Ти ебам овчарот.
 
Тоа он што го објави околу буџетот и плановите за Вардар според мене требаше прво Комити да објават па после он ..

Не дека не е точно , ама сепак се знае кој прв треба да објави , иначе за претходно скоро сегде идеше на утакмиците за Вардар тоа е за пофалба , ама со ова и со Грне си расипа угледот ..
 
Тоа он што го објави околу буџетот и плановите за Вардар според мене требаше прво Комити да објават па после он ..

Не дека не е точно , ама сепак се знае кој прв треба да објави , иначе за претходно скоро сегде идеше на утакмиците за Вардар тоа е за пофалба , ама со ова и со Грне си расипа угледот ..
Нека си снима рекреативно од љубов како што си снима нека си го тера филмот и нека не кажува многу многу друг пат, нека биде задоволен што некој и му дозволува да снима вака не е и ни медиум нит ништо
 
Ќе има можност за купување сезонски билети преку интернет? За ние од Дијаспората.
сега за сега може дс се донира
 
Здраво на сите!

Има ли некој од вас инфо дали се разгледува опцијата за продажба на дел од акциите (на навивачи) како еден од начините за финансирање на клубот?

Поздрав.
 
Здраво на сите!

Има ли некој од вас инфо дали се разгледува опцијата за продажба на дел од акциите (на навивачи) како еден од начините за финансирање на клубот?

Поздрав.
И плус да има членарина. Годишно некоја сума (пр. 3-4000), исто како што има нпр Хајдук (ако не се лажам).
 
И плус да има членарина. Годишно некоја сума (пр. 3-4000), исто како што има нпр Хајдук (ако не се лажам).
Screenshot_20230702_204125_com.android.chrome.jpg
Сигурно, не сме ние Хајдук и не може да очекуваме толкава сума да собереме, но ете постои и овој начин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom