Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе се најде некој. Јас сум сигурен дека ќе влезе некој, барем тие трошоци да се покријат, а за долг план ќе бараме чараме или ќе се молиме унгарците да влезат.
Па нели баравме чаре цела оваа сезона и на подолг рок требаше да се изнајде решение, епа нели е сега крај веќе на тој подолг рок, или уште колку ќе трае тој подолг рок? 2-3-5-10 години?
 
Вардар - Скопје баражот 21 Мај во Кавадарци, со оглед дека паѓа недела уште сега може групата да бара автобуси за превоз бидејки ке има голем интерес за овој натпревар ...
Очекувам голема бројка не само на Комити туку и на обични навивачи од Скопје кои го сакаат Вардар , ова е меч на животот за Вардар според мене , уште од сега ме пука адреналин :oeoeoe:
 
На терен играчите ќе изгинат,а ние како Комити ако не се истуриме 1000+ е страмно.Мора огромна подршка уште од понеделник нека има најава и нека се мобилизираат сите екипи,може и дефиле да се направи, терминот е одличен недела 17часот.
 
Многу пати сме биле сведоци на утакмици каде натпреварот го добивал тимот кој повеќе ја посакувал победата , верувам дека играчите на Вардар се свесни и ке дадат све од себе да победат , можеби Скопје е поквалитетен од нас но срцето на терен Вардар ке го остави дупло од нив тоа сум убеден , еден меч е сепак шансите на терен се 50 - 50 ...

Трибините се на наша страна со огромна бројка ке биде како да играме на домашен терен , тука сме во предност ..
 
Па нели баравме чаре цела оваа сезона и на подолг рок требаше да се изнајде решение, епа нели е сега крај веќе на тој подолг рок, или уште колку ќе трае тој подолг рок? 2-3-5-10 години?
Кажувам што мислам и на што се надевам. Мислам дека чекаат да видат дали ќе влеземе па ако има некој заинтересиран да конечно влезе...
 
Без превземање на клубот од сериозен инвеститор како ќе учествуваме во прва лига, ќе немаме играчи, кој ќе уплати котизација и се останато што е потребно за натпреварување во прва лига???
Да се најде решение за репрограмирање на долгот на неколку години, и најмал проблем ќе бидат котизацијата за учество и регистрација на играчи.
Вардар - Скопје баражот 21 Мај во Кавадарци, со оглед дека паѓа недела уште сега може групата да бара автобуси за превоз бидејки ке има голем интерес за овој натпревар ...
Очекувам голема бројка не само на Комити туку и на обични навивачи од Скопје кои го сакаат Вардар , ова е меч на животот за Вардар според мене , уште од сега ме пука адреналин :oeoeoe:
Не се ни сомневам дека ќе биде огромната бројка на присутни Комити во Кавадарци, но и на Вардарци исто така...
 
Без превземање на клубот од сериозен инвеститор како ќе учествуваме во прва лига, ќе немаме играчи, кој ќе уплати котизација и се останато што е потребно за натпреварување во прва лига???

vreme e za go fund me i komiti od sekade da se vklucime malku poaktivno...

bilo koga bilo kade...

ke najdeme pari.
 
Може ли да не има 1500 у Кавадарци, само Комите без вардарци...

Дајте да се мобилизираме!
Се чека само утрешниата утакмица со Кожув во Гевгелија да заврши и потоа ке имаме 7 дена за мобилизација :)

Еве пред малце официјално и ФФМ потврди , баражот 21 Мај во Кавадарци од 17 часот
Инвазија на Кавадарци , да се чудат :)
 
Последно уредено:
После Гевгелија само јака мобилизација во што не се сомневам, и да го живнеме Кавадарци :cuc: :love:
 
СПАС ЗА ФК ВАРДАР - ВЕДНАШ!

Дојде време за најважната акција!
Ние сме на потег. Навивачите, симпатизерите, обичниот народ, на кого му е преку глава од малверзациите, матните игри и злоупотребата на клубот!

Ве повикуваме сите вас, вљубеници во црвено - црната боја, да се приклучите, и на прикажаниот линк, да донорате согласно вашите можности. Сите собрани средства, ќе бидат наменети исклучиво за потребите на клубот.

Дозволено е донирање, како од Македонија, така и од странство. И најважно, за целата акција да протече фер и транспарентно, секој, во било кое време, ќе може да ја увиди точната сума на сопствената донација, како и сумите на сите останати кои донирале. Воедно, и сите во било кој момент, на линкот ќе можат и да ја следат тековната промена на сумата. Се ќе биде потполно транспарентно. Го правиме ова, со цел да ги спречиме можностите за било каква нерегуларност.

ВАЖНО ИНФО: Целата акција ја реализираме преку апликацијата Gofundme. Непрофитабилна апликација, но која со секое донирање дава опција, вие, како донатор, со дел од парите кои ги донирате, финансиски ја подржите. За да сите средства кои ги донирате бидат наменети исклучиво за клубот, потребно е да на предлогот од самата Апликација, која ви нуди да ја подржите, отидете на НУЛА. Така сите средства, ќе бидат наменети за клубот! Објаснување, во коментар!

Не е важно од каде и колку, туку зошто. За нашиот Вардар, за нашата гордост. За славното минато, и за уште посветлата иднина, за која сите заедно ќе се избориме!

Ти си Вардар, нема никој друг. Затоа, донирај, и биди дел од возобновата на најголемата македонска фудбалска гордост - ФК ВАРДАР!

Спас за ФК ВАРДАР веднаш!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom