Не се лажи, ние не сме поспремни воопшто и не само то мислам дека сме помалце спремни од лани, неколку играчи на 10 дена пред првенство имаат по неколку кила вишок на килограми, ако некој водеше грижа до сега требаше то да биди средено. Ги гледав скоро на сите пријателски, имам в печаток дека имаме сила само за едно полувреме, на полувреме задишани се како до Анета со трчање да оделе. Ние ќе бидиме најтенки во нападот, класичен шпиц го имаме само Маневски, Бојан Спиркоски игра појќе како лажна деветка т.е тука е и Никола Наумовски, муабетот ми е дека не се засиливме нешто драстично во нападот од есента. Опција + е Парталко кој ми е голема енигма + го имаме најтешкиот распоред од сите 4 екипи. Единствен начин да влезиме е вардар (читај Миравци) да не влези ради долгојте каде нема најави дека ќе се исплатат и така да не добие лиценца за прва лига. Во бараж мислам дека и тие и ние ќе сме подобри и од Скопје и од Победа, иако во победа има најави за некои африканци па ќе видиме како ќе биди.