
Што се случува во Вардар!? Газда Слободан вели почекајте, играчите велат нема тренинг дур не видиме пари
И повторно тешко, многу тешко зимо за ФК Вардар, за играчите, но и за навивачите на клубот. Иако има...

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Само ВМРО ако се врати на власт ќе живне Вардар, за жал тоа е вистината. И ќе функционира дур се на власт и после иста приказна.
Најголемиот проблем е што никој не го зима клубот како приватна сопственост и со тоа да остварува профит. Да врзе играчи со договори, со откупни клаузули, да ги прибира најголемите таленти од земјата и да живее од трансфери и евентуални пласмани во групи од некој од куповите.
Да се органзирираат турнеи за припреми во Австралија и САД, каде што има нашинци, да се промовира брендот Вардар и таму. Вака изгледа дека е тешко, но со искрена и посветена работа и те како е лесно за реализација.
Добро организиран клуб, носи дополнителни спонзори и потенцијални нови инвеститори.
Но сето ова само ако бевме држава и народ... Ништо станавме, за жал.
Ќе го земиме и Денич ако не најди клуб во СкопјеЛошо ни се пишува, веќе немаме ни напаѓач.
Утре ако не биде нема никогаш да биде. Викендов ако не стартуваат со тренинзи нема никогаш да стартуваат. Ова е 100% сигурно да знаете. Ај да видиме утре баш.
Дека Парталко расниот стрелец. Голот не може да го погоди од два метри. Не вреди да се коментира за него како некаква загуба.Лошо ни се пишува, веќе немаме ни напаѓач.
Тоа би значело уште 3 изгубени години, реномето драстично ќе падне, а со тоа и интересот од инвеститори.Дека па Парталко расниот стрелец. Голот не може да го погоди од два метри.
Со здравје нека си го служат шурите, а ние најубаво да си се спремаме за стечај и 4-та лига. Толку години се изгубија во глупости. На време да се повлечеше ваков потег, веќе ќе бевме вратени назад во највисок ранг, без главоболки како ќе го изгураме наредниот ден.
„Најбољи“ газда не си ако глеаш само за периодот додека ти си во клубот, а потоа во стилот на Луј 14: После мене потоп! Панчев, колку и да не го сакам, скоро нема никаков удел во срањата.Чинел,не чинел .... Самсоненко беше најбоље "газда" досега. Фрли грдо пари .
Тоа шо имаше дебили у управа и не Вардарец туку појќе Цвездаш у душа ко Панчев,го утепаа клупот. Реков и тогаш. Самсоненко требаше сфе од А до Ш само странци од управа до тренери. После филтрација на прави Македонци кои се докажани .
Имаше утка од толку небулозни договори на играчи .... Као можеш без оштета да пушташ играчи. Од таму враќаш нешто.
Сега за сега ќе имаше влечење само има/нема . Кој си иде,дојде и даље . Сами се криви у Вардар. Работат у момент,не мислат за даље и да подобрат. Ми мириса Маџариве дека се лажна вест да останат играчи.
А како би биле привлечни, другар!? Во нечист клуб кој нормален сака да се петља.Сум за стечај, само не знам зошто го гледате како некаков спас. Во прва лига не бевме привлечни за спонзори, ниту во втора, ама затоа некој во четврта каде што треба грдни пари по селана да се дадат за да се местат утакмици, е таму ќе најдеме спонзор.
Живееме во држава каде што реномираните фирми радо би парите да ги дадат надвор од државата и каде што спонзорите влагаат, перат пари, цедат се што може да земат и ги снемува после Х период. Не сме некоја спортска нација што толку ќе се загрижи што ете Вардар во втора лига играл и е пред стечај. Абе еден куп клубови пропаднаа никој со прст не мрдна еве и Вардар ќе отиде, и нема никаква акција или бунт од народов. Тие 200-300 будали на Запад и тук таму некој друг не се никаков фактор. Им се смееме на соседиве ама ела Партизан или Хајдук рецимо да дојдат на ова ниво, кланица ќе биде низ град. Вардар тивко умира, државата со прст не мрда, управата дава лажни ветувања како и секоја претходно, клубот тоне..
Кажав уште кога Самсоненко влезе во клубот, дека брзо ќе заврши ова и црно ни се пишува. Не знам за вас, ама јас никаков спас не гледам.