Тоа што го дебатиравме тука недели наназад вчера доби своја потврда. Некои се потсмеваа на муабетот дека Вардар е барабар со сите прволигашки екипи ваков каков што е моментално, и дека со три квалитетни странци е легитимен кандидат (а не фаворит) за титула. Вчера комплетно надигран третопласираниот тим во 1лига на секој план, играчки, тактички, технички, и физички, уз тоа прописно масакриран од судија кој перфидно судеше некои 95-15 % во корист на домаќинот. Оштетени за 2 пенала (мислам во ист напад беа), досудени бар 30 опасни прекини за Силекс се со цел тој олукот напред да направи од ништо нешто со оглед дека на друг начин не можеа никако да дадат гол. Капак на се, прекината нашата најопасна акција во последниите минути и свирен непостоечки фаул.
Жалосно е што можевме да добиеме многу, не добивме, а изгубивме играчи поради повреда за наредниот период, пред се Жоглев, и остануваме само на Христов,а Кире Маркоски да гура лево (во некои ситуации може и обратно, како што беше вчера по повредата на Жоглев)
Ова со пеналите,не идат некои работи како што некои горе ги замислиле, тука мислам на спомнувањето на Мишковски, Некои играчи самите не сакаат да изведат пенал, не се чувствуваат сигурно во одреден момнет, а некои кои требаше да шутираат беа заменети во текот на натпреварот.
Остануваме на основната цел,многу важна и тешка утакмица во недела против тврдата Беласица која мора да се добие на било кој начин. Ако не победиме влагаме во голем проблем, ако победиме остануваме на вистинскиот пат што се однесува до влезот во 1 лига....