Мизерна претстава на две екипи кои треба да се борат за прва лига.
Општа слика за македонскиот фудбал, паѓа среќен гол (во случајот од пенал) и екипата која води едноставно ме дозволува да се игра фудбал.
Исто направивме и ние со факинг Беса, не сме поарни. Класика, лежење цело време, никаков старт, никаков допир, лежат на цел терен. Никаков континуитет во играта, на секои пет минути се крати натпреварот поради лежење. Не знам како не се најде некој судија, одма да лупа црвени. Земал лежи на пола терен, се врти, лекар не влага, никој не го изнесува од терен. Чекаат сите 5 минути и таман ќе долази некој пд клупа, станува играчот. Па се буни дека судијата ќе му нареди да излезе од терен, па се објаснува со противниците и отишло цело полувреме.
Ништо не одигравме, имавме две добри шанси за израмнување, ама ништо.
Еднаш по корнер, топката стигна фо осамениот Јаневски, Јашари кратко одби, а Жоглев шутна пак само во голманот. Како само успеаја да утнат.
На крајот, Жоглев со глава смири до Десниќ, а овој бапна волеј од 20 метри, ама Јашари пак ја фати.
Не знам, мене Жоглев сто пати повеќе ми се допаѓа од Христов, ако ништо друго барем знае да се загради, сите воздушни ги фаќа. Овој Симе нешто пробува да издрибла, еднаш не помина. Јовче го ставија во џеб, не мрдна, сите дриблинзи прочитани.
Јас кога ги гледам Глишиќ и Мицевски како цупкаат, ми се повраќа. Барем од нив очекувам повеќе, а они како на балет и кога ќе го дадат она балон нафрлување ми оди да влезам и со нож да ги избрцам на терен. Не ме јеби, 100 корнери имавме, се' балон топки на прва статива, ти ебам потенцијалните репрезентативци. Нека не ми го брани некој Мицевски, жити се... Како не е тука Најдоски, да скрши некоја нога, да изигра машки. Гледајте го Мишко, кога му влезе на тој во средина, ногата ќе му ја откачеше, не мрднаа кај него. Ама Вецески талентот за првиот гол духот Каспер го чуваше, ги наместија ко мало деца. Нема врска дали било или не било пенал, нашите доцнеа во стартот и мајсторски го изиграа Јовче. Не беше лошо судењето ко лани, освен тоа што ниту еден судија нема лек за задржување време.
Каква боранија од играчи се другите, не вреди ни да се споменат, ко ќе ги видам тој Николовски, па и Јусуфи и Парталко, јасно е зошто сме таму каде што сме.
Грне ја еба со почетниот состав и покрај тоа што го немал Серафимов за У-21, нема оправдување за овие стартни 11.
Ако не ја добиеме Воска наредна недела, толку е и од оваа сезона.