Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Да се разбереме една работа, Втора лига воопшто не е лесна за играње, како што многумина си замислувавме претходно. Као муабетов ајде сеа ќе се прошетаме низ првенството, да ама ако ти се купени 1/3 од утакмиците. Па малтене секој меч на страна е заебан, тешки терени за игра, супер мотивирани домaќини, наапана публика против Вардар, а неретко и лош третман од судии.
Така да баталете тие причи, особено што и ние имаме свои мани во офанзивата. Да гледаме да ја оствариме зацртана цел, заебете игра и уметнички дојам, никој утре нема да се сеќава на тие ствари. Само конечниот пласман ќе биде битен и ништо друго.
Да се потсетиме дека лани во првите 5 кола имавме едвај 4-5 бода и озбилен заостаток зад Силекс, сега иаме 7 после 3 кола и релативно лесен распоред во наредните кола што престојат. Така да ова реми во Радовиш не е никаква трагедија, како што можам да приметам дека многу го претставуваат (не мислам овде за форумот конкретно), иако во суштина немаат одгледано утакмица питај бога од кога, и нема потреба од било какво драматизирање. Плачковица е солиден тим, ќе бидат тежок залак за сите аспиранти, а долга е нивата за орање.
 
На крај после утакмицава во Радовиш кога дојдоа играчиве да се поздрават еден од Комити им кажа знаеме дека играте без плата , па сега ме интересира дали е тоа точно или не , по што пишуваше во медиуми дека нели им било исплатено и плата и премија ... ако знае некој нешто нека пише
 
На крај после утакмицава во Радовиш кога дојдоа играчиве да се поздрават еден од Комити им кажа знаеме дека играте без плата , па сега ме интересира дали е тоа точно или не , по што пишуваше во медиуми дека нели им било исплатено и плата и премија ... ако знае некој нешто нека пише
Точно е. Барем до прошлата недела им се должен плати за неколку месеци. Не верувам во меѓувреме да се сменило нешто. Класика муабет до крај на септември ќе се среди.
 
Утре очекувајте добри вести. Најавено солидно име.

Од солидни имиња што нас можат да ни завршат работа, а се без клуб: Кире Маркоски и Милован Петровиќ.
 
Од солидни имиња што нас можат да ни завршат работа, а се без клуб: Кире Маркоски и Милован Петровиќ.
Кире Маркоски е подобра опција според мене или евентуално Шаркоски кој денеска си отишол од Академија Пандев
 
Ко за втора лига не е лош. Сум го среќавал по извештаи дека давал голови. Во Скопје беше одличен кога играа во втора лига. Лошо е што секоја година има нов тим, 6 тима сменил на 24 години...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom