- Член од
- 11 мај 2008
- Мислења
- 3.358
- Поени од реакции
- 7.343
Прерано е да се збори, ама не е на арно како што тргнало. Мириса на потполно идентично сценарио како прошлата сезона. На страна секоја утакмица 0-0 или 0-1. Ја не знам што мислам луѓето задолжени за спортскиот дел, ама ростерот е далеку од дефиниран.Истата грешка и оваа сезона ја праиме. Минатата се ослонивме на Петковски кој по четири гола им даваше на Кадино, а сега е случај со Симе Христов. Со еден шпиц и со дете втор не се иде во Прва лига. И денес гол не сме дале, а сме играле дури 120мин.
У моментов иаме двајца стопери и едно изнудено решение во Мартин Блажевски на кого тоа не му е ни природна позиција. Да не забораиме дека Мишковски е веќе 36 години.
Што доколку фали Глишиќ? Повторно неаме алтернатива ни за него.
Во нападот иста слика како лани. Еден класичен шпиц и младинец за бекап со еден сениорски настап во кариерата.
Зимоска бараа изговор дека немало доволно квалитетни слободни играчи на пазарот, а сега што ќе биде причината!? Ене го Јашароски уште е без клуб. Што се чека не знам...
Пријатели вака во декември сигурно со една нога нема да сме во Прва лига... ќе глеаме пак мачење до крај. Нека им биде јасно!