Се сложувам комплетно со сите ставови што ги имаш поготово со тој фамозен сопственик што повеќе штета нанесе отколку успеси што донесе. Ама, да не се правиме наудрени зошто е ова вака. Зошто во Ростов нема проблем, а тука има. Јасно е, никогаш не го сакаше клубот единствен интерес му беше парата, како до повеќе. Преку тендери, матни зделки, инвестиции, игри со милион директори и менаџери, и наеднаш ова се му е стопирано и тој човек нема веќе никаков ќар од Вардар, нормално дека ќе го шутне.1. Сопственикот го тиштеле проблеми на приватен план - Добро па како ондак тие проблеми не му пречат да биде генерален спонзор на ФК Ростов?!
Не секој ја дели љубовта према Вардар како нас. Наша грешка е што дозволуваме партиски спонзори и што се ќути со години па на крај кога ќе пукне, пукнато е. Уште поголем проблем е што кога треба да сме гласни, не сме.