- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.166
- Поени од реакции
- 4.736
- Возраст
- 29
Баш ова проверував и јас пред некој ден, никој засега се нема наметнато. Гача има 4 настапи по ред и потоа е префрлен на клупа, Новак има по некој настап ама не е редовен, Жуни има само еден настап, исто толку има и Младеновски ама изгледа овој имал некоја повреда па затоа не играл, мислам дека и Цујо се мачи со некоја повреда па сеуште нема настап во Турција. Али Адем не ни очекував да запише некој настап, а децава што отидоа во Хрватска не играа ни во Вардар па за таму да заиграат, веројатно играат за вторите тимови/младинци. Најдовски, Брда, Тошевски тој им е квалитетот, не се за нешто поквалитетно првенство, едино Тошевски можда можеше подобар трансфер да направи ама ќе ризикуваше минутажа.
Ова доволно кажува на кое ниво ни е лигава, го гледам составот на Ѓорче и плачам кога ги гледам на второ место. Пред некоја сезона во пикот на Вардар и Шкендија колку-толку се подигна квалитетот, сега тотален бродолом се задеси.