Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Голема среќа. Уште фалеше да испаднеме од овие, па после имаше да паднат уште толку.

Голема опомена до Тетовка. Не ми е јасно зошто не беа барем на клупата Мицевски, Најденов, Велкоски.. А Колевски добива одмор по маестралните партии во првенството?
 
Прерано оцени дека мечот е завршен. Ги стави младинците и ни бапнаа одма два гола. Си се пакуваме уште во прво коло, така ми личи. Не дека ќе го освоевме купот и онака :D
Зашто бе друже да не го освоиме. Па уште еден двомеч има до пролет. Сеа ептен Шкендија да не ни падне, ама реално иаме шанси да преживееме со било кој друг противник. После тоа којзнае што ќе биде (не тврдам дека ќе се среди клубот), ама зашто да си ја упропастуваш единствената прилика за трофеј сезонава. А денес малку фалеше да му се удри од глава на Васоски она изведување бесни глисти. Ај и онака почнал со 6-7 деца од 18 години, ама што му требаше да ги вади во исто време единствените поискусни во тимот (Шиле, Петковски, Петровиќ, Мирчевски). Ја не знам некој друг да игра со цел тим младинци, па макар тоа било и против Вардар од Форино. Баш напротив на клинците ќе им се пресечат нозете (кога покрај себе немаат некој поискусен) против такви селски екипи, најчесто составени од батиња преку 30 години. Што и се деси денеска, па од готово ќе се напраеше вересија. Ај шуќур пројдовме... се останато не е вредно за споменување.
 
точно, Купот во систем од еден натпревар до финале е реална можност за секоја екипа да стигне до финале и не треба однапред да се отпишува.

А денес малку фалеше да му се удри од глава на Васоски она изведување бесни глисти. Ај и онака почнал со 6-7 деца од 18 години, ама што му требаше да ги вади во исто време единствените поискусни во тимот (Шиле, Петковски, Петровиќ, Мирчевски). Ја не знам некој друг да игра со цел тим младинци, па макар тоа било и против Вардар од Форино.

Шиле, Фичо и Мики немаат кондиција за цел натпревар, јасно беше уште од почеток дека ќе излезат во второ.
 
Самс нема да го остави Вардар на полусезона... Се враќа на голема врата.
 
Генерално добро одигран натпревар, иако се опуштија на почеток од второ, па можеше да се ставиме во непотребни проблеми. Конкретно Матеј како лабаво го испрати Робсон при голот за 2:1, мислиш дека е да на тренинг, а не во меч за бодови. Кога сме веќе кај Бразилецов, константно не ремети, без разлика дали е тоа со Ѓорче или сега со Беласица, и не ми е јасно како овој играч сеуште не заврши во Вардар.
Инаку убаво се виде дека многу бољи изгледаме без Колевски во тимот и редно време е шушумигава да лета на задна врата. Кога еден Филип Петковски има подобар биланс од него, што повеќе да се каже.
Сеа одиме на гости кај шурите, кои се раздрмани после поразот од Шкендија и треба да се искористи таквата ситуација, па после следува пауза. Вардар знаел да одигра паметно во Битола и верувам дека и овој пат ќе биде така.
 
Во купов се паднавме со Пандевци на гости. Немавме среќа, можеше да ни падне некој второлигаш или пак да игра дома. Сепак, можеше и полошо да ни падне. Шансите се 50-50.
 
Во купов се паднавме со Пандевци на гости. Немавме среќа, можеше да ни падне некој второлигаш или пак да игра дома. Сепак, можеше и полошо да ни падне. Шансите се 50-50.
Баш читав сабајлево дека ги смениле пропозициите за Купот. Немало да има реванши и после 90 минути ако нема победник, одма ќе се иде на изведување пенали?! Од каде сега ова? Преку ноќ ли си донесоа одлука. Убедливо најшверцерска федерација!
 
Одлуката беше донесена пред да почне сезоната. Претпоставувам ради короната.
 
Баш читав сабајлево дека ги смениле пропозициите за Купот. Немало да има реванши и после 90 минути ако нема победник, одма ќе се иде на изведување пенали?! Од каде сега ова? Преку ноќ ли си донесоа одлука. Убедливо најшверцерска федерација!
Од почеток објавија, затоа бев скептик дека би дотуркале до крај :D
Ги сменија правилата поради короната. Можно е полуфиналето да е со реванш само.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom