Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ете ја бомбата :) Не знам само што со долгот и лиценцата за евро-настап, мене ми делува на уште една изгубена сезона.. Инаку, конечно, се надевам овој пат и стварно ќе биде така, затоа што клубот немаше никаква иднина, колку добро што направија толку и го уназадија клубот, време е за нов почеток. Да се надеваме на некои подобри времиња..
 
ПМ сега ќе чекаме од копитото шилегов клуб да ни средува небаре е шанк за алкохол.Толку од овие златни момци ФАЛА ви момци за СЕ !
 
Се повлекува, но остана недоречен дали навремено ќе ги подмири обврските за да се добие лиценца за евро настап.
 
Па вчера Мицковски го најави ова само не кажа толку директно ..

Сака да прикаже дека Самсоненко не е крив и дека владата на Сдсм не помогнала на спортот или Вардар како сакате сфатете и оставила клубот да пропадне ...

И пак секогаш све се дешава пред тие проклети избори ..

Малце ми е чудна ситуацијава , нели Вмро беше убеден дека ке победи и тоа значеше сега да остане Самс уште некој период до избори и ке се знаеше ..
Вака очигледно и Самсоненко не е убеден во победа на Вмро ..

Јас нејќам да мешам политика и нечија страна ама политикава е апла умешана во Вардар , и Самс и Вмро и Сдсм све тоа гледаат свој интерес ..
Пак се покажа дека на Самс не му е битен Вардар , сега клубот оди под град Скопје а Шилегов беше пцуен на прослава на РК Вардар ..
Ситуацијава е хаос , се надевам ке се најде некој спонзор .
 
Своите го зеабаа, барем така вика, ја не верувам многу во тоа дека е клучен фактор.

Останува да видиме сеа што со обврските за кои вика дека ќе ги превземе, што со тренинг кампот, што со помошните кај градски, се што требаше да е сопственост на Вардар а не е, она што требаше да го остави како белег за времето поминато тука покрај ЛЕ.

Град Скопје може да помогне ама далеку од тоа дека би бил амбициозен план.
Треба добар спонзор (не глеам таков моментално во Македонија кој би давал по 2+ мЕУР) и добра управа. Без второто, џабе првото, само ќе се изнаглеаме Бонифачиовци, шнајдери и слични на кои некои ќе прават пари.
 
Што е со инфраструктурата?
И таа оди со клубот?

Сега овие денови ќе се начитаме се и сешто.
У главном клубот има потенцијал само што одередени профитери нема да го оставаат никогаш клубот, секогаш ќе кружаат покрај него, а сега е шансата на многу од нив.
Веројатно многу работи веќе се договрени и планирани само ќе видиме кое сценарио ќе излезе од планираните.
 
Иначе како што разбрав Уефа го пролонгирала рокот за добивање лиценца уште неколку дена , се надевам Град Скопје и Шилегов ке помогнат да играме летоска во Европа ..
Проблем ке биде што Самаоненко должи многу плати и Шилегов може да каже тие долгови да си плати Самсоненко и да бара чиста сметка во клубот .
 
Политика го донесе Вардар на ова дереџе, а вие пак барате спас кај политичари. Да ви се чуди човек на паметот... С.С. што си замина е позитино. Барем ќе знаеме на што сме сега, а не трчи лажи од ден за ден.
 
Шилегов вика дека засега СС сеуште не го вратил клубот на Град Скопје.

Има некои игри, ќе покаже времето.

Иначе до вторник е рокот.
 
Шилегов за Вардар и Самсоненко

Досега такво нешто официјално нема стигнато до Градот. Кога ќе стигне и доколку стигне ќе ја информирам јавноста“, вели Шилегов за СПОРТМЕДИА.

Иначе мое мислење ако веќе се врати на град Скопје е дека Шилегов сепак би помогнал на клубот да биде стабилен .
 
Околу наш Вардар се политика...

Жално!
 
Шилегов за Вардар и Самсоненко

Досега такво нешто официјално нема стигнато до Градот. Кога ќе стигне и доколку стигне ќе ја информирам јавноста“, вели Шилегов за СПОРТМЕДИА.

Иначе мое мислење ако веќе се врати на град Скопје е дека Шилегов сепак би помогнал на клубот да биде стабилен .
Самиот на себе не може да си помогне да биде стабилен, не па на Вардар.
Да биравме полош градоначалник за Вардар, немаше да одбереме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom