Ти се обидуваше да се потсмеваш за информациите за кои ти гарантирав дека се сигурни, не го врти муабетот.
Состојбата во клубот континуирано не е добра и од сите бомбастични најави за подобро утре, не видовме ништо досега.
Наместо групата да се замара со политика, десет пати ќе притисневме да се реши состојбата во клубот. Протести против оваа власт секако треба да има, но тоа треба да биде против сите политичари, македонски протест, сенароден протест воден од Комити. Лош потег за етикетирање, тие што ме знаат, знаат дека сум анти сите политички партии, сто пати повеќе си ја сакам државата од оние што крекаат за наводно десничарската партија во државава. И општо се знае дека во последните години не се согласувам со одлуките на групата (помал акцент на состојбата во клубот, многу политика) жал ми е за безредието кое владее во истата (нема лидер веќе 3 или 4 сезони), што во моментов не се гледа, но ќе се воочи во иднина. Од потезите во минатото, се што беше навивачки едуцирано, си замина од Комити. Со мојата возраст веќе не се ни обидувам да советувам некого за групата, а уште помалку да се мешам во водењето. Си има нови генерации, нека си го креираат својот филм. Сметаат дека се на прав пат, повеќето се млади и стварно се трудат да ја оправат групата. Лично, останав на запад секогаш, си имаме своја екипа од форумов, си навиваме, се дружиме. Ме повлече за јазик со последниот дел од постот. Скоро цела навивачка кариера ми помина во време на прртходната власт. Наместено Кале, апсења за Нерези, за плоштад, апсења на скоро секое гостување, шок бомба, ќотек до посерување, расрурање на цела тифо сцена, Бошко луди алфашите... Долг е списокот. Од аспект на Комита, претходната влада ми го уништи цел навивачки свет, до степен на новава да не и остане ништо за уништување.
Кога некој ти го загрозува планот, најлесно е да го обвиниш дека е противник. Политичката определба да си остане за дома, на трибина сите сме дојдени со иста цел. Барем треба да биде така. Двете партии се исто гомно, не може едните да се навредуваат, а кон другите да постои индиферентност, особено што групата има активни членови кои мноооогу пропатиле од брколинда и компанија.