Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
За следна сезона мора да ги зачуваме Гача,Новак,Манев,Брда,Тошевски,Жуниор,Мицевски,Најдовски,Битанг Аврамовски ..Фелипе изгледа си оди секако ма да и тој не е тоа што беше.На овие да се донесе крило,шпиц и некој место Фелипе плус 2/3 млади за ротација има да газиме.

Sent from my SLA-L22 using Tapatalk
 
Којзнае каков распад систем не очекува наредна сезона, тешко дека можеме да правиме вакви калкулации...
 
После дебаклот од Пандев пред да почне полу-сезонава, мислев дека до последно коло ќе се бори тимов за излез у Европа.
Играва од натпревар у натпревар им е се подобра, има течност на игра од Гачевски се до противнички шеснаесетник каде што фали реализатор.
Одбранава е столб на тимов, Тошевски се подобар а у Жуниор се доби модерен лев бек кој одлично пробива.
За Манев и Новак немам збор, посебно за првиот, се бори за секоја ебаHа топка ко да е финале.
Е сеа нападов нема потреба да се повторуваме, Колевски не е никакво освежување а и Ибиши не двои нешто.
Мои желби за у Вардар а се достапни играчи:
Бобан Георгиев од Силекс, лево крило.
Балотели-шпиц, договор до јуни има у Иран.
Чума Анане(шпиц) од Работнички , го шетаат на позајмици у втора лига Норвешка а има солидно CV, секоја младинска селекција на Норвешка ја има поминато, и докажан играч по нививе наши а плус е што има девојка од Скопје :)
Суад Сахити десно крило- одличен играч, не се снајде у Грција сеа е до јуни у Септември Софија заедно со Глишиќ.
Робсон од Ѓорче -топ би дошол ако Битанг продужи да тоне со формава а и нема да ме изненади да заврши у Вардар.
 
Си кроите планови за на лето, а Вардар ако во најбрз можен рок не ги исплати фудбалерите и вработените заклучно со декември 2018, ќе остане без лиценца за настап во Европа. Самсоненко сосем очекувано го нема никаде според кажувања на лица од клубот. Е, тек тогаш ќе се чудиме што не снашло...
Две различни полувремиња денес.
Во првото полувреме Шкендија не надигра, особено проблеми ни правеше Тотре, па и Агим Ибраими. За среќа Гача на два пати одбрани одлично.
Една опасна акција имавме, кога Цветановски одлично помина по крило и биеше од раб на шеснаесетник, ама Реџепи одби во корнер.
Цветановски е чуден играч. Премногу ја држи топката, во 50% од случаите детето се враќа накај нашиот гол и ја губи топката, по што противникот ни прави шанса. Во голем дел од случаите не додава навремено и ја заглавува топката, по што пропаѓа можноста за шанса. Но, да се спомене дека од сите наши играчи од нападот, тој е најбрз и поради тоа од време на време имаме корист од него. Треба многу да се работи со него за да стане просечен играч за македонска лига. Вака делува како некоја шушумига на терен. Фелипе беше на раб да му врзе една, во една ситуација кога доцнеше со додавање и на крај ја изгуби топката. Во одбрана е бескорисен, Ибраими на два пати го сецна, го посрамоти.
Втор играч кој би го издвоил е Најдовски. Дечкото е скаран со играње со топка. Влегува бескомпромисно, краде топки, игра пожртвувано, но кога ќе ја земе топката задолжително следува лошо додавање или неуспешен дриблинг.
Тука би го ставил и Мицевски со играта топло-ладно. И тој игра пожртвувано и агресивно, но не е вистинскиот играч кој ни е потребен во средината.
Ова се три играчи кои имаат добри и слаби страни, но и покрај тоа веројатно е неизбежно да играат од почеток на натпреварот. Поради нивната половичност, ни недостасува тој квалитет за да ги добиеме средбите со посилните противници.
Манев и Новак играат одлично во рамките на можностите, Тошевски не е лош во последно време, а денес и Жуниор имаше добра партија.
Во второто полувреме ги искинавме, направивме многу акции имавме и шанси, но одново немаше кој да даде гол.
Жуниор беше играч на полувремето. Дефинитивно може да понуди повеќе како офанзивен бек, мора да се направи некаква тактика во која тој ќе биде поистурен.
Фелипе одигра колку што сака. Имаше добри моменти, но се чувствува неговата недоволна физичка подготвеност. Имаше една опасна позиција за шут, но ударот му беше очаен.
Лира денес ни беше најопасен играч во нападот. Скоро секоја долга топка успеа да ја добие, извади корнери, а ги имаше и најдобрите шанси.
Во шансата кога биеше со глава, имаше чист пенал. Да паднеше место да шутира, сигурно ќе свирнеа пенал. Беше пред дефанзивецот на Шкендија, а овој го влечеше со две раце од позади. И на спротивна страна имаше една сомнителна ситуација, но судијата не свирна пенал.
Лира може да биде корисен, но не како осамен напаѓач. Него му трееба да има некој класа играч до себе, како Барсегјан на пример. Да му спушта топки и слично.
Штета што ни требаше цело полувреме за да се осоколиме да нападнеме, а уште поголема штета што не влезе ударот на Манев на крајот, да си го направевме меракот и да ги добиевме еднаш годинава. Голема борба имаше на теренот, нема што да се замери, одиграа колку што можат.
Мицевски и Најдоски во еден јак Вардар реално би биле само играчи за ротација. Нас ни треба везњак од калибарот на Спировски што беше, ама илузорно е за тоа во овој момент да се зборува...
 
Си кроите планови за на лето, а Вардар ако во најбрз можен рок не ги исплати фудбалерите и вработените заклучно со декември 2018, ќе остане без лиценца за настап во Европа. Самсоненко сосем очекувано го нема никаде според кажувања на лица од клубот. Е, тек тогаш ќе се чудиме што не снашло...

Мицевски и Најдоски во еден јак Вардар реално би биле само играчи за ротација. Нас ни треба везњак од калибарот на Спировски што беше, ама илузорно е за тоа во овој момент да се зборува...
Мицевски е одличен играч ако до него има добар ДМ. Најдоски трча, се бори ама со топка врска нема, од 10 паса вчера 8 утна. Мицовски е Крос тип на играч, ретко греши пас и има малку изгубени топки, ама затоа дефанзивно малку помага.
 
Кога веќе е дојдено до ваква ситуација, што е до мене подобро да останеме без лиценца за наредна сезона и да се разреши цела багра на чело со Самсоненко. Полошо не може, а и неизвесноста убива. Ваков Вардар што не може гол да даде уште помалце акција да креира, не ни треба. А, секако после дожд иде сонце. Сум кажал и ќе кажам пак, Самсоненко не е единствен и Вардар бил и ќе биде поголем од сите спонзори и сите поединци што мислат дека ќе го уништат Вардар со вакво раководење.
 
Сите знаеме дека Камчев е главен лик во Вардар, во соработка со Самс. Ама Орце се шлакна откако решија да го затворат и направи хаос со сите фирми оод негова директива. Ги задолжи огромен дел од нив, вклучувајќи и бизниси во кои Самс му е главен партнер. Така што, двајцата се толку заглавени што Вардар им е на дното на листата на рабити кои треба да ги средат. Иднината е неизвесна и јас мислам дека не чека тотален колапс наредна сезона.
 
Сите знаеме дека Камчев е главен лик во Вардар, во соработка со Самс. Ама Орце се шлакна откако решија да го затворат и направи хаос со сите фирми оод негова директива. Ги задолжи огромен дел од нив, вклучувајќи и бизниси во кои Самс му е главен партнер. Така што, двајцата се толку заглавени што Вардар им е на дното на листата на рабити кои треба да ги средат. Иднината е неизвесна и јас мислам дека не чека тотален колапс наредна сезона.
Од семејна фирма на Камчев е подигнат кредит во Комерцијална Банка за отплаќање на долговите во јануари. Во висина од милион евра. Што значи пари во Вардар нема. За ништо не се плаќа, им се должи на сите надворешни комитенти, дури мислам дека ни за користење на стадионот во Маџари не е дадено ништо. Добар дел од нив више си подигнале судска постапка против Вардар, а некои си наплатиле преку извршители.
 
Sto se sekirate ke dojdat Bugarite na leto ke ne spasat i taka sega oni pocnuvaat ekonomska ofanziva vo Makedonija. Vitalnite biznisi ke gi zemat kako sto pravea Grcite na vremeto. :)
 
Мицевски е одличен играч ако до него има добар ДМ. Најдоски трча, се бори ама со топка врска нема, од 10 паса вчера 8 утна. Мицовски е Крос тип на играч, ретко греши пас и има малку изгубени топки, ама затоа дефанзивно малку помага.
micevski e klasicen destruktivec so slaba igra vo ofanzivata, ne se lazi so toa so dodavanjata, fintata e sto retko rizikuva, igra recisi samo sigurni pasovi bez kreativnost znaejki deka ne e sposoben za povise. najdovski igra podefanzivno kaj vardar bidejki e uste podobar vo defanzivniot del, inaku fudbalerski ne e nisto poslab od micevski, samo sto najdovski igra so povise hrabrost pa i povise greski pravi. na vardar pre im treba kreativen DM odnosno CM.
 
Никој ништо да пише за денеска?
Од стрим што фатив 2ро полувреме, ова е најдобрата игра до сега.
За некој акции топката идеше ала Барса.
Голманот на Ренова животна партија пружи, најмалце уште 3 требаше да прими од вкупно 6-7 зицери, Манев дури и од гол линија промаши.
Тошевски, Манев и Жуниор пак издоминираа.
Очигледно тренесково трио одлично го скоцкал тимов.
Аврамовско враќа форма, се гледа дека некогаш играл фудбал.
Не знам како ќе тера Сергеј натаму, ама најпаметна одлука што го напушти целосно "спортов" ракомет, и се надевам дека ќе го задржи костуров на тимов.
 
Ако остане Сергеј само во фудбал, тоа веќе ќе биде нешто. Доста со ракомет, сепак фудбалот е она правото.

Второ место осигурано, така да очекувам мирна завршница.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
Реализација нула, можеа комотно петарда да им шибнат.Манев е ѕвер за у нашава лига, мува не му помина. Само поради одличната одбрана сме на второ место иначе ќе се боревме да избегнеме бараж.
Со веќе обезбеден настап у Европа останува да видиме што ќе се случува околу клубот.
 
Ќе се чека политичка разврска, па после ќе се одлучи.
Дур не легнат парите од Уефа за настапите ова лето што ќе следат, не мрда човекот. Тоа значи дека до септември е сигурен.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
Мицевски одличен вчера, супер игра има веќе 3-то коло по ред, ако ништо друго барем е интересно за гледање, сега кога веќе не се бориме за ништо :D Фелипе е далеку од тоа што беше за нас пред година-две, физички ми се чини дека е пропаднат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom