Единствено се сложувам дека Филип Најдовски е добро засилувње.
Реалноста е дека тие репрезентативци кои ги имаме ние или сакаме да ги донесеме не се најдобрите од репрезентацијата. Да се напалиме ако сме го донеле Трајковски да речеме или Барди или Ристовски, па дури и Пандев во поодминати години, а не на Кирче Ристевски. И Шиков цел живот играше во странство, па остана тешка цепеница цела кариера. Величе Шумуликоски е уште еден пример за тешка каменина што цела кариера играл во странство.
Тој Ристевски ми е преантипатичен играч, синоним за дрветино кое игра во репрезентација затоа што нема подобри. Воопшто не ми се допѓа неговиот ангажман. Не ми се допадна ни во Работнички кога играше, а претходните клубови секако не му се на завидно ниво, освен ако Албанскта лига не ја сметате за некое мерило. Не дека е лошо засилување, ама не е нешто што би те зголицкало да речеш „Е, стварно сме тргнале да правиме конкурентен тим за прво место“. Не можам да прежалам дека Вардар загуби играч како Мијушковиќ во минатото. Вардар го загуби Муслиу кој прерасна во топ дефанзивец, го загуби Грне како икона на клубот од понова доба, а сакаме да надоместиме со Кирче. Не ми оди некако...
Бомба е да речат го земавме Ибраими во нападот или Хасани во средината, сме го вратиле Костовски, сме потпишале добар играч од околниве лиги, некој солиден Бразилец или нигер.
Кој ќе ни ја води играта во средниот ред? Битанг е повеќе со дефанзивни задачи, сите други играчи ги изгубивме. Да не чекаме од Исени да биде креатор на шанси? Македонија ЃП со Настевски има подобра средина од нашава

Атанасов им бил скап играч, епа ќе биде скап играч кога сакаш БЕЗ ПАРИ да носиш играчи цело време. Го носиш за некое евро плус, после го продаваш за повеќе, чист бизнис.
Се сеќавате колку полемизиравме за триото од Пелистер кое го донесовме на зима?
И тогаш се палевте на овој начин, па ги видовме каков учинок имаа пролетва. Друг проблем е што клубот нема никаков план, нема тренер, купија млади играчи, а никаква шанса не добија истите, враќаа во прв тим веќе суспендирани играчи кои знаеа дека ќе си одат итн.
Планираат да играат со некои млади играчи кои не се испробани, а низ годиниве покaжавме дека чим се јави интерес за нив, не знаеме да ги задржиме. Дај боже да состават некој солиден тим, ама без стара коска ништо не правиме.
п.с. види го составот што е напишан погоре. Дали треба да се радуваме на таков состав на Вардар? Солзи сами капат, прости ми...