Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Втора шанса за Охеда и сеа ко за беља ќе им даде гол на бугарите и овие нашиве ќе го потпишат [emoji51]

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
Neznam zoshto ne zemat igrach na gotovo od pobliskive ligi, makar i mu go otkupile dogovorot za 100-200 000 evra, ne vaka da odat na neprovereni kako Ojeda..
Друже, ситуацијата во клубот е таква да незнаат кај им е главата. Многу опструкции од власта, старата бега од СС, а овој не му е баш до фрлање пари.
Правата слика ќе ја видиме во мај/јуни.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
Нека макар донесат Шпанец од трета лига ....Како му беше името на оној шо беше во Вардар,салата праеше .
 
Хименез [emoji6]

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
Сеа му глеав статистика,еден обичен Шпанец третолигаш на вкупно 40 утакмици за Вардар,имаше 20 асистенции ....

Bc4YIOf6RKiT3wd3X15yXg.png
 
Хименез растураше таа сезона во Вардар, имаше се што треба, не знам зашто го пуштија
 
1:0 заврши дуелот со Берое, голот го даде Бериша.
 
Кога тепаме никој не пишува :D Немаше некоја течна игра, ама далеку постабилни и поорганизирани денес, барем според мене. Вања и Глигоров делуваа далеку подобро еден покрај друг, отколку да играат сами како последен играч за врска. Фалеше Фелипе пред нив, овој Оханда може уште одма да го пуштат, во Исени има мноогу повеќе фудбал од него, а со Фелипе веќе ќе биде скроз друг муабет. Не играа ни Барсегјан и Максимов денес, па шанса доби Попзлатанов во прво на крило, и реално не покажа ништо, се мачеше да одигра било што и да задржи топка. Во второ, Бериша си ја искористи шансата, и по една добра акција постигна гол, има солидна техника и брзина детево, само има доста да учи и да се развива, пред се на тактички план. Шиле стандардно, солиден си е, а при крај шанса доби и Цветановски, доста борбен во секој дуел, напред не покажа којзнае што ама па и не напаѓавме нешто многу. Цело второ полувреме го изигра и Бојан Колевски како шпиц, и според мене беше океј, подобар од Стојков во прво, добар е со топка, знае и да проигра, само треба трпеливо со младиве, неискусни се сепак.
Очајно фали лев бек, Глишиќ беше најлошиот поединец на терен, и имаше барем 3-4 грешки кои можеа да не коштаат примен погодок, изгубен е тотално, обавезно мора да се засилуваме на таа позиција, и не знам зошто толку запнале за крило/офанзивец, според мене подобро е да се донесе засилување во дефанзивниот дел од средниот ред, напред ги имаме Тигран и Шиле, а шанса би им дал на младиве Цветановски, Попзлатанов, Бериша, Колевски, секако мора еден у21 како стартер. Едино ако постојат некакви шанси за Ѓорѓев, да пробаат некако да го донесат, што не ми се верува баш..

П.С. Многу повеќе борба и жар имаме за игра со вака подмладен состав, младиве гризаат за секоја топка, а тоа се пренесува и кај другите автоматски. И имајте во предвид дека се ова припреми, како за нас така и за останатите екипи, па често противниците знаат да играат многу висок пресинг дури и 90 минути поради бројот на измени дозволени, па не може да се развие којзнае каква игра
 
Прегледите на Густаво покажале дека бразилскиот фудбалер за врска има проблеми со срцето, па вардаровите лекари се чуделе како воопшто тој досега добивал дозвола да игра професионален фудбал, сооглед на големиот напор на кој се изложени професионалните фудбалери. Поради тоа, Густаво и си заминува од Скопје, иако веќе имаше договорен едно ипол годишен договор со опција за продолжување и поради брзината и добрата техника требаше да биде засилување за средниот ред на црвено-црните.

Тој е вториот Бразилец кој во „пет до 12“ не потпишува со Вардар, откако првата опција, крилото Јаго Силва се пишмани и реши да не дојде во макеоднскиот шампион, иако и неговото доаѓање беше извесно.

Поради ова, вардарци сега продолжуваат в потрага на исклучиво квалитетни фудбалери кои ќе го засилат тимот, откако зимава дојде триото од пелистер Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветановски, како и голманот Филип Илиќ.

Инаку, Аргентинецот од Ривер плејт, Лукас Охеда не ги задоволи вкусовите на стручниот штаб, па тој ќе се врати во татковината, затоа што не е квалитет за црвено-црниот дрес. Охеда денеска играше и на втората контролка со бугарски Берое, а играше и на првиот меч со узбекистански Пахтакор.

Од друга страна, првата виолина на црвено-црните Фелипе од денеска треба да им се приклучи на вардарци и да ги почне подготовките. Бразилецот доцнеше на подготовките со приватни причини, но тој есеноска ги одигра сите 33 меча за вардарци и пропушти едвај 54 минути на мечевите на трите фронта.

https://sport1.mk/fudbal/domashno-p...ite-zimava-gustavo-padna-na-pregledite-poradi
 
Глишиќ катастрофа подитно мора да се донесе лев бек,крило и dmf.Како dmf оваа сезона може да истуркаат Вања и Глигоров ама лев бек и крило мора под итно да се носат.Искрено верувам дека ќе се донесат барем уште двајца играчи што ќе го дигнат квалитетот на тимот барем и според најавите на спорт1.Инаку денес добра игра горе долу младинците претежно се ок и треба да им се дава шанса во втората полусезона.
 
друже, за пари секаде ќе дојдат. па Ето во Узбек факинг стан отиде, не па некој просечен Белгиец да дојде на два саати лет во Македонија. дајму добра понуда и ќе дојде. ене во Академија Пандев Италијанец дојде. ако му понудиш повеќе отколку што заработува во Белгија, ќе ти дојде.
Еј, каква споредба ми напраи. Со Ето, кој на 37 години му чуе за кариера праење и за јак кеш би дошол кај мене во маало да игра, и со некој Италијанец што дошол од Серија Д?! Такви пациенти од кај сакаш ќе донесеш. Муабетов е дека Вардар не може талентите од Македонија да ги задржи, а камоли да носи од Белгија, чија лига ја имаат на радар најмоќните светски клубови![DOUBLEPOST=1516729495][/DOUBLEPOST]
Глишиќ катастрофа подитно мора да се донесе лев бек,крило и dmf.Како dmf оваа сезона може да истуркаат Вања и Глигоров ама лев бек и крило мора под итно да се носат.Искрено верувам дека ќе се донесат барем уште двајца играчи што ќе го дигнат квалитетот на тимот барем и според најавите на спорт1.Инаку денес добра игра горе долу младинците претежно се ок и треба да им се дава шанса во втората полусезона.
Се ми се чини на крај нема никој да донесат. Колку пари, толку музика...
 
Последно уредено:
Тревава у Турска е вештачка или природна?
За еден коњ Вања прашуам, треба да пасе. Човече грло го здоболе Јаневски од дерење по него. Основни елементарни познавања од фудбал нема... Знам на два пати му легна добро, и постигна два гола... али у амерички фудбал, 20м над гол.
Ривер Плата, ај што нема никаква креативност па и прием на топка има ала покераш. И нормално неизоставен дел е најсилната карика у тимот Дарко Инстаграм Глишиќ.... бугарчињава го избушиа у стилу "дувна ветре развигорче"...

Обично сум воздржан за критика, ама дечкиве толку добри мотиватори се... алал вера.

Е второ полувреме коа влегоа младинциве дадоа до знаење дека треба неколку првотимци да се загрижат за нивниот статус у прва постава... околу голот што падна, 80% е реализација на Брдаровски, го истрча пола терен и од прва го најде Бериша , а малиов реализираше рутински како да е сениор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom