Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Секоја чест за Седловски ама има уште фурни леб да јаде за да го стигне Јаневски. И мислам дека Јаневски е прав избор за овој европски Вардар.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Уште не можам да поверувам дека утре од 13:00 Вардар ќе учествува во ждрепката за групната фаза од ЛЕ. :D Пишав неколку пати дека групите оваа година во ЛШ/ЛЕ нема кај да бегаат, но ова е нешто што не се опишува со зборови у пм ... :D Ме јадеше нешто од внатре дека годинава ќе успееме, истото она чувство кое што го имав кога се пласираше РК Вардар на Ф4 и кога бев 99,9% сигурен дека лапаме титула само ако го избегнеме Веспрем кој важеше за најслаба екипа во таа четворка. Претходно за ракометот си мрчев нон-стоп дека нема ништо од Ф4, но подоцна нешто од внатре ме натера да го сменам мислењето. :rolleyes: За утакмицава само ќе кажам секоја чест за сите што учествуваа во истата !!! Вака дисциплинирана игра во одбрана не памтам од кога немам гледано. Ова е поставеност и залагање на терен од кое што може да учат и најголемите европски екипи, а притоа мора да се спомене дека позади недостасуваше и командант Грнчаров со кој што одбраната е за едно ниво подобра, иако денес неговото отсуство беше и повеќе од добро пополнето. Општиот впечаток ми е дека Фенербахче не би не елиминирал и да се играат 10 утакмици во Турција. Не дека ние сме поквалитетни (далеку од тоа), но турциве се тупаџии до тој степен што Пеп Гвардиола може да им позавиди. Баш пред некој ден на другар му реков дека Фенер со истата игра од Скопје и тактика да влезат со се топка во гол ќе се изнамачи против Вардар за сите пари и на крај така и испадна. Да не му паднеше на тоа копилето топката на нога после корнер ќе завршеа со 0 голови во двомечов, но мора малку и они да се порадуваат he he. :angel: Од кога поведоа они и од кога ние израмнивме следуваше моментот (или моментите) кои мене најмногу ми направија мерак, а тоа нормално дека е водството на Вардар од 1:2. Јас многу ретко се задоволувам со некои работи па колку и да се истите добро направени, но за овие 1:2 нема простор ни за најмало мрчење. Искрено ќе ми беше криво ако завршеше 1:1 затоа што се виде дека имаме простор со двојна победа да елиминираме фудбалски гигант како Фенербахче, а на крајот се покажа и дека тие 1:2 можеа многу лесно да бидат и 1:4 ако имавме повеќе среќа/концентрација во завршницата од нападите.

Што се однесува до утрешната ждрепка искрено го посакувам Милан во група со Вадар, би било тоа посебен момент за мене. :pipi:

Rz3Gr4l.png


Пробната ждрепка верувале или Не од прва ми го даде Милан во група со Вардар, па се надевам дека и утре така ќе биде. :D Ако гледаме само од вардарова страна тогаш најдобра ждрепка за нас би била Копенхаген од прв шешир, Бате или А.Виена од втор и од трет шешир Розенборг, Шериф или Партизан. Во ваква група богами ќе може да се прави муабет и за пласман во нок-аут фазата. :cool:
 
Koj ke ni bide utre pretstavnik na izvlekuvanjeto?
Cisto onaka od ljubopitnost prasuvam,sto mislite...
I, da dobra nok vardarci,makedonci,kade i da ste, pa na pladne koj saka neka padne.Neka mu ja mislat nasite eventualni protivnici.
 
Ало, Кочоман колку гола ќе му дадете на Вардар ?
Оh, wait :D

Браво за Вардар, дефинитивно оваа 2017 е ваша. Има некоја симболика, 70 години постење европски првак у ракомет и групи у ЛЕ.

Искрено, немам некое претерано добро мислење за Чеде као тренер, али утакмицава је постави за медаља. Ај тоа на страна, него и психички ги спремил играчите добро, па за среќа не проработе македонскиот синдром како во Копенхаген.
 
Бранче (Нова): "Валбуена ќе го гледа Вардар во групната фаза преку малите екрани" ХАХААХАХАХАХААХХАХА дупи си гииииии... Не го слушнав прееска од еуфорија, сеа забележав.
 
Јас сега на репризава видов дека последните минути Фенер кога идеше у напад нивните ги исвиркуваа цело време, а на нашиот втор гол имаше и што аплаудираа. Прееска не го забележав тоа у кафана беше превртување маси. :D
 
Јас сега на репризава видов дека последните минути Фенер кога идеше у напад нивните ги исвиркуваа цело време, а на нашиот втор гол имаше и што аплаудираа. Прееска не го забележав тоа у кафана беше превртување маси. :D
У еден момент и дел од навивачите на Фенербахче на секое наше додавање извикува олеее.. :icon_lol:
 
Да, аплауз добија од турците за вториот гол и кога правевме измени исто.
 
Солзи сами капат, трепери гласот, срцето бие силно... Вардаре мој, на радоста и нема крај.

Овие момци ќе бидат вечни, бесмртни, ќе ги спомнуваат генерации и ќе бидат испишани со златни букви.

У п.чку матер, уште не ми се верува... Вардар во Лига европа!!!
 
Се уште не можам да си поверувам, Вардар ќе го гледаме уште минимум 3 пати во Скопје во рамки на Лига Европа главен турнир и уште 3 пати надвор од Скопје низ квалитетни преноси.
Елиминиравме екипа со доста висок коефициент, мислам дека беше околу 70 т.ш. по овој ранкинг е екипа топ 5 во Лига Европа. За разлика од реваншот во Копенхаген, имавме доста среќа и на двата дуели, но секоја чест за момците кои изгинаа во секој дел од секундата и на двата дуели против Фенер.
Јас лично сакам некоја просечна група, нека биде најлесна што може, верувам дека стадионот ќе биде исполнет на сите 3 меча, без разлика од атрактивноста на противникот.

За крај, потсетете се на сите шанси од денешниот меч, овој highlights ги содржи сите шанси и на обете страни и снимката е совршена, со француски коментатор. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom