Уште не можам да поверувам дека утре од 13:00 Вардар ќе учествува во ждрепката за групната фаза од ЛЕ.

Пишав неколку пати дека групите оваа година во ЛШ/ЛЕ нема кај да бегаат, но ова е нешто што не се опишува со зборови у пм ...

Ме јадеше нешто од внатре дека годинава ќе успееме, истото она чувство кое што го имав кога се пласираше РК Вардар на Ф4 и кога бев 99,9% сигурен дека лапаме титула само ако го избегнеме Веспрем кој важеше за најслаба екипа во таа четворка. Претходно за ракометот си мрчев нон-стоп дека нема ништо од Ф4, но подоцна нешто од внатре ме натера да го сменам мислењето.

За утакмицава само ќе кажам секоја чест за сите што учествуваа во истата !!! Вака дисциплинирана игра во одбрана не памтам од кога немам гледано. Ова е поставеност и залагање на терен од кое што може да учат и најголемите европски екипи, а притоа мора да се спомене дека позади недостасуваше и командант Грнчаров со кој што одбраната е за едно ниво подобра, иако денес неговото отсуство беше и повеќе од добро пополнето. Општиот впечаток ми е дека Фенербахче не би не елиминирал и да се играат 10 утакмици во Турција. Не дека ние сме поквалитетни (далеку од тоа), но турциве се тупаџии до тој степен што Пеп Гвардиола може да им позавиди. Баш пред некој ден на другар му реков дека Фенер со истата игра од Скопје и тактика да влезат со се топка во гол ќе се изнамачи против Вардар за сите пари и на крај така и испадна. Да не му паднеше на тоа копилето топката на нога после корнер ќе завршеа со 0 голови во двомечов, но мора малку и они да се порадуваат he he.

Од кога поведоа они и од кога ние израмнивме следуваше моментот (или моментите) кои мене најмногу ми направија мерак, а тоа нормално дека е водството на Вардар од 1:2. Јас многу ретко се задоволувам со некои работи па колку и да се истите добро направени, но за овие 1:2 нема простор ни за најмало мрчење. Искрено ќе ми беше криво ако завршеше 1:1 затоа што се виде дека имаме простор со двојна победа да елиминираме фудбалски гигант како Фенербахче, а на крајот се покажа и дека тие 1:2 можеа многу лесно да бидат и 1:4 ако имавме повеќе среќа/концентрација во завршницата од нападите.
Што се однесува до утрешната ждрепка искрено го посакувам Милан во група со Вадар, би било тоа посебен момент за мене.
Пробната ждрепка верувале или Не од прва ми го даде Милан во група со Вардар, па се надевам дека и утре така ќе биде.

Ако гледаме само од вардарова страна тогаш најдобра ждрепка за нас би била Копенхаген од прв шешир, Бате или А.Виена од втор и од трет шешир Розенборг, Шериф или Партизан. Во ваква група богами ќе може да се прави муабет и за пласман во нок-аут фазата.
