Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Мислете си... џабе се ситите пак ќе бидеме шампиони. Пак догодина ќе прашувате за карти за квалификациите каде да купите.
Од моја перспектива нема никаква промена да се деси после сезонава. Најавувањето за заминување на Самсоненко само значи дека ќе ја немаме фацава што глумеше газда од наредна сезона. Веројатни се две сценарија, ќе видиме друга фаца со иста функција, или ќе дојдат до израз вистинските луѓе што се криеа позади Самсоненко.
На толку инвестирани пари ова нема да пропадне сигурно.
Кога сме кај промената на власт и ситуацијава и тоа се приметува веќе 3 сезони. Премногу сме мали и небитни за да дојде некој ангел русин и да прави империја во Македонија. Јас не видов овие 3 години Комити да влезат во ринг со Самсоненко и Вардар така да постот горе на ѓорчевецот ми нема врска. Сега ќе почнам да пишувам од аспект на тоа како јас се осеќав периодов а верувам и многу од тие што одеа на Вардар го мислат истото. Значи мене ми пречеше обидот да се продава партија преку Вардар. Спот за избори, Јане стана центар за партиски собири, за доброто на соживотот се ќутеше кога нашите јадеа ќутек во Тетово, еднаш не добивме поддршка во моментите кога Комити јадеа ќутек без причина од полиција и најмногу од се што користеа луѓе од таа петта управа за обезбедување на натпреварите. Апла беше ова влечење по нос башка што беа редовни послушници на ФФМ кои го доуништија фудбалот со термините во вторник во 1ч.
Со оваа партиска управа немаше разбирање според мене и што побрзо дојде до промена побрзо ќе го прбродиме периодов и така на политички план овие другиве имаат свои 5 минути кои не ги користат како што треба и затоа ќе траат баш како што пишав 5 минути (ако некој ме прати знае колку сум гневен на претходниве така да ова не е од политичка перспектива пишано туку од преку к.. и од тие и од тие). Така да после тие 5 минути пакќе биде иста ситуацијата и не се глупи да го остават Вардар во лоша ситуација и после пак се од почеток.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Се слагам со Димче ..
Не треба толку да се жали за фудбалов и Самс ,(за ракометот неам зборови Евр Шампион секоја чест) он даваше премногу пари али имаше глупи луѓе во управа , а тоа е многу битно во еден клуб ..
Све партиски се вработија , маркетинг нула , играчи нула ..
И вака да се тераше не значеше ништо додека Самс не застане и каже стоп и да се стават асални луѓе а не Симев, Спасовски и други ..

Вардар неможе да се врати да биде без прашак , прво нема долгови и има база и академија ..
Ни треба човек кој ке биде далеку од политика иако тоа е многу тешко , али во глобала тоа е тоа што кажа Димче
 
А кој сме ние да судиме за нечија позадина... Арапине од ПСЖ што испукаа 220 милиони за циганон од Бразил немаат сумљива позадина, во Премиер лига се убија од перење пари, па ене гледам ги испопикаа по затвори газдите, ич не им е гајле на Британците, само да се вртат парите кај нив. Јбг, тоа е, никој не дава милиони од љубов, дај олабајте малце.
И преку к** од порталиве ко Екипа, им го читам преносов во живо, како да уживаат во тоа што шпониве доминираат.
Тоа прашувам, кој го осуди него и неговата позадина? Приказната за македонскиот абрамович си пројде глатко во македонската јавност и покрај многуте нелогичности во приказната.
Ја неам сретнато критика кон самсоненко и неговите вложувања се до вчера, а и да има сигурно 10 пати повеќе притисок изеле арапите во псж.
 
Denes pickitw igraa kako da ne smeea da sutnat na gol na skendija.
Ma neka si ide koj saka od klubov preku takvoti veke od igri i kombinacii. Bolje slab ama cist fudbal odkolku vakvo sminkanje demek kojznae kolku sme jaki nie na tolku falenje i glumenje kojznae so ne sme ni u 10 ekipi na balkanov.
 
Штета што сме во овој тотален хаос во кој што се наоѓаме. Испуштивме златна шанса против Копенгаген кој во Данска лига не знае да победи, еве и денес ремизирале на домашен терен со Хорсенс 1-1. Иста е причата и со Фенер кој (се измучи со Штурм минатото коло, а денес ремизираче 2-2 на гости со Ѓезтепе) кој иако има неколку фудбалски имиња не е екипа која не може да биде елиминирана, секако во некои подобри времиња кога ние би имале навреме ангажирано 2-3 засилувања и тренер.
 
Шкендија направија растур со картите, голем дел им се продадени иако имаат повисоки цени.
Според информациите на ticketplus, продажбата за Вардар - Фенер не оди нај нај...
 
Шкендија направија растур со картите, голем дел им се продадени иако имаат повисоки цени.
Според информациите на ticketplus, продажбата за Вардар - Фенер не оди нај нај...

епа фенер не е милан


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не е сарказам, реално прашање.
Колевски е нај конструктивниот продукт на младинскиов погон, или со нај енормни пријателски врски од сите останати?? Од тоа вчера што видов, и Алексовски на тоа ниво ќе одиграше у напад.
 
Не е сарказам, реално прашање.
Колевски е нај конструктивниот продукт на младинскиов погон, или со нај енормни пријателски врски од сите останати?? Од тоа вчера што видов, и Алексовски на тоа ниво ќе одиграше у напад.

Ќе дадам мое лично мислење, иако ќе кажам у старт не сум којзнае колку запознаен со младинските категории и што све играчи проаѓаат таму, дечково тек напуни 17, редовно игра за младински репрезентации и редовно дава голови. Прв пат ми падна у око зимава, пред да дојде во Вардар, кога играа селекциите на А-репрезентацијата на Мрме и у21 на Боби пријателска, влезе Колевски во второ, искрено не ни знам како се најде тогаш таму, требаше Кире Маркоски да игра ама изгледа ради повреда овој го викнаа, и изигра одлично. Брзо после тоа го потпишаа нашиве, мислам дека има квалитет и потенцијал, ама сеуште е доста млад, некако и ситен ми е, ама има добра техника мислам и игра со топка. Вчера не требаше да почне у никој случај, го фрлија во оган, а друга работа е што цело прво полувреме, ние не направивме една ебана акција. Може да испадне уште едно во низата деца гурани со сила, ама да не судиме пред време.
 
Хахах како не ви е срам вината да ја префлрате на Колевски,ако влезеше Стојков ке дадеше хет-трик,или ке се влечеше како црево по теренот.
 
Не е сарказам, реално прашање.
Колевски е нај конструктивниот продукт на младинскиов погон, или со нај енормни пријателски врски од сите останати?? Од тоа вчера што видов, и Алексовски на тоа ниво ќе одиграше у напад.
Не е продукт на Вардаровиот младински погон, туку на Металург.
Лани го донесовме на 16 годишна возраст. Рано е да го проценуваме, не е сеедно на 17 години да стартуваш на дерби дуел, во кој тимот влезе во доста незавидна ситуација.
 
@столе , ова е форум и примарна ствар е дебатата нели?! Никој никого не обвини за фијаското од игра вчера, едноставно прашав дали тоа е најдоброто од омладина :)

Фала за одговорите на останатите, само ме интересираше критериумов и заслугите за прв тим-сениори, пошо очигледно од тоа вчера (прв пат го гледам како игра) ако он е најдобротото, што е со останатите.
 
ne igra samo uloga koj e podobar, i pozicijata d vo prasanje. vo mladinskiot pogon gi ima i todoroski i antovski i spored mene momentalno tie se podobri, no edniot e desen bek, drugiot lev bek, a sedlo kako trener sigurno pomalku ke rizikuva vo odbranata odkolku vo napadot, posebno na gosti kaj shkendija.
 
Иначе како што се шират муабети немало да си иде Самсоненко, фирмата основана пред не цели 2 месеци.
20800019_10214064163500717_8347322551905600891_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom