едно нешто не ми е јасно и не можам да (ве) сватам, му требало алиби за да се повлече од вадрар, и ова со јужна му било планот?
демек, девојка ни е сергеј, па сеа како да ни раскине? ќе ми треба баеѓи време некој да ме убеди во тоа. со мирно срце и душа, секој инвеститор (газда) е слободен да си донесе одлука да се повлече, без никаков повод или мотив. не беше далеку времето кога сергеј буквално беше молен "земи не` аман" "земи не` аман". тоа се факти.
сепак вложи доста посебно во инфраструктура, клубот го застана на нозе. веќе има прашак за перење секое коло и не ни е потребен миравци да не спасува.
едно нешто ќе му бидам најблагодарен (ок, европска титула рк фардар е трофеј за нареден век) е што луѓето после 27 години македонска лига, почнаа да купуваат дресови вардар! да ми извинат и дарко панчев, и томовски, и камчев, и гризли, и сите претходни инвеститори /директори / претседатели...вардар беше маалски клуб до пред сергеј.
приказните вардар бил и ќе биде!? (што ќе биде!?, македонски шампион пред 300 гледачи) ...жими таквото во денешен фудбал и парите кои се вртат. без балканска лига и без спонзор рус/арап/кинез (и нивните искучиво прљави пари)... заковани ќе бидеме до 1-2 коло квалификации и калот од нивите по дома, и на секој 10-15 години ќе бидеме блиску на гол до прозал, за бараж. зарем не начукавме 25 години за да сватиме дека нема мрдање од таа судбина? не се тоа 2-3 сезони... четврт век е во прашање. четврк век вардар нема направено фудбалер што дал ЕДЕН ФАКИНГ ЕДИНСТВЕН ГОЛ у топ 4 лиги во европа!
во ред, сергеј за многу работи можеби греши и најмногу ради погрешни луѓе околу него, но големата слика е дека вардар ќе загуби многу. на големата слика ќе се навратиме за 2-3 години, сега за јужна е темата.
пак ќе кажам, цената на картите и јужна му се погрешен потег, исто како што е погрешно да се радуваме дека си оди. без разлика дали му било во план или не. дали ова ни го местел или не. и без ова, вардар губи што си оди. факт од кој нема бегање.
кој сака нека се радува, мене до радување не ми е. да се радуваш дека човекот кој направил сала, тренинг центар и младински центар, остави простории на вардар, кои до пред него не постоеа, е лудост. перел пари!? што сме бе ние агенција за спречување на перење пари? ПОШТЕЊАЧИ у пм! Секој втор човек у скопје (мкд) тешка превара! Меси осуден за затајување, Роналдо го судат, арапски држави купуваат играчи франција слави, - ние сме запнале перел пари кај нас... џанам вардар е древен будистички храм, каде секоја злоупотреба (на пари) е зло за кое нема место. нездрава работа. цела фудбалска индустрија е машина за перење пари, со се фифа и уефа ....ние ќе сме биле поштени, и тоа за туѓи пари.
нека ни е со среќа. не знам што друго да кажам.