Работата е што екипите од големите првенства не се замараат многу за ЛЕ, особено не во квалификациите. Ако не се лажам Вест Хем отпадна од екипа од Малта лани. Ренџерс годинава отпаднаа од екипа од Луксембург. Тоа што се големи имиња, не мора да значи ништо, бидејќи често се немотивирани во овие дуели. Тука имаш и екипи кои сакаат да се истакнат после неколку години без успеси, како што беше Јунајтед лани, како што е Милан сега. И покрај немотивираноста, сепак фер е да признаеме дека квалитативно заостануваме многу спрема поголемиот број на екипи. Тешко би било против Балканскиве екипи, бидејќи они ќе бидат подеднакво мотивирани за пласман во ЛЕ. Екипите од бивша СССР, секогаш играа со полн гас во ова натпреварување. Кога би бирал, би ги посакал Митјиланд. Можеби и БАТЕ Борисов и Австрија Виена. Од непопуларните клубови, би сакал да ги одбегнеме Макаби Тел Авив.