Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Паралелата ми беше да кажам дека не може еден терен на кој се игра едвај еднаш неделно да не може да се одржава, кога овие играат буквално на градилиште.

Кај нас тревникот воопшто не е сменет од кога е поставен, 5 години ако не се лажам, овие го мењаат на една година. Градилиштето е позади трибината, нема никаква врска со теренот. Реалноста е таа, превише е оптеретуван теренот, и мора да има вакви периоди за одржување. Друга работа е, што нашата управа ама баш ништо не може да смени, не зависи од нив дали ние ќе играме на градски или не, ниту пак они го правеле распоредот за да играме со Пелистер преку викенд. Рефлектори на друг стадион во државава нема, освен Струмица, ете тоа кажува колку сме бедни. Во цела држава имаме само еден стадион кој исполнува услови, и максимум уште 2-3 кои можат да сместат гостински навивачи (пред се затоа што имаат 2 трибини), ама и на тие трибините се распаѓаат
 
Сменет беше еднаш. Kлубовите не се криви за тоа што некој ги лапна парите за оддржување, дренажа не се прави со една косилка и неколку цевки за наводнување под теренот.

ВО ОВА ЛЕГЛО, ШАМПИОН СИ СЕДЛО!
 
Последно уредено:
Плукаме цело време и по управа, и по ффм, и по држава и по све, ради тоа шетање од стадион на стадион, ама убаво имаше пишано еден на фејсбук.. Во цела држава имаме само ЕДЕН ебан стадион, на истиот секој викенд има барем една утакмица, некогаш и две (Вардар и Работнички), на истиот игра репрезентацијата на Македонија, на истиот ден пред утакмица на репрезентацијата тренинзи одржуваат нашата и противничката репрезентација, еве сега на истиот игра и младинската репрезентација, и тие ден пред утакмица со 2 тренинга, на истиот летово играа Вардар и Силекс по една утакмица плус тренинзи ден претходно, на истиот Шкендија играа 4 утакмици плус тренинзи претходно, на истиот се одржуваат концерти, и буквално речиси никогаш не е слободен теренот. Тревата е истата што беше поставена пред 5 години, и само вака мора некогаш 2-3 недели да го затворат и колку толку да го одржуваат и да го оправат. Сегде низ Европа тревникот се менува еднаш годишно, ама таму не го користи цела држава стадионот, и летно време се користи за одржување, кај нас единствено слободен период може да има јануари-февруари, ама тогаш не можеш ништо да правиш ради ладното време. Епа се додека нема услови, нема да има ни фудбал, ни тифо движење, ни спорт.
Океј и ова држи вода. Ама немој да ми ги браниш ФФМ за термините те молим. Распоредот е апла местен последниве 3-4 години, од авион се гледа. Па не може секоја утакмица меѓу Тетекс и Шкендија до лани да биде или прво коло, или у сред недела од 1 саат. Не може истото да се дешава само на Вардар - Пелистер, на Вардар - Шкендија. Увек овие три утакмици се или прво/второ коло додека се сите по одмори, или у сред недела во ран термин.
Факт е дека Илчо краставиот и ФФМ не сакаа публика. Ги заболе нив за публиката. Што помалку луѓе идат по стадиони, толку помалку ќе гледаат какви све местенки се прават и какви судии се делегираат за утакмици.
Значи ова е практика последниве 3-4 години, не е од вчера и нема шанса да се случајност. Е сега тоа што македонците не идат по стадиони и да им се погоди све од горе-наведеното, тоа е друг проблем и за тоа никој не ни е крив.
 
Реков дека на терените во Маџари и Ѓорче која било екипа може да ни скине бод така и испадна,лошиот терен,слаба мотивираност кај играчите и тоа е тоа,Пелистер беа поборбени и повеќе заангажирани на терен и си ја остварија целта...Иначе ме изненади бројката на Комити,за среда од 3 часот на стадион во Маџари и покрај многуте разочарувања во последниве денови,бројката беше над очекуваното и навивањето солидно.Среќа што и Шкендија киксна!
 
Не е до теренот, до играчите е и до тренериштето !
И у Тетово ли до теренот беше, една мочана Ренова час по фудбал ни одржа....
Значи освен против Шкендија, до толку да не се мотивирани против другиве екипи тоа чудо едно е. Се изнапромашивме во прво, во второ после дадениот гол се влечеа по терен, мизерија. Среќа што не ни закачија уште еден гол. Абе на тие плати што ги зимаат, тие припреми што ги имаат,услови за тренинг треба да гризат по терен, да не им дадат да дишат на противниците уште од старт. А не да се куропецаат по терен и да се движат ко баби на пазар. А у секое интервју знаат да зборат колку модерен тренинг центар имале незнам ти што.... Кај се ефектите од тоа, кај се резултатите ?! Ептен се накурчив, стварно не вреди да издвоиш неколку саата од денот да идеш да ги гледаш овие бараби. Па уште будала ја од работа ќе барам да ме пуштаат порано, па и такси до Маџари...
 
Фелипе е невидлив на терен во последно време и мислам дека тоа е главна причина за криминално лошата игра на последните три натпревари, не игра и Хамбарџумијан и толку е од нашата игра, нема кој да повлече во напад и да направи акција. Не знам што се случува со Глигоров, еден од најстабилни играчи ни беше, а во последно време има повеќе потези за најсмешни инсерти отколку што прави нешто корисно на терен.
Барсегјан е најголема мистерија во моментов, мислам дека ни самите не знаат што повреда има човекот и колку му треба за рехабилитација, затоа не ни има некои новости околу него. Со него на терен би требало да бидеме комплетни и скоро сигурен сум дека така титулата е наша.
 
Океј и ова држи вода. Ама немој да ми ги браниш ФФМ за термините те молим. Распоредот е апла местен последниве 3-4 години, од авион се гледа. Па не може секоја утакмица меѓу Тетекс и Шкендија до лани да биде или прво коло, или у сред недела од 1 саат. Не може истото да се дешава само на Вардар - Пелистер, на Вардар - Шкендија. Увек овие три утакмици се или прво/второ коло додека се сите по одмори, или у сред недела во ран термин.
Факт е дека Илчо краставиот и ФФМ не сакаа публика. Ги заболе нив за публиката. Што помалку луѓе идат по стадиони, толку помалку ќе гледаат какви све местенки се прават и какви судии се делегираат за утакмици.
Значи ова е практика последниве 3-4 години, не е од вчера и нема шанса да се случајност. Е сега тоа што македонците не идат по стадиони и да им се погоди све од горе-наведеното, тоа е друг проблем и за тоа никој не ни е крив.

Не не, погрешно си ме сфатил, у никој случај не ги бранам ФФМ, они се највеќе криви за ова што се дешава у фудбалот сега, милион потези имаа кои само ја бркаат публиката од терените. Само ме нервира кога се пцуе по секој и секого, а во случајов не е ни до ффм, ни до Вардар, вонредно коло секако мора да има во распоредот, е сеа ффм можда се криви што баш тогаш се игра дерби, ама и против други да игравме, тоа е, немаш друг избор, рефлектори нема, и мора да се игра работен ден од 15..

Иначе, какво коло :pos: Победа го тепа Работнички, Ѓорче тепа кај Брегалница, Вардар и шкендија играат 1-1 :ROFLMAO: Не се будали тие што не пратат македонски фудбал, будали сме ние што пратиме и се нервираме
 
Барсегјан дури во ноември имал закажано контрола, значи теоретска шанса нема да го гледаме до пролет. Не знам зошто му дадоа договор во септември ако допрва за месец дена го чекаат прегледи. :toe:
 
Што се случува со Горан Попов повреден е или се откажа од играјне фудбал
 
Балотели игра после на Чаир или уште е повреден?

Мислам дека ја пропушта и оваа.. Хоф како што пишуваше во мак. спорт цел октомври го испушта :( Ќе си имаме проблеми, среќа Шиле се враќа, ама којзнае во каква форма е. Иначе треба нашиве подобро да информираат за повредени играчи, Попов го нема цела сезона нашиве ништо немаат пишано, за Хоф исто, порано и со Глишиќ исто беше. И веќе кога ми текна на Глишиќ, што му е филмот на Седло што го фура Љамче прва цело време, не верувам дека Глишиќ може послабо од него да изигра, а покажуваше голем потенцијал пред повредата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom