- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.169
- Поени од реакции
- 4.770
- Возраст
- 30
Паралелата ми беше да кажам дека не може еден терен на кој се игра едвај еднаш неделно да не може да се одржава, кога овие играат буквално на градилиште.
Кај нас тревникот воопшто не е сменет од кога е поставен, 5 години ако не се лажам, овие го мењаат на една година. Градилиштето е позади трибината, нема никаква врска со теренот. Реалноста е таа, превише е оптеретуван теренот, и мора да има вакви периоди за одржување. Друга работа е, што нашата управа ама баш ништо не може да смени, не зависи од нив дали ние ќе играме на градски или не, ниту пак они го правеле распоредот за да играме со Пелистер преку викенд. Рефлектори на друг стадион во државава нема, освен Струмица, ете тоа кажува колку сме бедни. Во цела држава имаме само еден стадион кој исполнува услови, и максимум уште 2-3 кои можат да сместат гостински навивачи (пред се затоа што имаат 2 трибини), ама и на тие трибините се распаѓаат
Победа го тепа Работнички, Ѓорче тепа кај Брегалница, Вардар и шкендија играат 1-1
Не се будали тие што не пратат македонски фудбал, будали сме ние што пратиме и се нервираме
Ќе си имаме проблеми, среќа Шиле се враќа, ама којзнае во каква форма е. Иначе треба нашиве подобро да информираат за повредени играчи, Попов го нема цела сезона нашиве ништо немаат пишано, за Хоф исто, порано и со Глишиќ исто беше. И веќе кога ми текна на Глишиќ, што му е филмот на Седло што го фура Љамче прва цело време, не верувам дека Глишиќ може послабо од него да изигра, а покажуваше голем потенцијал пред повредата