Мое мислење е дека оној Балотели би имал сличен учинок со она што би го имале Ќеран и Фичо, далеку поподвижен од Фичо, побрз, што знам, немаше лошо движење од тоа што го гледав, а реално и не изигра многу, и кога играше, играше со буквално втора постава на терен. Обрегон е друга прича, уште се чудам како таков лик успева да добие потпис во клуб како Вардар, па у трета македонска лига има боље напаѓачи, го глеам сеа на припремиве и се газам од смеење..
За Шкендија, и лани истите муабети, ќе освојат, вака, така. Истиот состав го имаат и они, а горе доле и ние, плус Барсегјан од кој очекувам доста. Ќе се мачиме напред, ама за домашно првенство не би требало да има големи проблеми со боранија-екипиве што ги имаме..
За Тричко, требаше уште зимата да го исконтактираат, летово беше практично слободен играч, затоа што беше на позајмица во АЕК Ларнака, а во меѓувреме договорот летово со Легија му истече, и можеше без оштета да го лапнеме, ама кипраниве уште одамна го договорија да остане кај нив. Мирко веројатно пробуваа минативе 2-3 трансфер периоди и мислам најмалце еднаш не има одбиено, ама сеа кога гледам дека отишол у Славен Белупо, тогаш стварно без проблем сме можеле и ние да го земеме. Ја утнаа летово, тоа е јасно, ама има време до септември, може ќе се опаметат и ќе донесат уште некој.
П.С. Она детено од Работнички, Елиф Елмас, има само 16 години, а игра страшно, ама глеам на трансфермаркет стои дека е играч на Херевен и дека е на позајмица во Работнички. Договорен е за у Холандија веќе? Не ми текнува дека имало такво нешто, а ништо чудно, само останал тука затоа што не смее под 18 години у странство