Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ги марибор... Стативата па голот. Ова е тим што знае што сака напред. Ние викторија играме пред нивен гол ама за џабе.

Којашевиќ може го нема потребниот квалитет ама за овие примадоните на Вардар е бог, бар у прво полувреме а пази ни тој ништо не изигра... Срамота, среден ред само Фелипе и Спировски другите комотно нека си одат, а напад веќе неколку години играме со инвалиди
 
Гледате како се движат Марибор,е тоа е фудбал и треба Вардар така да биде.

Не знаеме како фудбал искрено,а по квалитет сме подобри од Марибор,разликата е модерен фудбал и тактиката.
 
Ау каков голче, секоја чест :cuc:
И што ги правите Марибор бе, мислиш од Бундеслига доаѓаат, јас се калдам дека да игравме со нив ќе ги елиминиравме.
 
Ако не е Фелипе со прекиниве, нема гол да дадеме :pos:
Бар да имаме некој да паѓа и да изнудува слободни цело време :D

Абе Ромеро дибек еден, измислен беше за сегашниве напаѓачи, ама пусти темперамент. ЦИГАН...
 
Баш тоа ќе кажев каква штета што не најдоа начин да го смират, и со кретенско понашање беше класа не само над напаѓачите јас би рекол над цел тим... Може 2-3ца имаме на тој левел, еве Фелипе, Попов и Хамба...
 
Ќеран ќе беше подобра солуција,Балотели е скроз промашена инвестиција заедно со Обрегон.ЏАБЕ ПАК ФРЛЕНИ ПАРИ И ВРЕМЕ!!!
 
Ќеран ќе беше подобра солуција,Балотели е скроз промашена инвестиција заедно со Обрегон.ЏАБЕ ПАК ФРЛЕНИ ПАРИ И ВРЕМЕ!!!
Кои пари, колку може да зима играч од 4 лига бразилска. Новиов ерменец не играше, да не го откачија "експертите"?:ROFLMAO:
 
Не можеш да кажеш дека Грнчаров, Попов, Мијушковиќ, Хамбарџумјан, Глишиќ, Којашевиќ, Спировски и Фелипе се лоши играчи! За мене имаме добар тим, е сега колку Седловски е добар тренер ќе видиме.. И да покрај вашите лоши коментари мислам дека Џонатан може и да покаже нешто има брзина, има добро движење. Ќе покаже времето дали сум во право или не.
И мислам дека играше ерменецот прво полувреме, десно потоа влезе Гроздановски место него.
 
Кои пари, колку може да зима играч од 4 лига бразилска. Новиов ерменец не играше, да не го откачија "експертите"?:ROFLMAO:
Може во Скопје да е заради лекарски и документација и затоа го нема.За пари,дебиливе имаат доста пари,како бубрег во лој се,им се плаќа за квалитетна опрема,патување,сместување,ол араунд .Сето тоа и нема резултати.Абе само да имаат бе цреповиве малку тронка да бар малку прочешлаат маркет,фрчат слободни играчи на пазаров,со добро минато и солидна плата за пари.Ете дадов еднаш пример,за Армантерос од Карабак.Ме иритира и шо за ефтини пари не се донесе тренерски кадар од Шпанија,Италија,Белгија итн за БУКВАЛНО ЏАБЕ ПАРИ,поефтино и од играчиве.Шо не се тера шема како со РКВардар во моментов.Збунет сум.
 
Немате ни квалитетен играч под 21 година. Петар Петковски е физички инфериорен, како и Асани, но и немаат толку квалитет кои што ќе држат некоја константност цела сезона. Петковски беше добар во младинските категории кога сите беа како него. Да не се лажеме, знаеме дека има многу врвни играчи со ниско тежиште, но тој е далеку од тоа, има време да се развива, но не е за Вардар. И да, направивте голема грешка што Аломерович кој е 97 година го дадовте да ви игра низ 2 лиги. Тој е класа над Петковски, кој го гледал знае. Сепак, ви треба поголема професионалност во преценувањето и скаутирањето на играчите.
 
Не можеш да кажеш дека Грнчаров, Попов, Мијушковиќ, Хамбарџумјан, Глишиќ, Којашевиќ, Спировски и Фелипе се лоши играчи! За мене имаме добар тим, е сега колку Седловски е добар тренер ќе видиме.. И да покрај вашите лоши коментари мислам дека Џонатан може и да покаже нешто има брзина, има добро движење. Ќе покаже времето дали сум во право или не.
И мислам дека играше ерменецот прво полувреме, десно потоа влезе Гроздановски место него.

Во ред тоа ама нема хармонија, нема игра, ние и кога имаме посед не сме конкретни и најбитно нема завршница. Џабе посед на топка кога си подаваме дур не ни ја земат, јас сум сигурен денес имавме повеќе посед од Марибор па изгубивме и тоа во тие 4-5 наврата каде они се заканија беше сериозно мораше да дојде до интервенција. Ние се што имавме е пречката на Спировски кога неќеше да му подаде на црнчугата што ќе се посереше и слободниот удаар на Фелипе...
 
Кано па за тоа е и зборот. Слабо стои тимот со тактичко знаење. Пас игра,контрола и посед.Тука се разликуваме со Марибор.Во кратки црти, Марибор има факултет,а Вардар е со средно образование.Треба да се донесе странски кадар и воведе модерен тренинг процес.Моментално тр кадар е заглавен во 90тите со играње со фрли топка и рогај напред долги топки.Застарени се со начинот на игра.Гледаш,не може прост гол да дадеме,топка од одбрана до средина,средина назад до одбрана и одбрана рога,абе креатор на игра е.:unsure:
 
Кога пишав пред некој ден дека ќе си го бараме Фичо назад во тимот искрено се надевав дека има мал простор за грешка во информацијата што ја добив, но по ова што го гледам на пријателскиве утакмици очигледно е дека инфото било 100% точно. Ниту Обрегон и уште помалку Балотели не се напаѓачи кои се способни да го размрдаат нападот кој што веќе трета година по ред е мртов.

За играта мислам дека е преку 100 пати кажано на форум. Едноставно не знаеме да играме фудбал и тоа е тоа. Играчи за да пренесат топка на противничка половина во средниот ред нема, а реално нема ни некоја замислена акција со која што би стигнале до противничкиот гол. Се се сведува на тоа да направиме некоја акција на среќа ако згреши противникот и да се молиме на магија на Фелипе кој што нема со кој да игра фудбал во тимов. Во последно време почна и Спировски да покажува дека колку-толку разбира фудбал, а и Којашевиќ денес во првото полувреме гледам се труди да одигра нешто ама за жал со Обрегон е невозможно да одиграш ни дупли пас, а за повеќе да не збориме. Можеби со ерменецот во среден ред ќе беше поинаку, но на некој му текнало дека денес наместо на утакмица тој треба да биде на медицински прегледи...тоа што има само 5-6 тренинзи со тимот и пола саат утакмица пред дуелот со Динамо Загреб е небитно. :)
 
Abe ribata smrdi od glavata ne od opaskata,se znae od kaj pocnuva problemot vo Vardar. Use proletva pisav,letoska prvo so treba da se smeni se upravta i trenerot pa posle da se iscisti i sostavot od gluvcite.
Ama za zal niso od toa ne vidovme. I zatoa ocekuvam Dinamo kako brz voz da ne pomine, i sekako izgovor na upravata t.e prvo ke gi nema tri meseci i posle ke se pijavata i ke se vadat demek oni nemalr sreka u zdrepkata i zatoa ispadnale.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom