Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Добро и што е поентата тогаш? Главниот прозивод (фудбалскиот натпревар - картата) ја даваш без пари и создаваш една нова генерација гагаџии. Колку години ни требаше да се ослободиме од тој менталитет на запад ти сега сакаш да го вратиш делумно на цел стадион само за да изгледа по полн градски? Има начини како да се спроведе се плус Вардар си е име во Скопје и Македонија само потребно е поасална лига нешто што ќе ги размрда масите за повторно редовно да го посетуваат градски.

Епа извини ама кога нема други начини мора некои да се измислуваат, со ваква летаргичност ништо нема да се подобри. И не правиш генерација гагаџии туку правиш бар во еден дел од тие што би дошле идни навивачи кои ќе доаѓаат на утакмици со купени карти.
 
Два автобуси до Ѓорче во два правци (2*35)*2= 140 денари, карта 100 денари= 240 денари како да идам бе ?
 
Идејата беше да се земе градски со огромен попуст. Значи еве ви 10-15М за стадион што вреди 50-60М. Ние ќе го досредиме, и репрезентацијата ќе игра без пари. Од друга страна владата кешира колку толку и веќе нема трошок за одржување. Тие 10-15М ги инвестираат во други стадиони во државата.
@Mr.X и @beneamata ова го дискутиравме веќе еднаш, најмалку битно е што ќе стои на тапијата дали ФК, РК Вардар или нешто трето. Ако е регулирано да таму може да се гради само спортски комплекс воопшто не е битно на чије име е. Битно е кој има пристап до објектот. Самсоненко нема новиот стадион со него во Русија да си го земе. Тој што утре би го купил Вардар ќе има избор дали ги сака тие објекти или ќе си гради нови да речеме за 20 години од сега може и да не ги сакаме објектите на Самс, него ќе сакаме по тогашни стандарди. Речиси секаде се двојат фирмите/клубовите на тргувачки/клубски субјект и холдингс секако.
Знам дека се разбираш, Вардар ќе вреди повеќе со стадион и спортски комплекс во баланс шит, или пак без нив кои се на холдингот кој утре може да реши да ја спонзорира Слога?
 
Два автобуси до Ѓорче во два правци (2*35)*2= 140 денари, карта 100 денари= 240 денари како да идам бе ?
Качи се у 60ка, контрола нема влезено од основање на ЈСП + како такси е :D Само не заборавај кај цвеќарата да кренеш рака да ти застане :icon_lol:
 
Качи се у 60ка, контрола нема влезено од основање на ЈСП + како такси е :D Само не заборавај кај цвеќарата да кренеш рака да ти застане :icon_lol:
Јас ако се качам во тој ден ќе се одржува заседание на контролори на територијата на Скопје vol.1 :D
 
http://www.uefa.org/disciplinary/index.html
За казната на Вардар официјално од уефа нема ништо, а интересно е како за оваа казна пишаа само одредени медиуми, а на пример „Екипа.мк“ не пишаа ништо, а што е уште поинтересно, брзо после објавата дека Вардар е казнет со 40 илјади евра, истите два сајтови кои објавија, објавија текстови како тоа навивачите му штетат на Вардар и удрија по „Комити“ :)
http://sportmedia.mk/fudbal/domashn...tezi-mu-potroshija-na-vardar-edno-zasiluvanje
http://sport.com.mk/default.asp?ItemID=FD814754743BE44F9D88BBDEB5A9A513

Е сеа, пошто добро знаеме како функционираат спортмедиа и мак. спорт, и знаеме каков е нивниот однос со нашата управа, ова со казната беше медиумска манипулација и кампања против нас, или чиста случајност ? :unsure:
 
Последно уредено:
11885671_1483326328649927_717901156880529438_o.jpg


11952784_1483327778649782_8896038583830959597_o.jpg


11895141_1483327865316440_9143574469472415488_o.jpg


:kezec::kezec::kezec:

Повеќе е од 7000 и изгледа топ, само зошто позади еден гол нема трибина или ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom