Ме испровоциравте неколку луѓе па морам да напишам еден подолг пост, за да сватите т.е да ви докажам дека ова што се прави во Вардар е далеку од одлично.
Прво да ве потсетам дека Вардар нема ништо во своја сопственост. Теренот во Аердром е на користење земен, тренинг комплексот во Хиподром е под концесија и тоа на РК Вардар, тренинг компелксот позади Источна е во сопственост на привтна фирма СИС, фирма на Самсоненко.
Така да повторно Вардар нема ништо во своја сопственост. Стадионот и тој сум сиугрен дека ќе биде на парцела која ќе биде земена под концесија, или купена од друго правно лице, а не од ФК Вардар.
Е сега обајснете ми дали Европските Екипи градат на парцели под концесии, дали други фирми се сопственици, а се кажуваат дека они градат како што е случајов во Вардар.
Ако е се чисто мене не ми е јасно зашто не се прави се преку ФК Вардар, сега е акционерско друштво, веќе е правно лице може слободно да фунцкионира како сите останти фирми, па без проблем може да учествува ФК Вардар самостојно на тендери, да купува да гради со сите права и обврски како и останатите фрими кој функционираат во МКД.
Сето ова не ни гарантира сигурна иднина, утре општина Гази Баба ќе им текне ќе најдат некој проблем и ќе ни го раскинат договорот за концесија, ќе распишат поново оглас, ќе си го земе пример Шкендија Арачиново ќе понуди највеќе за месчена кирија и ќе си го земе она изграден среден тип топ тренинг комплексот и за пример 10 000 евра месечна ќирија ќе имаат комплекс вреден 2-3 милиона евра или па ќе го продаде на некого за 1-2 милиона евра.
Плус да направите споредба од комплексите сега што ги градат остантите ЕВРОПСКИ екипи и нашиот, нашиот е чиста нула, некој ми пиша во Вардар не биле проблем парите и дека сме имале повеќе од Ријека, а Ријека гради стадион и тренинг комплекс вредни заедно околу 50 милиони евра, и тоа средени уредени врвно ниво, а не кај нас игралиштат заградени со обични профили, се градат одма поред пат кој на кој има голема фреквенција и раздвиженост со тоа и бучава, а сите градат комплекси каде што ќе можат мирно без поголема бучава фудбалерите да тренираат.
За стадионот несакам да коментирам, да имал уште на времето Вардар паметни луѓе во управата уште коа се осамостоила Макеоднија ќе си издејстувале да си го присвојат Градски, и сеа ќе немавме никакви проблеми со прашањето за стадион.
За мене оваа локација е најидеална точно на среде на Скопје. И не гледам друга која би можела да ја замени сегашнава во Парк.
Не може бе да прифатам Работнички да остане и да си игра на Градски, а ние да се иселиме исто и репрезентацијата да остане да игра, која едвај 20 години постои и која по правило не треба да има само еден стадион, туку треба да шета по сите градови.
И ако се остварат мојте сознанија дека ќе се гради стадионот во Аедром на змејиште повторно под концесија со капацитет до 10 000 луѓе тогаш исто ко да немаме стадион, сопствен.
Исто да ве прашам вие што подржувате нов стадион помал, зашто управата дигнала раце од маркетингот и не се ни труди да привлече публика т.е да ја врати назад на стадион, па ако не успеат да речат еве пробавме нема толку е капацитето за домашни натпреаври максимум 7 000 публика и ќе градиме стаидон, а они уште од старт се со идеата значи ЦЦС објави уште одма од кога влезе Сергеј дека ќе се гради нов стадион, и не потегнаа никаква инцијатива за да проидобијат публиката туку напротив уште полошо дури и ја бркаа со нивното водење инат, па затоа во како што се фалат они најдобрите денови на Вардар имаше на стадион само по 500 до 1000 луѓе. Не мењаваа тренер, не ги стегнаа играчите, носат одлуки на сред сеозна дека не важат сеознските од ракомет и дека мора со карти а ниакде известување за тоа, затворија врати со Шкендија пола саат пред поечток без да известат за тоа плус ставање и процедура за купување карта исто како да си терорист. Криње послсе секој неуспех, прес пред утакмица заборавиле дека тоа сите ЕВРОПСКИ екипи го практикуваат, прес по утакмица. Кај нас ништо тотален мрак. Јас сум сигурен да се постават работите како што треба и да се рабтои сварно ЕВРОПСКИ, дека на дербиња со Пелистер без проблем по 15 000 може да има публика.