Не ни треба овој. Нека иде у Тетово. Сигурно е баран од Астон Вила и Селтик, а Фљамунтари му го раскинале договорот, како да не. И тоа цел живот у албанска лига кој е тука некаде со нашата може малку подобра. Плус не игра лево крило туку бек и штопер, а таму сме преполни. Нас ни треба заден везен и десно крило, ништо повеќе.
Иначе да искоментирам за утакмицата. Задоволен сум од трите бода, за играта неможам да зборам, ама според хајлајцот и немале толку 100% шанси како што кажуваат. Сепак ова Шкендија е, финансиски се мнпгу моќни и многу добро организирани и немаше да биде срам и да изгубиме.
Околу составот исто сум презадоволен од изборот на Седло и од прв тим и од резервите. Вларче млатче тоа ништо нема. Нека продолжи само вака и добро ќе биде. Реализацијата ќе си дојде кога тогаш. Само да земеме еден партнер за Глигоров и топ ќе биде. Мене желба ми е Вујчиќ, мислам дека има се шо треба за мак. лига и добро ќе се снајде кај нас.
Мислам дека уште оваа сезона треба Грне и Попов да играат, заедно со квалификациите за европа и ако не се напраи ништо да се бркаат, да се пслободиме од тие големи плати и да се даде простор и време на Глишиќ, Даре, Николов...
И да, Фелипе мора да се задржи.