Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Има има, не се шамарани тоа им е проблемот.[DOUBLEPOST=1439409333][/DOUBLEPOST]Читајте коментарите кај ЦЦС и на ФК Вардар на фејсбук, се изгазив од смеење, веќе на заебанција почнаа луѓево да пишуваат не ги ни пцујат.
Спонзоруши :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Ова е маска само бе, да ги залажеме Шкендија па да ги отвориме у недела. :D

леле леле кој ќе ги трпи тие срамови петарда ќе ни лупнат шошоните
 
Кога ги читам коментарите по фејсбук по страниве за Вардар, дури и срам ме фаќа што сум навивач на Вардар. Какви стручњаци, не ми се верува, па најубаво некој од нив да ставиме за тренер, спортски директор и сл. Го отераа Седлоски у три лепе, човекот 10 дена е тренер, изигра 2 утакмици од кои само една ја гледавме, видовме далеку подобра игра од претходно, примивме 2 глупи голови без игра на противникот, шанси еден куп, напаѓавме цело време, со Кожув никој не ја гледаше ама битно репер е тоа што завршила само 1-0, нели треба секоја утакмица 5-0 да се добива, и одма ќе го бркаме тренерот, и тоа затоа што бил од Коњари.
Да не се разбереме погрешно, факт е дека не е баш најсјајна ситуацијата у моментов, ама почекајте малце, нека пројдат неколку утакмици, па после коментирајте. Да бидеме реални, Седлоски е човекот кој ги донесе сите играчи кои вредат овде, а не некој друг од управа или „Вардарецот“ Хаџиевски дур беше спортски директор, он ги донесе играчите за кои сите се радувавме летово, со него после првиот натпревар видовме далеку по офанзивна и подобра игра.
 
Така е, исто и Седлоски го убаци Мијушковиќ вчера за да брани резултат против еден Кожуф. А замисли игравме со прв состав.
 
Така е, исто и Седлоски го убаци Мијушковиќ вчера за да брани резултат против еден Кожуф. А замисли игравме со прв состав.

Да, тоа го направи во второ полувреме, кога на терен беа 2 класични шпица, Шиле како крило заедно со Љамче, и само двајца везњаци од кој еден Фелипе кој и не така помага во одбрана. И кога веќе не реализирале во неколкуте шанси за кои сегде пишува (па дури и кај Ликовци кои од една страна критикуваат, а од друга пишуваат сме имале неколку зицери), решил да го помести Даре во средина, да зацврсти малце, и да не се прими гол на пример како што примивме од Слога, кога немаше кој да го задржи играчот што го претрча цел терен и слободно шутираше затоа што имавме 5-6 офанзивци на терен.

Стварно не ја гледам потребата да се прави дополнителен притисок и да се плука во Седло, после само 2 изиграни утакмици. Како успеавте да заклучите дека не го бива после еден изгледан натпревар и за уште еден за кој знаете само резултат ? Смешно е затоа што некој потекнувал од Коњари и затоа што се израдувал на победа против Вардар кога бил тренер во друга екипа да кажеш не заслужува да биде дел од Вардар. Па дека една корист видовме од големите Вардарци изминативе години, прво скоро никој од поголемите фудбалски имиња не продужил да се занимава со фудбал па за сега да биде дел од Вардар.
Не викам дека Седло е на рамниште на Мурињо, дискутабилна е одлуката он да биде тренер, ама почекајте да видиме игра, резултати, како ќе се одвива, па после да критикуваме. Имам чувство дека и Мурињо да седне на клупа за Вардар и да тепа првата утакмица 1-0, ќе го поплават ФБ-профилот со коментари од типот кај го најдовте овој, ќе се браниме со сите екипи, што е ова само еден гол...
 
Ако не тепа у Недела уште одма нека не се враќа у Скопје и нека си продолжи за Прилеп. Доста им е кредити, не го земале тоа циганчето Тони Силва, зашто нејќел демек подолгорочен договр да потпише, абе таков играч и на месец дена да дојдее треба да го прифатиме, а не што нејќел на повеќе од 1 година, и што направија пак мексиканецот го потпишаа на 1 година.
 
Скоро сите прволигаши тепаа со дфоцифрена разлика (и тоа без примен гол), ние едвај еден?!
 
Скоро сите прволигаши тепаа со дфоцифрена разлика (и тоа без примен гол), ние едвај еден?!
E dobro de kaj drugite pogolem bese koeficintot za 5+ ili 7+ a kaj vas od 0 do1 gol bese sigurno najgolem koeficient i za toa e toj rezultatot misli rusinot so praj dosta e samo nereseno na rk vardar treba i fk da izvaj nekoja banka ;)
 
Скоро сите прволигаши тепаа со дфоцифрена разлика (и тоа без примен гол), ние едвај еден?!
Ама ние игравме со Миравци што се стандарден второлигаш, а они играа со третолигаши или екипи од општинска лига што едвај собрале екипи :)
 
ама ние имаме играчи од милиони евра (нели?) а они немаат
Немаат, ама тоа не го менува фактот дека ниту една прволигашка екипа немаше да се изнаигра против нив како против екипине кои се имаат собрано директно за утакмицата.

Многу критики има кон Седлоски, а засега не се основани. Против Слога игравме одлично, како што пишав и во друга тема, уште 50 пати да игравме, немаше да ни земат бод, ама ете се погоди да биде така. Двата гола се индивидуална грешка на нашите дефанзивци, па не може Седлоски да влезе и со клизач да го блокира Нухиу или Османи, кога Попов дреме како куртон за двата гола. Попов беше единствениот виновник за тоа што не заминавме со три бода, а останува на Седлоски да го седне на клупа. Лошо е што Попов против јаките екипи игра супер, ама со послабите само ради него губиме бодови.

Со Миравци никој не ја гледал утакмицата. Мене искрено не ми се допадна што игравме во најсилен состав, а како сме одиграле тоа не можам да кажам. Тешко е да се мотивираш против второлигаш во првата фаза од купот, секоја победа е значајна, безразлика на постигнатите голови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom