Кога ги читам коментарите по фејсбук по страниве за Вардар, дури и срам ме фаќа што сум навивач на Вардар. Какви стручњаци, не ми се верува, па најубаво некој од нив да ставиме за тренер, спортски директор и сл. Го отераа Седлоски у три лепе, човекот 10 дена е тренер, изигра 2 утакмици од кои само една ја гледавме, видовме далеку подобра игра од претходно, примивме 2 глупи голови без игра на противникот, шанси еден куп, напаѓавме цело време, со Кожув никој не ја гледаше ама битно репер е тоа што завршила само 1-0, нели треба секоја утакмица 5-0 да се добива, и одма ќе го бркаме тренерот, и тоа затоа што бил од Коњари.
Да не се разбереме погрешно, факт е дека не е баш најсјајна ситуацијата у моментов, ама почекајте малце, нека пројдат неколку утакмици, па после коментирајте. Да бидеме реални, Седлоски е човекот кој ги донесе сите играчи кои вредат овде, а не некој друг од управа или „Вардарецот“ Хаџиевски дур беше спортски директор, он ги донесе играчите за кои сите се радувавме летово, со него после првиот натпревар видовме далеку по офанзивна и подобра игра.