Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Пачовски :cuc: Нема што да се каже за него, не само заради овој меч, туку општо зашто е еден од подобрите голмани заедно со Милошевски што Македонија ги имала, штета што лошо со повреди во Белгија па му пропадна таму кариерата.
Уште кога дојде кажав дека е одлично засилување, иако некои тука негодуваат. Таков голман се чува, и ќе брани уште доста, штета за Гачевски јас мислам.

Што се однесува до мечот, добро започнавме, али од 35та некаде паднавме (кондиционо најверојатно) и од тогаш Апоел ја презема иницијативата. Одбраната со една-две грешки, особено при најдобрата шанса на Леал кога тројца излегоа на 20 метри по топка а оставија двајца играчи на Апоел сами во шеснаесетник, недозволиво. Исто недозволиво е топка да падне на нога при корнер во 5-6 метри од гол, како и играч со 1,75 да дојде до топка со глава покрај толкави играчи.

Во другиот дел од играта нема што да се каже, немавме игра, се браневме и ако тоа им беше целта, а им беше, тогаш успешно ја остварија. Штета што немаме напаѓач од подобра класа во тимот, тоа ќе ни биде мака цела сезона. Можеби порано требаше да влезе Стојков кога веќе се виде дека Фичо нема душа и кога Вардар не ствараше шанси за висок играч.

Шансите на Апоел како за тим што имаше 70% посед од топката беа сведени на минимум, така да одлично завршена работа.

Гол во гости ќе беше премија, сега колку е добар резултатов, секој примен гол дома се -2 за нас...

Напред Вардар
 
Супер резултат.
До 35 минута беше одлично, после тоа типично македонски :).
Пачовски играч на натпреварот. Одбраната си ја заврши работата. Грнчаров, Велковски и Црногорецов како сто години да играат заедно. Црногорецов ми направи ќејф. Николов не беше лош. Глигоров потфрли. Од тука немате човек да ја изнесе топката. Хамбарџумјан е играчиште. Толку за него. Попов типацот си игра како ѓу одговара ама хејтајте го колку сакате човекот има преголемо искуство. Нужно зло у екипа е човекот :D.
Не го хејтајте Фелипе дечкото не е уигран. Пролетва го гледав за Цска Софија секој викенд газеше. Му треба време :). Грешката не е во него туку во т.н. тренер што го става неуигран. Шиле Драчеецот изиграваше ку*ац и пол денес. Он и бразилецов требаше да ги пробиваат. Фичо немаше топки. Тоа е тоа углавно.
Со тој тренер нетренер со сако и машна како дедовцине кога одат на пазарче добро е и вака. Имате шанси. Храбро и машки на реваншот и готови се. Дај поминете ги нека живне домашниов фудбал да се осоколат да вадат пари буџованиве у пм :).
 
Очекувано беше да се бранат, само контранападиве беа лоши, скоро и да ги немаше, тотално безидејни. Значи во неколку моменти кога ги фаќаѓе нервоза и конфузија АПОЕЛ, требаше малце да бидеме подрски и да нападнеме. Точно е дека многу екипи со бранење стигнале далеку ама истите тие екипи имале добри контри и полуконтри. Ние во неколку ситуации за контранапад не можевме да сврземе подавања или па еден ќе ја фатеше топката и не знаеше што со неа. Оној Блажевски иде напред демек дрибла се заглавува и враќа дури до голман. Мислам дека да бевме малце подрски и бар малце да имавме и желба за напад, можевме и гол да дадеме. Добар е резултатов, ама сеа у реванш треба уште попретпазливо зошто ако примиме први гол мислам дека тешко ќе се вратиме. Сеa у СК 1 - 0 за нас :)
 
Супер резултат.
До 35 минута беше одлично, после тоа типично македонски :).
Пачовски играч на натпреварот. Одбраната си ја заврши работата. Грнчаров, Велковски и Црногорецов како сто години да играат заедно. Црногорецов ми направи ќејф. Николов не беше лош. Глигоров потфрли. Од тука немате човек да ја изнесе топката. Хамбарџумјан е играчиште. Толку за него. Попов типацот си игра како ѓу одговара ама хејтајте го колку сакате човекот има преголемо искуство. Нужно зло у екипа е човекот :D.
Не го хејтајте Фелипе дечкото не е уигран. Пролетва го гледав за Цска Софија секој викенд газеше. Му треба време :). Грешката не е во него туку во т.н. тренер што го става неуигран. Шиле Драчеецот изиграваше ку*ац и пол денес. Он и бразилецов требаше да ги пробиваат. Фичо немаше топки. Тоа е тоа углавно.
Со тој тренер нетренер со сако и машна како дедовцине кога одат на пазарче добро е и вака. Имате шанси. Храбро и машки на реваншот и готови се. Дај поминете ги нека живне домашниов фудбал да се осоколат да вадат пари буџованиве у пм :).
Amin
 
Овие средњациве Глигоров и Николов ми изгледаат како најслаба точка во тимот. Тие највеќе што треба да трчаат и да изборат доминација на средина од терен ги снема после 35та минута. Одбраната делува како најсилна наша точка а нападов Блажевски ми изгледа најспремен и најголема опасност. Ивановски премногу спор, дури недозволиво за напаѓач а Стојков не успеав ништо од него да видам. Дашјан и Филипе се неупотребливи ако не добијат топка за игра од средњациве или да им се придружат напред.

Али резултатов ни е премија. Нерешено во Кипар ретко кој се надеваше дека ќе извадиме. Во Скопје би требало да ги тепаме.
 
Васовски одлично ја спремил одбраната, навистина наликуваше на германски бункер. Komentar na eden od makedonskive mediumi :)
 
Одличен резултат, сега не смее да се прими гол дома... со голема мотивираност и внимателна игра, големи ни се шансите да одиме понатаму

НАПРЕД ВАРДАР

:oeoeoe:
 
Абе немојте дазборите уиграна ни била одбраната, па колку грешки направија освен Мијушковиќ од тројката назад според мене што изигра одлично, Велковски-Грначров слабо, неколку пати испаѓаа и правеа грешки кој за среќа не не коштаа, а можеше многу лесно скапо да ги платиме.
Глигоров најслаба утакмица од кога е во Вардар, Николов катастрофа не смее да игра во реваншот, па копачон Темелков подобро ќе изиграше од него. Споредмене најубаво Дашјан да игра место него можда ќе биде малце поназад ама него тоа не му е прболем, он и кога игра полушпиц трча и затвара наза, така да слободно може да го играме место Николов, а и онака нема што да изгубиме мора со најдоброто да тргнеме со сите сили, се знае или ќе пројдеме или ќе поминеме, па така боље да исапднеме у 90 мин него на пенали да се нервираме.
А да и најголемиот проблем тренерот, малце да имавме некој што разбира овие и на гости лесно ќе ги тресневме.
За напаѓач ќе пишам кога ќе купиме,вака сеа коа немаме глупо е да збориме.
 
Само мене излеа Мијушкович ми изгледаше како најслаба алка у одбраната. :D Можда од пивото којзнае.
Попов и Хамба скоро и да немаа пробив напред, освен 1 на Хамба кога за малце Фичо гол ќе дадеше. Глигоров и Николов катастрофа беа. скоро ниеден напад не прекинаа на средина цела работа дефанзивата ја фршеше. Фелипе невидлив, Блажевски типично Драчевски, пробуваше некои селски фори да продаде. А Фичо само за лакти да дели играше изгледа. :D
Секоја чест за Пача, класа голман за наши услови, затвори многу усти овде. :icon_mrgr:
Реваншот ќе биде уште потежок.

Јас би играл со Шиле како шпиц и со Дашјан заедно со Фелипе у средина, колку толку покреативна средина би имале и побрз напад. ЗОшто реално со Ивановски напред нит брзина нит сила имаме а Стојков за кур не го бива.
 
Резултатот 0 - 0 е премија бидејки Апоел имаше 3-4 супер шанси од кој можеше да даде гол , но за среќа ние го имавме расположениот Пачовски ..
Иначе околу играта задоволен бев од првите 30 минути бидејки не му дозволивме на Апоел никаква закана кон голот , останатите 60 минути ги минавме во класичен бункер без асална акција и никаква контра ..
Андреев мораше да менува порано , т.е да игра прва Дашијан , а за Ивановски реално не е за прва постава бидејки делува тромаво и доби една топка на поклон како што може да посака секој асален напаѓач .
Најдобри поединци денеска беа Пачовски , Миушкович стоперот и Еременцеот Хамбур ... без грешка ..
Сега во Скопје направија да имаат полн стадион :)
 
Kaрти во оне продаваат или? и знае некој кај на друго место освен на билетара има?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom