Вардар демантира дека се разделиле со Андреев
Откако се појавија информации дека Сергеј Андреев не е повеќе тренер на Вардар и дека соработката спогодбено била раскината, се огласи преку соопштение и новиот македонски шампион.
-Раководството на ФК Вардар остро ги демантира изнесените невистини во дел од медиумите во однос на промена на шефот на стручниот штаб Сергеј Андреев.
Ве замолуваме да не се шпекулира со имформации кои можат да го нарушат угледот и реномето на ФК Вардар.
Во моментов клубот се подготвува на одигрување на последниот дуел во Кратово со екипата на Силкес и прослава на Шампионската титула со своите фанови.
За се што е поврзано со ФК Вардар, јавноста навремено ќе биде информирана преку нашата официјална интернет страница, се вели во соопштението на ФК Вардар.