Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не ти зборам за инат, едноставно дечкото освен за играч од Македонска лига со таа конституција може да сонува да заигра на некое повисоко ниво. Што се разликуваат он и Асани во дриблинзите?
И Асани е добар дриблер, само ни двајцата ја немаат таа сила да се заградат ако противникот им ја прочита страната на која ќе тргнат. Имаат добра стартна брзина, општо се доста брзи, ама со таква конституција ништо не прават.

Во позициона игра ништо не може да направи. Не знам што си гледал вчера, едно подавање не можеше да погоди во позициона игра. При сите додавања топката му отскокнува, на тој што треба да ја прими прво две минути ќе му требаат за да ја штопира па да ја изигра. И пак, проблемот е конституцијата која сигурно нема да му се смени екстремно преку ноќ. Сепак има 17 години, не може да се очекува дека ќе порасне уште 20 сантиметри во иднина.
Долга топка не можеш да му дадеш, бидејќи нема теорија да добие дуел.

Не е профил на играч каков што ни треба...
 
Е сеа и ти претера, не е све до висината и конституцијата во фудбалот :) Ако имаш фудбалско знаење, постои начин да компензираш и помала висина, и помала брзина, и сите физички недостатоци. Чави, Азар, Мертенс, Стерлинг и уште многу други се по метро и 70, па се пак едни од најдобрите играчи на свет. Се гледа дека детето има брзина, има дриблинг, техника, па и прегледност би рекол, имаше неколку убави потези не само вчера туку и на другите натпревари, така да рано е да проценуваме. Зависи каков стил на игра играш, не мора да значи дека сите треба да се волови и да имаат цврстина, а исто така и ако си низок не значи дека секој дуел ќе го губиш, баш таквите со ниско тежиште често знаат да бидат и снажни и да се заградат и многу лесно да се ослободуваат од противници.

Иначе, не знам со кој памет вчера искочивме со среден ред Деспотовски - Спировски - Глигоров и тоа во ситуација кога одбраната ни е крпена и имаме доста повредени. Оние што имаат креативност, техника и пас игра(Ибричиќ и Дашјан) ги остави на клупа и не можевме со топка да се составиме цела утакмица, прелесно Работнички освојуваше простор а ние не можевме да задржиме топка, башка што во нападот игравме со три ниски и брзи играчи кои многу подобро би функционирале кога би имале повеќе посед и пас игра, а не со долги топки како што игравме..
 
Овие што ги наброја сите се набиени, ниски, ама набиени, затоа и тешко губат дуели.
На младите им фали само добра градба, со работа тоа може да се постигне. Ги немам гледано незнам како стојат со интелигенција, ама ваљда и тоа се учи од искуство.
 
Па тоа е проблемот, дечкото е далеку од снажен играч. Ќе видиме како ќе се развива, како што кажав ќе биде добар играч за Македонска лига, ама ништо повеќе од тоа. Максимум како Георгиев :)
Еве направете споредба со Анене. Анене им ја извади ДУШАТА на нашите дефанзивци, главата не знаеа каде им е. Дечкото има 21 година, измислен е за секој играч кој можеме ние да го извадиме од нашата школа. Јас не знам што школа имаме, сите играчи се метро и желба за растење во комбинација со 50 килограми тежина.
 
Па 17 години има, допрва треба да се развива. Со работа и труд се може да се постигне, јасно ми е дека во моментов е далеку од нешто над просекот, ама има потенцијал со доста работа да се развие правилно. Од школа не очекувајте да извадиме нешто во брзо време, едино ако се погоди некој талент по некоја случајност да сме задржале. Тек допрва треба да се развива школата, се прават нови терени, центри, со добар кадар и правилна работа може да се направи нешто и со школата и да се извадат млади играчи, само што недостасува стручен кадар кај нас. Треба да се развие и добар скаутинг, и да се пратат талентирани играчи низ Македонија па и низ Балкан, и да ги собереме дур се млади и дур цената им е една косилка за трева.. Ама со овој кадар што е моментално во Вардар, тешко..
 
Скопјанки на протест беа :D
Едина позитива од утакмицава е што Дино Најдовски се повреди !
Се надевам дека нема веќе никогаш да го видиме на терен у наш дрес. Нека се посвети на диско кариерата и онака за фудбал не го бидува.
Младиот Петковски е одличен техничар, како само ги помина 2-3ца играчи ан Работнички при првиот гол. :cuc:
Влатче исто мора да го пофалам, доста солидно игра последниве утакмици. Глигоров и Спировски катастрофа беа. Блажевски солиден, Ибричич камен.
Мислам дека мора да се смени политиката на управата, доста е веќе од испукани пушки, бивши репрезентативци. Глумат примадони, играчишта а на сите утакмици со главниот конкурент за титула беа надиграни тотално. Срамота за тие плати што ги зимаат..
Најголема грешка што не игра Ибро од 1ва минута, бил камен? да не си пијан ти бе :D

На 17 години какви сте биле вие бе, ке се ујача малиот си гази , свака му част
 
Јас 85 кила имав, за вас не знам :icon_lol:

Ќе видиме како ќе напредува, муабетот ми е дека од сегашен аспект не го гледам толку добар како што го правите на темава :D Има некои добри потези во мечевите, ама кога ќе се види севкупно, ништо повеќе од просечен учинок досега.

Да не заборавиме какви две шанси досега има промашено :D
На дебито во нашиот дрес и самиот кажав дека одигра одлично и дека едвај чекам да видам како ќе се развива. Од тогаш е просечен на секој дуел, освен што многу се труди и трча по цел терен, за другото немам некоја претерано позитивна слика :D
Па вчера пред да го намести голот, пола трибина викаше да го извадат од игра :)
 
Последно уредено:
И лани учествуваме, и тогаш добро изиграа децата, посебно се истакна тоа детенцето од Драчево Марко Ѓоргиевски мислам беше.
 
"Европски" Вардар. Сергејчо со "час у природа" им држи предавње на полувреме.
fafe2c6cdd87049aa5be74d548969dff.jpg
 
Овие треба на лето сите да летаат... Ама сите до еден !! Мизерија невидена се за тие пари што ги зимаат !!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom