Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
:icon_lol:
10698533_840100222701590_633139346985231816_n.jpg
 
Ќе не реши Стојков денес, првиот пораз, лупајте сите у калдилница 1.
 
Superioren Vardar!!!

Moese i poveke no da sme zivi i zdravi i se nadevam u idnina ke gi meleme ako treba i 10, 10 neka se dadat, Rabotnicki tapa ziva i kondiciono padnaa se vide zadnji 20 minuti. Uste ednas po koj znae koj pat sezonava se pokaza deka so jaki ekipi igrame podobro dali i igraat seriozno a so drugive gledaat potcenuvacki neznam. Bunker ekipi nemozeme da probieme toa e loso i tuka trebaat brzi igraci napred
 
Глишиќ која дупка беше денеска во одбрана, судијата ни беше од помош во еден случај кога имаше пенал за Работнички. Ни треба квалитетен напаѓач!
 
Грнчаров со многу киксови денес. А и немаше воопшто некоја течна игра. Од толку вложувања во да не речам фудбалери со завидна репутација и искуство очекував подобра и потечна игра.
 
Неможев да идам денес затоа гледав на ТВ, како ни фали Стојков тоа е големо чудо убедливо најдобар денес во Работнички се изнамачи Хамбарџумјан :D[DOUBLEPOST=1411228230][/DOUBLEPOST]
Глишиќ која дупка беше денеска во одбрана, судијата ни беше од помош во еден случај кога имаше пенал за Работнички. Ни треба квалитетен напаѓач!
Даре нема лош натпревар до сега немој да збориш!
 
На крај педерчињава ја усраа цела работа.Не знам која им е целта со тоа што се прават мангупи и на крај освен Глишиќ ниту еден не и отпоздрави на публиакта/Комити.Не забележав најдобро но мислам дека Деспот или Грне на крај инсистираа играчите да велзат во соблекувална и да не и речат едно ‘‘фала‘‘ на оние околу 2.000 гледачи што на дождов дојдоа накиснати на стадион за нив да ги гледаат.

Играта денес мене многу многу не ми се свиѓаше.Премногу ја газеа топката во ситуација кога требаше набрзина да се даде пас во празно и да се создаде шанса.Тројката позади Петоковски денес беше катастрофална.Кој од кој полош.Влатче ако продолжи вака уште зимава нека го пратат во Турново,Иванов од авион се гледа дека нема да помине и упорно се упикува негде,а Љамче е човек без компас.

Цела среќа е што рано отворивме со гол на Петковски на асистенција од Гроздановски ако добро забележав.Од 16м Петковски млако но прецизно на прва биеше покрај стативата на Шишковски за отварање на резултатот во најдобро време за нас.До крај на прво Петковски даде една одлична топка во празно за Иванов кој што излезе 1 на 1 со голманот на Работнички и буквално можеше да бира дали да го лобува,дали да шутира покрај него или да го помине и да даде гол...овој наместо да зголеми на 2:0 се посра и шутираше млитаво покрај голот.Второто полувреме исто така почна супер за Вардар затоа што за 10ина минути од прилика Ставрев досуди пенал по центаршутот на Љамчевски од позиција на скратен корнер.Некој во живиот ѕид играше со рака и мислам дека 100% исправно беше досуден пеналот.Уште кога ја зема капитенот топката (кој патем беше најдобар играч на Вардар денес) пола стадион почна да се пика под седиштата.Едноставно кажано сите знаеа дека ќе промаши Таневски,но за среќа одбиената топка по промашувашето пак дојде до него и Вардар зголеми на 2:0.После голов следуваше едно без потребно повлекување,но за среќа гревовиве од Работнички не знаеа како да стигант до голот на Павловиќ.Имавме тука уште една контра и ситуација 1 на 1 со голманот за Петров,но и овој исто како и Иванов шутираше непрецизно покрај голот.Играта на Работнички се крена за едно скалило кога влезе црнецот.Има доста фудбалско знаење во овој играч и би можеле со Стојков напред да бидат добар тандем.Мите Нејмар Цикарски во првите 30 минути падна едно 9-10 пати и престанав да му ги бројам паѓањата...само за во театар е бившиов Вардарец.Се на се мислам дека има уште мноооогу работа зза Вардар да заличи на вистински тим и се надевам дека со тек на време ќе бидеме далеку подобра екипа.

п.с Кемал Монтено нека не се глупира со оставање на клупа на Дашјан затоа што за сите играчи на таа позиција што ги има Вардар он е Тони Крос.
 
Како и што очекував, славевме во денешното дерби, малце потешко од очекувањата, но тоа е тоа...
Кемал Монтено одново испробува некои финтици со составот, стартува без Дашијан, стартер за прв пат беше Иванов, а преголема доверба добива Љамчевски.
Едно е сигурно, Љамчевски е труп невиден досега и денеска беше очаен, едно додавање не сврза, ќе се степаа за малце со Деспотовски, мада Паприк со цела екипа се караше денеска. На полувреме гледам и со Петковски се расправаше...
ЉАМЧЕВСКИ И ГЛИШИЌ ВО КОМБИНАЦИЈА - НЕ!
Глишиќ изигра доста слаб меч, можеби и најслаб од неговото доаѓање во Вардар (само што го пофалив), ама тука мислам дека улога има и играњето со Љамче по иста страна.
Петковски е голгетерот, не му треба многу за да постигне гол, но нормално и тој не е напаѓач кој сам може да си направи шанса. Добро е што за разлика од Ивановски, засега има многу подобар процент на реализација, ама за воља на вистината па Ивановски многу почесто се наоѓа во гол шанса.
Мајстроски го заврши додавањето од Глигоров ако не се лажам, никој не очекуваше дека ќе шутира од прво, па и голманот на Работнички реагираше доста лошо, бидејќи не очекуваше веднаш да има удар кон голот.
Рано го отворивме резултатот со што ги натеравме повеќе да напаѓаат, иако Работнички уште од старт тргна на три бода, а тоа е она што ни одговара на нас, затоа и победуваме во сите дерби дуели.
До крајот на првиот дел имавме две огромни шанси, најпрвин Иванов доби топка во празно и испадна еден на еден со голманот на Работнички, но биеше само крај голот.
Потоа имавме акција по лево, топка за Петковски, кој добро шутираше, голманот на Работнички одби, а мислам дека Гроздановски не успеа да ја спроведе одбиената топка во голот.
Работнички имаше неколку добри акции, но Павловиќ беше одличен на голот.

Во вториот дел Работнички запна, и можеа да израмнат. За среќа Таневски денес беше одличен во одбрана, можеби и играч на натпреварот. Прв пат да добиеме судиска помош во дерби дуел, откако мислам дека на Работнички не им беше досуден чист пенал. Некој од нашите дефанзивци буквално го рогна (несмасно и ненамерно) противничкиот играч, и тоа беше пенал кој домаќините не го добија. Притоа за приговори добија жолт картон.
Единствениот добар потег на Љамчевски беше што изнуди слободен удар, истиот го изведе и го погоди во рака еден од противничките играчи и изнуди пенал со тоа...
Од сите играчи Таневски ни изведува пенал :facepalm:
Колку само лошо тргна, голманов нивни паѓа пред време, а Злате пак на таа страна шутна, среќа што му се одби на тацна топката па погоди за 0-2.
До крај имавме неколку чисти шанси за погодок, ама воглавно ради себичноста на играчите не го зголемивме водстово.
При една одлична контра, Петров изби сам пред гол, а го имаше и Деспотовски десно и ако му додадеше тоа ќе беше сигурен гол. Сепак се реши да шутира и промаши. Дашијан ги направи дар-мар во одбрана противничките фудбалери, ама кога дојде во добра ситуација шутираше млако.
Инаку во вториот дел Петров влезе место Иванов, Дашијан место Влатче и Ивановски место Петковски...

Се им падна во вода откако по мечот играчите не дојдоа да отпоздрават со своите навивачи и истото беше по налог на Таневски и Грне кои не им даваа на останатите да одат кај Комити, туку ги тераа што побрзо да го напуштат теренот.
Се навредија примадоните што имало негативни коментари за нивната индолентна игра против екипи кои треба да ги мелат по 5 разлика со оглед на тоа колку подобри услови имаме од нив. Место да земат да се извинат за лошите игри во претходните мечеви, они и претходниот меч си отидоа без да отпоздрават и затоа добија свирежи, а после ова денес може комотно куров да ми го јадат и егото во гз да си го напикаат!
Глишиќ, Влатче и Петковски сакаа да отпоздрават со публиката, а на крај само Глишиќ дојде да се поздрави :cuc:

Навивањево на последниве мечеви ни е бајаги јако, иако бројката не е на завидно ниво. Прилично сум изненаден колку јако се навива. Денес бевме над 300 луѓе, а на цел стадион имаше околу 1500 души...
 
Na ermenecot bese asistencijata, a faulot za slobodniot koga ni svirnaa penal bese napraven vrz Vlatce. Iako po mene bas i nemase faul. Malce pokloni od Stavrev imavme. Od igrata iskreno mi se sere, od kontrite sto gi praime da ne praam muabet. Ebate ekipata i igracite sto gi imame sto neznaat kontra da napravat kako sto treba.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom