Како и што очекував, славевме во денешното дерби, малце потешко од очекувањата, но тоа е тоа...
Кемал Монтено одново испробува некои финтици со составот, стартува без Дашијан, стартер за прв пат беше Иванов, а преголема доверба добива Љамчевски.
Едно е сигурно, Љамчевски е труп невиден досега и денеска беше очаен, едно додавање не сврза, ќе се степаа за малце со Деспотовски, мада Паприк со цела екипа се караше денеска. На полувреме гледам и со Петковски се расправаше...
ЉАМЧЕВСКИ И ГЛИШИЌ ВО КОМБИНАЦИЈА -
НЕ!
Глишиќ изигра доста слаб меч, можеби и најслаб од неговото доаѓање во Вардар (само што го пофалив), ама тука мислам дека улога има и играњето со Љамче по иста страна.
Петковски е голгетерот, не му треба многу за да постигне гол, но нормално и тој не е напаѓач кој сам може да си направи шанса. Добро е што за разлика од Ивановски, засега има многу подобар процент на реализација, ама за воља на вистината па Ивановски многу почесто се наоѓа во гол шанса.
Мајстроски го заврши додавањето од Глигоров ако не се лажам, никој не очекуваше дека ќе шутира од прво, па и голманот на Работнички реагираше доста лошо, бидејќи не очекуваше веднаш да има удар кон голот.
Рано го отворивме резултатот со што ги натеравме повеќе да напаѓаат, иако Работнички уште од старт тргна на три бода, а тоа е она што ни одговара на нас, затоа и победуваме во сите дерби дуели.
До крајот на првиот дел имавме две огромни шанси, најпрвин Иванов доби топка во празно и испадна еден на еден со голманот на Работнички, но биеше само крај голот.
Потоа имавме акција по лево, топка за Петковски, кој добро шутираше, голманот на Работнички одби, а мислам дека Гроздановски не успеа да ја спроведе одбиената топка во голот.
Работнички имаше неколку добри акции, но Павловиќ беше одличен на голот.
Во вториот дел Работнички запна, и можеа да израмнат. За среќа Таневски денес беше одличен во одбрана, можеби и играч на натпреварот. Прв пат да добиеме судиска помош во дерби дуел, откако мислам дека на Работнички не им беше досуден чист пенал. Некој од нашите дефанзивци буквално го рогна (несмасно и ненамерно) противничкиот играч, и тоа беше пенал кој домаќините не го добија. Притоа за приговори добија жолт картон.
Единствениот добар потег на Љамчевски беше што изнуди слободен удар, истиот го изведе и го погоди во рака еден од противничките играчи и изнуди пенал со тоа...
Од сите играчи Таневски ни изведува пенал

Колку само лошо тргна, голманов нивни паѓа пред време, а Злате пак на таа страна шутна, среќа што му се одби на тацна топката па погоди за 0-2.
До крај имавме неколку чисти шанси за погодок, ама воглавно ради себичноста на играчите не го зголемивме водстово.
При една одлична контра, Петров изби сам пред гол, а го имаше и Деспотовски десно и ако му додадеше тоа ќе беше сигурен гол. Сепак се реши да шутира и промаши. Дашијан ги направи дар-мар во одбрана противничките фудбалери, ама кога дојде во добра ситуација шутираше млако.
Инаку во вториот дел Петров влезе место Иванов, Дашијан место Влатче и Ивановски место Петковски...
Се им падна во вода откако по мечот играчите не дојдоа да отпоздрават со своите навивачи и истото беше по налог на Таневски и Грне кои не им даваа на останатите да одат кај Комити, туку ги тераа што побрзо да го напуштат теренот.
Се навредија примадоните што имало негативни коментари за нивната индолентна игра против екипи кои треба да ги мелат по 5 разлика со оглед на тоа колку подобри услови имаме од нив. Место да земат да се извинат за лошите игри во претходните мечеви, они и претходниот меч си отидоа без да отпоздрават и затоа добија свирежи,
а после ова денес може комотно куров да ми го јадат и егото во гз да си го напикаат!
Глишиќ, Влатче и Петковски сакаа да отпоздрават со публиката, а на крај само Глишиќ дојде да се поздрави

Навивањево на последниве мечеви ни е бајаги јако, иако бројката не е на завидно ниво. Прилично сум изненаден колку јако се навива. Денес бевме над 300 луѓе, а на цел стадион имаше околу 1500 души...