[DOUBLEPOST=1408369588][/DOUBLEPOST]И трето полувреме имало вчера:
http://sportmedia.mk/vardarovite-fu...lnitsa-politsijata-sprechila-golema-tepachka/
Ситуацијата се вжештила во „тунелот“ на пат кон соблекувалните, кога домашните фудбалери освен вербално, се обиделе и физички да се пресметаат со вардаровите играчи.
Не го поднеле сосема спортски поразот од Вардар фудбалерите на Брегалница, кои вчера на домашен терен беа надиграни од црвено- црните и сосема заслужено поразени со гол во последните моменти од мечот.
Како што дознаваме, искри летале и на теренот по погодокот на Филип Петковски во 94. минута. Сочни пцовки и закани добиле вардаровите играчи, кои се израдуваа на победата, но и на слатката одмазда за минатосезонскиот меч во последното коло, кога Брегалница ги запре на 0-0, резултат со кој Вардар не успеа да избори пласман во евро-куповите.
Но, вчера не се завршило само на закани. Ситуацијата се вжештила во „тунелот“ на пат кон соблекувалните, кога домашните фудбалери освен вербално, се обиделе и физички да се пресметаат со вардаровите играчи. Во мачна атмосфера, имало буткање, разменување по некој удар, а се вмешала и полицијата која, според информациите, не се снашла баш најдобро.
Затоа и веднаш по мечот се шпекулираше дека против некои фудбалери ќе бидат поднесени соодветни пријави за нарушување на јавниот ред и мир. Во ФФМ се обративме за тоа дали делегатот има наведено нешто во записникот, но оттаму ни изјавија дека тоа ќе се знае најдоцна до среда, зашто делегатот може да испрати и дополнителен извештај за натпреварот.
Тренерот на Брегалница, Ѓоре Јовановски, потврди дека било тензично во тунелот, но ги отфрли сите приказни за физичка пресметка.
„Немаше никаква тепачка. После мечот имаше тензија, но сѐ се сведе само на вербални пресметки. Имаше пцуење помеѓу играчите, јас бев таму во тунелот, имаше и полиција која ги раздвои двата таботи, но физичка пресметка не се случи“, ни рече Јовановски.

Последно уредено: