Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
[DOUBLEPOST=1408369588][/DOUBLEPOST]И трето полувреме имало вчера:
http://sportmedia.mk/vardarovite-fu...lnitsa-politsijata-sprechila-golema-tepachka/

Ситуацијата се вжештила во „тунелот“ на пат кон соблекувалните, кога домашните фудбалери освен вербално, се обиделе и физички да се пресметаат со вардаровите играчи.

Не го поднеле сосема спортски поразот од Вардар фудбалерите на Брегалница, кои вчера на домашен терен беа надиграни од црвено- црните и сосема заслужено поразени со гол во последните моменти од мечот.

Како што дознаваме, искри летале и на теренот по погодокот на Филип Петковски во 94. минута. Сочни пцовки и закани добиле вардаровите играчи, кои се израдуваа на победата, но и на слатката одмазда за минатосезонскиот меч во последното коло, кога Брегалница ги запре на 0-0, резултат со кој Вардар не успеа да избори пласман во евро-куповите.

Но, вчера не се завршило само на закани. Ситуацијата се вжештила во „тунелот“ на пат кон соблекувалните, кога домашните фудбалери освен вербално, се обиделе и физички да се пресметаат со вардаровите играчи. Во мачна атмосфера, имало буткање, разменување по некој удар, а се вмешала и полицијата која, според информациите, не се снашла баш најдобро.

Затоа и веднаш по мечот се шпекулираше дека против некои фудбалери ќе бидат поднесени соодветни пријави за нарушување на јавниот ред и мир. Во ФФМ се обративме за тоа дали делегатот има наведено нешто во записникот, но оттаму ни изјавија дека тоа ќе се знае најдоцна до среда, зашто делегатот може да испрати и дополнителен извештај за натпреварот.

Тренерот на Брегалница, Ѓоре Јовановски, потврди дека било тензично во тунелот, но ги отфрли сите приказни за физичка пресметка.

„Немаше никаква тепачка. После мечот имаше тензија, но сѐ се сведе само на вербални пресметки. Имаше пцуење помеѓу играчите, јас бев таму во тунелот, имаше и полиција која ги раздвои двата таботи, но физичка пресметка не се случи“, ни рече Јовановски.
 
Последно уредено:
После 3 кола и 3 победи...

Голманот ни е добар. Солиден, спаси 3 добри шанси со шоковите од Тетово и продадените души од Штип. На подготовките единствената утакмица каде не примивме гол (сараево) бранеше вториот ни голман, така да и тој ваљда е доволно добар ако затреба мада еве овој од металург ко за втор голман ќе сврши работа.

Одбраната - 1 год во 3 натпревари. Сеуште не е уиграна, на клупа ги имаме Најдовски и Бојке така да мислам дека сме добро покриени. Глишиќ и Хамбургерот се солидни и во напад.

Среден ред - мислам дека овде сеуште шкрипиме бар во гости. Дома на асален терен одиграа одлични 70 минути посебно Дашјан ама во гости на нави не оди баш се најдобро. Дефинитивно ни треба уште едно појачување што ќе може да креира или некако да се врати Влатко во форма. Фалат оние топки кон Фичо од страните. Стојков каде е? Ако не нашол ангажман треба да го собереме...

Напад - Сакам Вардар со 2ца напагачи да гледам. Незнам, мислам дека може и треба офанзивно да играме со било кој во Македонија, не сфаќам зошто само со Фичо се игра. Илчо кога ќе заздрави би било интересно да се види што ќе прават со него. Мислам дека и тука сме тенки, би сакал некој брз напагач да се земе...

Стручен штаб - Се што кажа лани Андреев до сега се покажа дека е така. Сакав некој со подобро резиме ама до сега нема зошто да сме незадоволни. Дури и измените му се погодени и погодуваат. Тимот е одлично спремен и физички и тактички. Трансферите освен вториот голман кој сеуште не сме го виделе се погодени.

Административно - Добри подготовки, тренинг центар во најава. Странски селектор поканет, се работи на маркетинг на играчите, значи да се има повеќе репрезентативци. Утки до сега Седло место Бајо и непотпишувањето на Стојков. Се на се задоволително.
 
Браво за графикава на видеово, (y), но се изнасмеав АРЕНА: Градски стадион Штип:pos:
 
Незнам зошто толку го преувеличувате ефектот на Андреев. Ова што он го направи би го направил секој со малце повеќе акал. Има екипа која е максимално кондиционо спремна и 90 минути никој во лигава неможе да ни компарира. Капацитетот на играчите од останатата лига е 60 минути за тоа и Пелистер и Брегалница беа решени во второто полувреме. Шкендија изигра отворено онака како што му одговараше на Вардар и играа и други фактори на ситуацијата како дерби меч, мотивација и домашен терен.

Зборот ми е дека јас не гледам некое тактичко надигрување а ако сакаме да играме во Европа на ниво нема нас да не чекаат екипи што 60 минути играат на терен туку екипи кои ќе бидат спремни како нас а ние ќе треба или да понудиме поголем квалитет или пак добра тактика на тренерот.
 
Каков селчо е овој Таневски. :facepalm:
Почна и ФК да го пратиш, реши целосно да се посветиш на спортското друштво Вардар, браво браво.
Само чудно ми е зошто пред некој период се потсмиваше на ФК Вардар.
ЖРК, РК, па сега ФК. Све води кон тоа дека си фан на Самсоненко. Ова чисто ти го кажувам да не дојде утре до ситуација да жалиш за неуспесите на ФК и нивните успеси.
И што е најтрагично утре некој како Џонтрава ќе отиде на стадион, ќе се разочара од играта ( а обично кога идат некои новајлии на домашна утакмица очекуваат да гледаат ел класико ), и ќе почнат да ги ругаат играчите, пример утакмицата со Бате. Недела дена еуфорија, и после реваншот дрва вакви такви кој им дал на овие копачки. А да влезеше шутот со глава на Јове, ќе беше лееле цел живот го чекам овој момент.
Да имам пари, би изнајмил една агенција за обезбедување да ги вади за уши ликовите ко Џонтрава и 90 посто од Скопјево кое иде на спортски настани.

Факт е дека Таневски после повредата на коленто не може да фати континутет, али да барате да ја остави лентата е трагикомично. Или па да го седнат на клупа, кој ќе игра, клошарон Најдоски што 150 пати има провоцирано? Бојќе не го рачунам веќе, он може да биде само од корист во тунелите на стадионите во Штип и Тетово
 
:facepalm:

За никого не навивам у лигава наша непостоечка, ја гледав утакмицата, напраи глуп потег Таневски и си искоментирав, не знам што не е јасно тука.
Па би ги вадел за уши ликовите као мене :pos: какви ликови бе друже? Идете си вие слободно на стадион не ви се мешам, немајте гајле. :D
Бог да чува.
 
Што те спротера да гледаш утакмица од нашава непостоечка лига?

Ако дојде до некој успех еден куп индијанци ќе се накотат, па затоа ти напоменав уште од сега, барем ти да не поштедиш од патетика
 
Што те спротера да гледаш утакмица од нашава непостоечка лига?

Ако дојде до некој успех еден куп индијанци ќе се накотат, па затоа ти напоменав уште од сега, барем ти да не поштедиш од патетика
Има некои играчи што ги познавам и сакам да ги гледам, ништо поише.
 
Голот за победа :facepalm:...јас да сум на голот нема да дозволам таков гол.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom