Незнам дали е постирана овде но еве дел од колумната на Панчев за Екипа.
„
Денешен инвеститор или сопственик, ако е тоа, е ново име во фудбалот. Г-динот Самсоненко е добредојден во Вардар. Тој е најавен како многу способен и успешен бизнисмен. Во ракометот, женскиот и машкиот, покажа сериозност и за кусо време се постигнати одлични резултати. Покажа дека му е јасно како се презентира и популаризира успешен спортски колектив. Во женскиот ракомет на челни позиции ги постави нашите најуспешни и најпознати ракометарки.
Но, тој модел треба да го примени и во фудбалот. Јасно е дека клубот мора да ги врати своите најценети имиња. Во прилог на таквото размислување треба да се посочи Баерн Минхен, кој што веќе две децении го водат еден Бекенбауер, Хенес, а денес и Румениге. Не треба да мислиме дека во Германија не постојат добри бизнисмени или економисти, и тие се сигурно присутни во тој клуб, но јасно е дека без овие имиња Баерн не би бил најуспешниот европски, па и светски, фудбалски колектив. Црвена Звезда своите најголеми успеси ги постигна тогаш кога на чело на клубот беше нивното најзвучно име Драган Џаиќ. Такви примери ќе најдете на секаде и во клупскиот и во репрезентативниот фудбал. Топлата вода е одамна измислена, а ние веќе 20 години се мачиме одново да ја измислиме. Формулата за успех е позната и треба што побрзо, ама и со искреност, да ја примениме.„
http://ekipa.mk/kolumna-na-darko-panchev/
Со други зборови муабетот е земете ме мене. Не сум само сигурен колку нашите поранешни фудбалери се способни за менаџирање и не е гаранција за успех. Убаво што го спомна Бајерн , но Бајерн имал 100 тици фудбалери и од нив 5 до 10 луѓе имат функција а од тие само двојца се на високи функции. Значи за таа работа е потребен посебен талент.