Јас па би ти одговорил недај боже да бидеме ко вардар двократно фузиран тим со безброј малверзации и корумпираност врзано за неговото име а да не зборам и за какви се не луѓе биле на челото на клубот со огромен број на поединци на самопрогласени навивачи кој рака на срце повеќе штета му нанеле на клубот него што помогнале, клуб кој безмалку цел тим на работнички преку ноќ ги украде и го облекоа црвено црниот дрес(да се чудиш кој клуб глеаш што игра) клуб кој во својата понова историја имаше очаен план за младинската школа, клуб кој има огромни дамки од организациски план ( од мечевите со цска спарта па и да не заборавиме каков циркуз имаше со цска софија на пријателската)
и ме мрзи да пишувам понатака а листата е огромна , и немој со тие приказни вардар е светост ово оно
Се надевам самс ќе ве опраи и стави во ред тоа е за доброто на сите, но пред да плукаш прво во својот двор погледни си .
Правиш многу лоша споредба меѓу мојот и твојот пост.
Вистина е дека за нашиот клуб се врзани многу малверзации и корупции и сомнително откупување на местото на Миравци, но тоа нема врска со мојот пост.
Никој не сака такво владение во клубот, на сите ни е преу тасета од матните игри во Вардар и од обидите на разни фаци да ќарат од клубот, не знам кој се согласува дека на тој начин треба да функционира нашиот клуб.
Тоа со двократна фузија нема да те поддржам, не знам што е проблемот во единствената фузија што од Победа и Македонија се создал Вардар, ама со Миравци немаше никаква фузија, едноставно заобиколување на законите
Околу младинските школи имавме катастрофална работа изминативе години, а по доаѓањето на Самс колку-толку се подобрија работите и кога тогаш ќе тргнеме на правилен пат. Не знам на што алудираш со крадењето играчи, и вие кога работевте со Трифун сите млади играчи ни ги земавте за без пари. Нормално е тој што има пари да ги купува талентите од другите школи. Земи пример од Металург во ракомет во моментов. А најдат таленти од Струга воглавно, одма им ги земаат и после ги делкаат. Металург и во фудбал направи добра младинска школа, а повеќето играчи ги испоземаа од други школи. Пример дечкото што го реши купот во младински фудбал играше 4-5 години во младинските погони на Вардар.
Досега во последниве 10-тина години најдобро работел Работнички, и тоа единствено во времето на Трифун. Е тоа беше добар тим, направен со одлична работа. На сличен пат е и Шкендија. Прво работат на инфраструктурата, па сите пропратни работи, па лека-полека градат сосема солиден тим. На добар пат можеби сме и ние во моментов, рано е да се оцени.
Не знам што толку се напали, јас зборев за РАБОТАТА НА РАБОТНИЧКИ ВО МОМЕНТОВ, ништо не споменав за историјата на клубот, ниту пак за работата во претходните години.
Колку и да те боли, во моментов Работнички е тим од МЕНАЏЕРЧИЊА. Сите менаџерчиња од Македонија си ги буткаат своите играчи кои ги носат во Работнички, за да билдаат статистика и после да ги носат во странство. Ниеден денар од парите не оди кај Работнички туку одат по џебовите на нивните менаџери. Впрочем и тренерот и човекот кој ги води сите работи во клубот е таков тип на менаџер. Едноставно на клубот првенствена работа му е продавањето на играчите за лични цели. Тоа што освоивте дупла круна е заради сакатоста на лигава. Друга работа што можете да привлечете играчи пошто доаѓаат со договор дека може да си одат кога сакаат. Маневски ви избега во Тајланд, Велковски во Сараево, Зајков истотака немал договор и отиде во Рен, а вашите менаџери ќе лапнат оштета заради правилата од УЕФА за млади играчи. Имате добри менаџери кои успеваат да ги носат играчите во силни тимови, иако реално немаат квалитет за во тие тимови. Затоа и доаѓаат во Работнички, затоа што им се отвара вратата за во странство.
Мојот пост беше насочен кон тоа дека ТАКВО РАБОТЕЊЕ не сакам. Да, би ми се допаднало ако парите одат за потребите на клубот, ама вака во никој случај не би поддржал.