Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
На лев бек може да се проба и со Лазевски. Ќе си иде од Украина зимава.

За Стојков пишав баш пред некој ден, чека повик од идниот газда. Иначе Боби му се јавил.
За Ѓоко не си далеку од вистината. Него договорот со Арапите му завршува во Април и може да дојде на крај од сезона.
Абе тој Никола Глигоров исти кур ми е ко Пеџа. Цела кариера лута и се врти во круг. Не глеам некоја значајна разлика искрено, али и за него се збори дека ќе си оди од Азербејџан зимово, па ете прилика да пробаат нашиве да го ангажираат.

Глиговор имал преговори и со Работнички,но не верувам да се врати во Македонија барем уште 2 години. Во денешен спорт има изјава на Пеџа дека приоритет му било странство, а ако не најде ангаѓман во странство ке дошол во Вардар.
 
Да да... ние ќе го чекаме него да бара ангажман во странство. Нека си брка работа. Ете го и Спировски е слободен играч, може и со него да покушаме.
Иначе еве прв посериозен испит за Самсоненко и неговата тајфа. Грне е ослободен од обврските кон Ботев, да видиме колку се сериозни во намерите за создавање тим што може да биде конкурентен во Европа:
http://www.botevplovdiv.bg/Botev-prekrati-dogovora-i-na-Boban-Gruncharov-2228.html
 
На лев бек може да се проба и со Лазевски. Ќе си иде од Украина зимава.

За Стојков пишав баш пред некој ден, чека повик од идниот газда. Иначе Боби му се јавил.
За Ѓоко не си далеку од вистината. Него договорот со Арапите му завршува во Април и може да дојде на крај од сезона.
Абе тој Никола Глигоров исти кур ми е ко Пеџа. Цела кариера лута и се врти во круг. Не глеам некоја значајна разлика искрено, али и за него се збори дека ќе си оди од Азербејџан зимово, па ете прилика да пробаат нашиве да го ангажираат.

Е со Лазевски ќе ја украсиме :D Отиде таму и не заигра. Дечкото е еден од најлошите леви бекови што се водат под македонски пасош. Не зејбавај, не знае да трча уште :)

Боби му се има јавено уште пред нова година, а Ацо ако чека така, ќе си дочека.
Глигоров е доста солиден, башка репрезентативец, има фудбал у него.
А Пеџа ако дојде, треба да му се отиде на тренинг и делење заушки. Мрсулот ќе чекал, ако не нашол во странство, ќе дошол кај нас. Абе од такви неаме ние просперитет.
 
1551517_613883875333803_819188606_n.jpg

И уште неколку пароли има низ Скопјево ама нема уште слики.
 
Над новиот графит во Кисела Вода беше извадена парола, "ВАРДАР БЕЗ КОМИТИ, НЕ Е ВАРДАР" или нешто слично :icon_mrgr:
 
На лев бек можат да го донесат Ашковски. Мислам дека му заврши позајмицата во Доњи Срем, а очигледно од Партизан немаат сериозни намери со него, башка и наше дете е. Проблем би можело да биде само тоа што во Србија го форсираа како лево крило, па не знам колку би му одговарало да го вратат на бек.
Мене највеќе ми чкрипи позицијата заден везен, таму немаме добри играчи ни за во наша лига освен Деспотовски, а и на него Неџипи што му правеше во Тетово е доказ дека не е за во клуб со европски амбиции. Глигоров би бил и повеќе од добро засилување.
 
Кој и да носат да не биде на позајмица само...
Нема потреба да им разигруваме играчи на тимовите од соседните држави. Подобро со Цикарски да играат, него ли да носат некој на позајмица.
 
Па затоа реков очигледно дека Партизан немаат сериозна намера со него, ми изгледа дека сакаат да се ослободат од него, а договорот мислам дека му завршува во јуни така да не верувам дека би правеле проблем да дојде комплетно кај нас. Инаку и јас сум против позајмици, посебно ако е за шест месеци, што ќе ни е за во наша лига...
 
На лев бек можат да го донесат Ашковски. Мислам дека му заврши позајмицата во Доњи Срем, а очигледно од Партизан немаат сериозни намери со него, башка и наше дете е. Проблем би можело да биде само тоа што во Србија го форсираа како лево крило, па не знам колку би му одговарало да го вратат на бек.
Мене највеќе ми чкрипи позицијата заден везен, таму немаме добри играчи ни за во наша лига освен Деспотовски, а и на него Неџипи што му правеше во Тетово е доказ дека не е за во клуб со европски амбиции. Глигоров би бил и повеќе од добро засилување.

На него скрос изумив, а баш пред некое време имаше изјава во која потврди дека бил контактиран од Вардар. Ако е паметен ќе си дојде во Вардар, многу полесно ќе се пробие од тука отколку во Партизан, кој само го шетаат по српски потпросечни лигаши.
Исто и Глигоров очигледно не е во плановите на актуелниот негов клуб од Азербејџан, па треба да се запне од нашава управа за негов ангажман.
Јас сум и Спировски да се донесе, срединава ни е катастрофа, само еден нов играч нема да заврши работа.
Интенција на новово раководство мора да биде собирање на интернационалците кои не се прв план кај своите клубови и врзување со цврсти договори, и така постепено да се гради квалитетна екипа.
 
Ашковски во никој случај не е подобра варијанта од Цикарски. И во репрезентација го форсираа како лево и десно крило, и откако виде Бабунски дека нема леб во него го шутна.
 
Ашковски во никој случај не е подобра варијанта од Цикарски. И во репрезентација го форсираа како лево и десно крило, и откако виде Бабунски дека нема леб во него го шутна.

nema namera Askovski da se vrati u MKD komisja mi bese a i go znam bratuced mu i mi kaza deka nemal namera da se vraka ovde u MKD
 
А денес биле ли на прегледи има ли некој инфо, утре од колку е собирот???
 
дефинитивно најголем проблем ќе бидат бековите, во напад со Фичо и Бујчевски ќе бидеме топ, ако дојде Илчо уште подобро(иако не сум за негово доаѓање, во тој случај Бујчевски не би имал шанса а и не верувам дека би можеле заедно Илчо и Фичо истовремено), во среден ред треба еден ремонт Петровиќ, Темелков, Јовановски нема што да бараат тука, Деспотовски и Блажевски треба да добијат шанса, доколку земеме двајца од Спировски, Глигоров, Ранѓеловиќ би биле покриени и тука.. Ако некако улета и Грнчаров би имале солиден тим.. Како и да е, титулата би требало да е наша, у Европа преку ноќ нема шанси така да најбитно е за мене спонзор што ќе вети стабилност наредни 10год. и подобрување на инфраструктура
 
Тој Ашковски е тапа играч, само има некој шо го форсираше во репрезентација неколку утакмици и самите видовме колку вреди...
После позајмицата од Доњи Срем ќе продолжи во некоја ЧКЉ лига или во Напредок, Силекс ќе си игра :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom