Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Вардар-Гостивар 4-0!
Каков тим е овој Гостивар, мислам дека одамна немам видено ваков слаб тим во лигава. Искрено не познавам ниту еден од нивниве играчи, така да не можам многу да говорам. Каква спора одбрана имаа мајко мила, да му се играше малце повеќе на Стојков 10-0 можевме да тепаме. Па Милиќ и Доне да ги пуштевме ќе ги претрчуваа централниве дефанзивци на Гостивар :pos:
Можам да кажам дека сами го направивме мечот интересен откако кајгана група почна со заебанции на сметка на Стојков, за потоа громогласно да се скандира АЦО МАЈСТОРЕ :pos:
Првите 60-70 минути беа малтретирање...

Гостивар не беше толку лош во првиот дел, а нашиве ги мрзеше да играат. Кажаа и самите немаат мотив за игра кога нема навивачи, за кого да играат?
Влатче дебитираше денеска, и имаше солидно деби. Играше како AMC, позади Адемовиќ. Изгледа Бујчевски лапнал суспензија од два месеци :cenzura:
Првиот гол падна поради сакатоста на домашниот голман. Имаше убава акција, Влатче до Хименез, овој нафрли, а Стојков како второодделенец биеше со глава, но голманот на Гостивар сам си ја пикна топката во гол :pos:
Гостивар имаше две опасни шанси после нашиот гол и тоа беше се што направија. Нормално шансите беа ради катастрофалната наша одбрана. Особено Димитровски имаше киксерска вечер. Имаа два удари од скоро чисти позиции но Захов одлично одбрани на два пати.
И тоа беше се од Гостивар. Ние се мачевме да направиме шанса во првиот дел покрај онаа по која падна голот. Дури можам да кажам дека бевме на исто ниво со Гостивар.

Второ полувреме истотака почна доста мачно. Без никаква игра од двете страни. Првиот момент на мечот беше кога Захов исфрли една топка со глава :D
Тука веќе почнавме да ги трчаме Гостиварци. Прво Стојков се посра откако доби топка пред голот на Гостивар и многу лошо ја додаде иако Адемовиќ беше сам.
За вториот гол асистираше Цикарски. Топка во празно, ги истрча како брз воз дефанзивците на Гостивар, и двајцата со Адемовиќ ги оставија метри позади себе своите чувари, Мите му ја додаде на Адемовиќ а овој биеше траљаво но доволно за 2-0 :)
Потегот на вечерта беа ножичките на Адемовиќ. Нафрлување од Хименез, Адемовиќ со ножички од 10-тина метри биеше над стативата.
Но не погреши од третата шанса. Одново каснеа дефанзивците на гостите, Адемовиќ доби топка на раб на шеснаесетник, без потреба ја застана, но биеше прецизно во долниот лев агол за 3-0.
Последниот гол падна од пенал. Одново слична акција, топка во празно, мислам дека Петров го фаулираа (влезе место Влатче на 1-0). Тука се напаливме почнавме да викаме АЦО МАЈСТОРЕ, па Стојков ја зема топката и биеше за 4-0 за голема радост на трибините :icon_mrgr: Даде два гола, ама затоа немаше ни 100 метра истрчано цел меч :D
Свое скандирање од нас доби и Боби, но не дека добро го водеше тимот, туку затоа што даде добар штоп на една топка што летна накај него :icon_mrgr:

Гостивар какви играчи има, на крајот влезе еден мешавина од Ник Слотер од Тропски горештини и Вороњин :pos: Се издишаа до 60-та минута, не можеа да одат после тоа.
Дефинитивно се кандидати за испаѓање.

Ние ако играме вака тешко нас...
Мечот го одбележа и судијата. Имаше неколку остри стартови од гостинските играчи но картони немаше. Го навлече гневот на публиката. На крајот направи безпотребна драма. Прво му даде жолт на Хименез зашто ја шутнал топката после судиско свирче, за после тоа ради наводна глума за пенал му даде и втор жолт и црвен. Среќа што имаме куп меч во среда, иначе тешко нас ако требаше без Хорхе да играме во Тетово.
На крајот и он и Боби жестоко реагираа кон судијата, а богами и публиката :icon_mrgr:

На трибини скоро ист број на фанови на Вардар и Гостивар, мада гостите магично испарија некако во вториот дел. Меѓу нив имаше и Македонци ако не се лажам.
Дел од нив имаа карти за запад, и кога во второ полувреме слушнаа дека Комити пеат од надвор, мислеа идат накај нив и со шпринт избегаа :pos:
Денес планот беше да се кружи околу стадион, да се шетаат малце џандарите кои беа во изобилство и да се размрда малку работата. Али за да не ми биде џабе патот, јас си влегов на јужна... Инаку Комити скандираа од повеќе страни надвор од стадионот, воглавно против управа. Во еден момент се скандираше и од надвор и од нас што бевме на јужна. Можев да забележам како негодуваа некои членови од управата :icon_mrgr: Се навиваше некои 10-тина минути од под јужна веројатно...
 
Имаше и на запад 5 навивачи на гостивар и на прашање што праиш тука одговори со : сум утнал страната
 
Гостивар какви играчи има, на крајот влезе еден мешавина од Ник Слотер од Тропски горештини и Вороњин :pos: Се издишаа до 60-та минута, не можеа да одат после тоа.Дефинитивно се кандидати за испаѓање.

Ау, ау, ау :pos::pos::pos:
 
Изгледа Бујчевски лапнал суспензија од два месеци :cenzura:

Нема лапнато, ама нашиве изгледа се плашат да го стават во тим зашто второстепената комисија на ФФМ сеуште нема донесено одлука на жалбата на Металург.
 
Според некои ФБ профили, изгледа ќе се води постапка против нашиот клуб за грешна регистрација на Бујчевски. Па би го загубиле мечот со Металург службено и би добиле казна од 3 до 9 бода :confused:
 
Според некои ФБ профили, изгледа ќе се води постапка против нашиот клуб за грешна регистрација на Бујчевски. Па би го загубиле мечот со Металург службено и би добиле казна од 3 до 9 бода :confused:



Кој фб профили? Кога второстепена комисија смнила одлука во МКД? Остај што пишуваат новинарите на минчо
--- надополнето: 16 септември 2013 во 18:26 ---
Според некои ФБ профили, изгледа ќе се води постапка против нашиот клуб за грешна регистрација на Бујчевски. Па би го загубиле мечот со Металург службено и би добиле казна од 3 до 9 бода :confused:



Кој фб профили? Кога второстепена комисија смнила одлука во МКД? Остај што пишуваат новинарите на минчо
 
Вардарова колекција имаше пишано :) А прилично е запознаен со настаните во Вардар...
 
Според некои ФБ профили, изгледа ќе се води постапка против нашиот клуб за грешна регистрација на Бујчевски. Па би го загубиле мечот со Металург службено и би добиле казна од 3 до 9 бода :confused:

Абе нема никаква логика да го казнат Вардар, ама ај останува да видиме. Значи Вардар не го стаил Бујчевски на своја рака на официјален меч, него откако ФФМ претходно одобрила негова регистрација. Ова ми испаѓа како да аплицираш за британска или америчка виза и по некоја случајност ја добиваш, иако немаш потполна документација, и на крај уште ти си крив што ти одобриле. Ај за Бујчевски разбирам што му е поништена регистрацијата зашто исписницата со која е регистриран е неважечка, ама Вардар да го крка зашто некоја пијандура од ОФС напраил превид е нон-сенс! Нека се преиспита ФФМ и нека го репне својот неписмен службеник што не си ги познава правилниците на матичната федерација!
 
Најверојатно на нас ќе ни биде одземен 1 бод, а на Металург ќе им се додадат уште 2, фактички ни ја зимаат службена.
А Бујчевски најверојатно ќе биде казнет 2 месеца :tapp: :facepalm:
 
Со прв состав играме во купот :pos:
Во недела играме дерби со Шкендија на гости овој со прв состав ми искача во купов. Ти ебам купот смрдлив :tapp:
 
Губите 1-0 уште од 3-та минута. Случајно налетав на твитер профилот, има у живо коментари :D
 

Може да го состават од младинците. Пример Јасир Асани можеше да игра лево крило, место Цикарски можеше Рибарот да е лев бек, Стојчевски и Таневски централни бекови. Не знам што точно игра Роберт Митев, ама против Зајас он играше место Рељиќ. Средина Блажевски и Јовановски на пример, Симјановски AMC, напад некој од младинците. Можеа да искомбинираат некој тим...
--- надополнето: 18 септември 2013 во 17:54 ---
Пораз од 1-0 на крајот...
Според она што може да се прочита на нашиот сајт, утакмицата била подосадна амин. Ни бапнале гл во првите минути и до крај се бранеле, а ние сме биле безидејни за да створиме шанса. Реваншот е за недела дена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom