Вардар-Гостивар 4-0!
Каков тим е овој Гостивар, мислам дека одамна немам видено ваков слаб тим во лигава. Искрено не познавам ниту еден од нивниве играчи, така да не можам многу да говорам. Каква спора одбрана имаа мајко мила, да му се играше малце повеќе на Стојков 10-0 можевме да тепаме. Па Милиќ и Доне да ги пуштевме ќе ги претрчуваа централниве дефанзивци на Гостивар

Можам да кажам дека сами го направивме мечот интересен откако кајгана група почна со заебанции на сметка на Стојков, за потоа громогласно да се скандира АЦО МАЈСТОРЕ

Првите 60-70 минути беа малтретирање...
Гостивар не беше толку лош во првиот дел, а нашиве ги мрзеше да играат. Кажаа и самите немаат мотив за игра кога нема навивачи, за кого да играат?
Влатче дебитираше денеска, и имаше солидно деби. Играше како AMC, позади Адемовиќ. Изгледа Бујчевски лапнал суспензија од два месеци

Првиот гол падна поради сакатоста на домашниот голман. Имаше убава акција, Влатче до Хименез, овој нафрли, а Стојков како второодделенец биеше со глава, но голманот на Гостивар сам си ја пикна топката во гол

Гостивар имаше две опасни шанси после нашиот гол и тоа беше се што направија. Нормално шансите беа ради катастрофалната наша одбрана. Особено Димитровски имаше киксерска вечер. Имаа два удари од скоро чисти позиции но Захов одлично одбрани на два пати.
И тоа беше се од Гостивар. Ние се мачевме да направиме шанса во првиот дел покрај онаа по која падна голот. Дури можам да кажам дека бевме на исто ниво со Гостивар.
Второ полувреме истотака почна доста мачно. Без никаква игра од двете страни. Првиот момент на мечот беше кога Захов исфрли една топка со глава

Тука веќе почнавме да ги трчаме Гостиварци. Прво Стојков се посра откако доби топка пред голот на Гостивар и многу лошо ја додаде иако Адемовиќ беше сам.
За вториот гол асистираше Цикарски. Топка во празно, ги истрча како брз воз дефанзивците на Гостивар, и двајцата со Адемовиќ ги оставија метри позади себе своите чувари, Мите му ја додаде на Адемовиќ а овој биеше траљаво но доволно за 2-0

Потегот на вечерта беа ножичките на Адемовиќ. Нафрлување од Хименез, Адемовиќ со ножички од 10-тина метри биеше над стативата.
Но не погреши од третата шанса. Одново каснеа дефанзивците на гостите, Адемовиќ доби топка на раб на шеснаесетник, без потреба ја застана, но биеше прецизно во долниот лев агол за 3-0.
Последниот гол падна од пенал. Одново слична акција, топка во празно, мислам дека Петров го фаулираа (влезе место Влатче на 1-0). Тука се напаливме почнавме да викаме АЦО МАЈСТОРЕ, па Стојков ја зема топката и биеше за 4-0 за голема радост на трибините

Даде два гола, ама затоа немаше ни 100 метра истрчано цел меч

Свое скандирање од нас доби и Боби, но не дека добро го водеше тимот, туку затоа што даде добар штоп на една топка што летна накај него
Гостивар какви играчи има, на крајот влезе еден мешавина од Ник Слотер од Тропски горештини и Вороњин

Се издишаа до 60-та минута, не можеа да одат после тоа.
Дефинитивно се кандидати за испаѓање.
Ние ако играме вака тешко нас...
Мечот го одбележа и судијата. Имаше неколку остри стартови од гостинските играчи но картони немаше. Го навлече гневот на публиката. На крајот направи безпотребна драма. Прво му даде жолт на Хименез зашто ја шутнал топката после судиско свирче, за после тоа ради наводна глума за пенал му даде и втор жолт и црвен. Среќа што имаме куп меч во среда, иначе тешко нас ако требаше без Хорхе да играме во Тетово.
На крајот и он и Боби жестоко реагираа кон судијата, а богами и публиката
На трибини скоро ист број на фанови на Вардар и Гостивар, мада гостите магично испарија некако во вториот дел. Меѓу нив имаше и Македонци ако не се лажам.
Дел од нив имаа карти за запад, и кога во второ полувреме слушнаа дека Комити пеат од надвор, мислеа идат накај нив и со шпринт избегаа

Денес планот беше да се кружи околу стадион, да се шетаат малце џандарите кои беа во изобилство и да се размрда малку работата. Али за да не ми биде џабе патот, јас си влегов на јужна... Инаку Комити скандираа од повеќе страни надвор од стадионот, воглавно против управа. Во еден момент се скандираше и од надвор и од нас што бевме на јужна. Можев да забележам како негодуваа некои членови од управата

Се навиваше некои 10-тина минути од под јужна веројатно...