Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Реално слаб почеток на првенството ако се земе во предвид дека ние одамна почнавме со тренажен процес, игравме со скоро ист состав од лани, и тоа против екипата која според мене е најслаба во лигата.
Македонија ЃП беше прилично рамноправен противник, иако колку и да беа блиску сда дадат уште некој гол можеа и да изгубат уште повеќе.

Поведовме со 2-0 после два корнери. Се гледа дека убаво ги имаме уиграно корнерите, ама во тој период ништо повеќе не покажавме.
Бековите човече :tapp:
Резил жив, и Рибарот и Рељиќ.
Јас мислев подобар играч добивме од Мичка, тоа исти курац :tapp:
Рибарот...
ОДМА ШУТ КАРТА, човече Цикарски е Роберто Карлос за него.
Ради него Ѓорче дојде до неколку шанси, како магаре си го играше противничкиот играч со број 24 ако не се лажам.
На 2-0 пред пеналот за Ѓорче претпоставувам имаше уште еден. Го измотаа Рибарот, па некој стртуваше и мислам дека беше чист пенал.
Ѓорче ја превзема иницијативата и ние изгледавме многу смешно во тие моменти.
Тандемот во средината ни е легендарен.
НЕМА ТЕОРИЈА ДА ОСВОИМЕ ТИТУЛА со таков тандем. Темелков и Петровиќ.
Овој Петровиќ човече е камен невиден, со душа чекам Симјановски да почне да игра, па дури и Мики Јовановски постабилен ми изгледаше.
Петров како полушпиц одново промашена замисла. Хименез според мене една од најслабите утакмици ја одигра. Се изнапромаши, ниеднаш не успеа да дрибне некого, многу лоша партија.
На 3-1 имаше две-три шанси, и цело време биеше во противничките играчи.
И Стојков дрво невидено. Го мрзи да оди, не знам што чека зошто не го игра Гаго како стартер.

Сите ги искриткував иако тепавме со 4-1.
На 2-1, Костовски се посрамноти со многу лошо изведениот пенал...
Таман го искритикував ја покажа класата за нашава лига.
Во тие минути гостинскиот голман имаше свои моменти. Се изнабрани. Пеналот, плус 2-3 зицери особено шансата на Петров.
Цикарски изигра одлично второ полувреме, не мрднаа по негова страна, а во прво полувреме таму беа најопасни. Павловиќ имаше по една успешна парада во двата дела.
Костовски им го кажа вицот по утнатиот пенал. Прво сам ги нанижа и зголеми на 3-1, после тоа со малку среќа зголеми и на 4-1.

Видовме многу голови, ама мечот пак беше некако без жар.


На трибините според моја процвенка имаше повеќе фанови на Ѓорче. Запад празен, па дури и владиниве поттрчковци го почитуваа бојкотот :icon_lol:
ДХ во бројка околу 80-тина души солидно навиваа во текот на целиот меч. Не знам само што им е со тоа свадбарските ритмови во некои моменти :icon_mrgr:

Уште еден пех на нашата управа.
НЕМАШЕ КАРТИ ЗА ЈУЖНА????!!!!!!!!!
Се направи мешаница од 50 души пред билетара пошто дебилите имаа карти за север а таа трибина НЕ БИЛА ОТВОРЕНА :pos:
Какви дебилштини се ова, со тапија човче.
Па ни шиткаа карти за запад и со нив пуштаа на југ...
 
На трибините според моја процвенка имаше повеќе фанови на Ѓорче. Запад празен, па дури и владиниве поттрчковци го почитуваа бојкотот :icon_lol:
ДХ во бројка околу 80-тина души солидно навиваа во текот на целиот меч. Не знам само што им е со тоа свадбарските ритмови во некои моменти :icon_mrgr:


Aргентина бре,забава до максимум :D
 
Денов човече...:tapp: не сум се осеќал вака уште кога идев да гледам 3 лига, си купив сончоглед за 50 и уште весник ми фалеше да си ставам на столчето :icon_lol:

Најголемиот момент денес и повторно на сцена нашата златна управа...Се чекав со Коњаникот Сабја и еден негов другар, му се јавувам му викам, ај дур те чекам да купам карти, ми вика ок земи за јужна, идам на билетара и пази го моментов:
3 карти за јужна
-Нема за јужна
Јас со ваква фаца :eek: :confused: викам за јужна
-Да,да за јужна нема веќе се продадоа
Сакаш да кажеш дека ги распродадовте сите карти :icon_lol:
-Абе имам тука некои карти за северна ако сакаш
Епа дај ако ја отвориле и севрна
-А мислам дека не е отворена
WTF :eek:

:pos::pos::pos:
На крај што испадна дур имаше карти за јужна си купуваа по 100-тка кога снема ние за 50 денари со тие за западна влеговме исто на јужна :pos::pos::pos:
Еден влез отвориле, а за враќање среќа и тој што го фативме пред затварање :pos:
Утакмицата...5 гола а толку досадна човече. :facepalm: Моравме и од овие гол да примиме :facepalm:
Нашиве камења, бекови и цела средина исто како да немаме :facepalm:
Јужна и не беше лошо исполнета, поголем дел беа за Ѓорче...
ДХ солидна бројка за нив, убаво изгледаа на трибината, грмеа на неколку пати, но имаа и моменти каде што на се личеа само на озбилна н.г. не. Одат накај нив 5-6 деца, овие се палат како титула да креваат и мафтаат со рацене како да ги викаат да се тепаат, мизерија жива :pos: после со препеаните песни од Комити/ФА свадбарските ритами....Аргентина? :confused: Шутка брате со додаден турбофолк кој дава посебен шмек :pos: потоа поздравите до фудбалерите, многу кафански човече, како од жабар да дојдоа... :icon_lol:
Врвот беше оној ритамот, каде што викаат Ѓорчеее, и мутирањето на гласот од детски накај женски :pos: без навреда ама многу лошо звучи. Ритамот како Албанец во кабриолет на Џон Кенеди. :D Малце смешни ми беа, ама имаа добро навивање :icon_mrgr:
Следна утакмица гостување кај Еуромилк :facepalm:
 
Незнам бе јас го гледав второто и добро Вардар изигра,ама по вашите коментари значи сум пропуштил интересно прво полувреме.Јас си реков и првото во шише сте ги клале :D
 
Хет трик за Костовски од кои последните 2 гола беа ремек дело...пак да го критикуваш....


Ако е до мене, ќе го критикувам и Ѓорѓиев, па и Цикарски и Петров. Па и целата управа, па може ќе тргне на подобро работата.
 
Тоа е тоа, ситуацијата е иста како и лани. Не би требало да имаме проблеми на домашните натпревари, класа сме појаки од било кој друг тим во лигата на нормален терен, останува само да не се губат бодови на гостувањата. Убаво би било да направиме поголема предност пред Шкендија на почетоков, само они можат да ни ја загрозат титулата.
Мислам дека го видов Ивановски на клупа, значи ли тоа дека не нашол клуб во странство и ќе игра за нас сезонава?
И што се деси со темата за првенството, ја избришаа?
 
d249dd7f-1b67-49ab-b02c-a8e3e74e0d04.jpg


какви фаци се не ги можам :pos:
 
Уште Савиќ и Шишковски фалат за комплетна да биде сликата :)
 
На денешен ден пред 10 години беше утакмицата со ЦСКА, незаборавно искуство :) Иако имав 10 години, бев стациониран на Јужна со татко ми, и уште ми е врежано во глава, при секој напад на Вардар буквално се тресеше цел стадион, и малце страв ми беше :P Али пак сакам да доживеам таква утакмица. Со БАТЕ малку од малку заличи на тој 6 Август 2003 година, ама ипак не беше тоа тоа.

Прашањето е ќе доживееме ли пак таква историска победа?

Еве ви видеа од утакмицата, ако сакате потсетете се :) Добра статија имаше пред некој ден во Спорт баш за овааа утакмица. Патем, најдобрата утакмица на Вардар на која сум присуствувал.








Каков лешперски гол ни дадоа, ама па затоа како ги изработивме ние за голот (y)
 
Го заборавивме моментот на мечот со Ѓорче, кога судијата свирна силно со свирчето и му го дупна увото на Петров кој стоеше до него. Две минути се држеше за уво :pos:
 
Се шушка деновиве дека во ФКВ конечно ќе има некоја добра вест која ќе наиде на задоволство кај сите Комити. Во понеделник најкасно вторник ќе било објавено. Некој зборат дека Ивановски или Гроздановски ќе се враќаат, а јас се молам дека управава напушта...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom