Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Еве им празен стадион, па нека продолжат вака ако им одговара. Бојкот.
 
Полош фудбал оддамна немам гледано...
 
Многу ми е грд дресов дури ми личи на оној на шкендија од пред некоја година
 
По неодамнешните случувања и нереди се чуствуваме должни да испратиме соопштение до целокупната Македонска јавност со што истата би ја запознале со нашата страна на приказната. Имено за целосно да се разјасни ситуацијата и причината поради која настанаа инцидентите должни сме да направиме мала хронологија на настаните:-од страна на Бошко Шамаковски такнаречен Бошко Луди се формираше здружение на граѓани наречено Комити Запад Веп во кое претседател е гореспоменатиот. Истото здружение е направено со цел да биде претставник на навивачката група, но истото беше отфрлено од навивачите и самопоставениот претседател не собра ниту една пристапница во неговото здружение. по одбивањето на Комити да бидат претставувани од овој насилник започнаа секојдневните закани и притисоци, па сето тоа кулминираше кога на натпреварпт Вардар- Брегалница одигран на 30.03.2013. истиот со својата банда на криминалци влета на нашата трибина неспречуван од полицијата и обезбедувањето пришто ги нападна навивачите на трибината и направи голем инцидент. Истиот инцидент е документиран и на видео кое ви го приложуваме, а ниту причинителот ниту напаѓачите не беа уапсени по нападот.


По овој инцидент продолжија заканите, притисоците и проблемите. Истиот говореше како е испратен од управата на Вардар и со мир или сила сите мора да го почитуваат без разлика на се. Истиот дејствуваше на своја рака со што земаше пари од управата на Вардар и Фудбалската Федерација на Македонија, а доказ за тоа може да се добие со извод од неговата сметка. Иако неколку пати напоменавме на управата на Вардар дека овој човек не е наш претставник тие упорно продолжија да соработуваат со него и да му префрлаат пари најверојатно како награда за нашето "уништување и обид за превоспитување". Како најголема награда на Шамаковски Бошко од страна на управата на Вардар му беше предадена Западната трибина за обезбедување наводно во име на Комити ,а всушност со маска за уништување на Комити. На натпреварот Вардар- Стеауа од страна на новото обезбедување кое патем на Западната трибина делува без лиценци беше направен преседан кој е досега невиден и вечно ќе се запамети. Откако сите заедно пристигнавме пред Западната трибина најпрво беа пуштени 30тина наши членови, а потоа вратите беа затворени и ни беше забрането да влеземе на нашата матична трибина безразлика дали имаме карти или не. Сите останавме зачудени, но подоцна ни се разјасни на што се должи овој кукавички потег. Во меѓувреме обезбедувањето се однесуваше максимално насилно и направија обид да уапсат некои наши членови кои во минатото беа најгласни во бунтувањето против новото здружение. Да потсетиме обезбедувањето нема законски ингеренции да приведува физички лица па при одбивањето на нашите членови да бидат приведени настана општа тепачка во која од една страна беше обезбедувањето, полициските сили и локалните криминалци на претседателот на новото нелигитимно здружение, а од друга страна беа Комити. По овие инциденти се упативме кон кафаните во паркот за да го догледаме натпреварот, а на полувремето првичните 30тина членови кои беа пуштени на стадион биле нападнати со ножеви и метални прачки при што еден наш член беше прободен, а на друг му беа нанесени тешки телесни повреди со метална прачка. И при овој напад никој не беше уапсен, а се запрашуваме и како овие луѓе успешно внесоа ладни оружја на стадионот покрај обезбедувањето??! Доказ за овој настан се камерите на Западната трибина!

Сето ова сценски беше испланирано со цел да се демонстрира моќ и да се внесе страв помеѓу нас!За крај сакаме да напоменеме дека ние вистинските Комити кои сме со Вардар непрекинато 26години нема да присуствуваме на ниту еден натпревар на Вардар се додека не се смени управата на Вардар, а со тоа и владеењето на Бошко луди. Ние не разбираме зошто управата упорно сака од нас да направи непријатели и да креира негативен нагон на нашаите членови кон нив со тоа што испраќа луѓе за да не поделат, ослабнат и уништат?? Исто така со овој бојкот ќе може да се види колку подржувачи има бошко луди, а тоа ќе го покаже бројката на трибината. Дали целта на управата е да ги избрка сите навивачи од Градски па под затворени врати мирно да можат да прават што сакаат? Ние Комити Запад не сакаме никакви пари ниту од управата на Вардар, ниту од Град Скопје, ние не сме политички ориентирани и не сакаме да бидеме дел од политички игри. Не не интересираат пари, ниту обезбедување туку само правилно раководење на реномиран клуб како Фк Вардар, искрени намери и способна управа која клубот ќе го издигне на ниво плус. Лошата работа на управата може да се забележи со празниот стадион, заминувањето на најдобрите играчи од Вардар секоја сезона, лошата атмосфера и резултати во тимот како и негативното јавно мислење. Комити Запад неколкупати пробаа да и помогнат на управата со закажување на пријателски натпревар со Фк Шалке, но нашата управа не успеа ни таа шанса да ја искористи за да створи добар маркетинг, да го наполни стадионот, а со тоа и да профитира. Се надеваме ова соопштение ќе стигне до ушите на оние кои се моќни и надлежни, но неинформирани и несвесни.. Сакаме Европски Вардар!! Ќе страдаме ама не се предаваме!! Комити Запад 1987

преземено од: www.komiti.org
 
Ете ја плаќате цената шо ве спасија од испаѓање. Сепак добро е што се одлучивте јавно да кажете шо и како стојат работите
 
Ете ја плаќате цената шо ве спасија од испаѓање. Сепак добро е што се одлучивте јавно да кажете шо и како стојат работите

Подобро и никогаш да не го направија тоа.
Али мислам дека им се ближи крајот, дека нема да останат уште долго овие душегризници во нашата светост Вардар.
 
Еве им празен стадион, па нека продолжат вака ако им одговара. Бојкот.

Па и целата поента е тоа, да си прават што сакаат, а притоа на никој да не приложуваат сметки што и како ;)

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=19225

Aуу со 3ца играчи дури ќе се засилиме :icon_mrgr:
Иначе Ацевски го пратиле на позајмица во Ѓорче.

Наводо требаше и да дојдат двајца шпанолјци од Шпанија втора лига, на позајмица кај нас. Плата ќе си зимаа од своите клубови, а ќе играа за нас, ама па кој кур ќе ни се кога ги имаме на располагање Петровиќ, Темелков, Симјановски, Јовановски, Заревски (кога сум кај Заревски, под хитно дајте да собереме петиција да го избацат од состав, таква сељачка фаца не доаѓа у обзир да шета у наша соблекувална, а да не зборам па за неговите „фудбалски квалитети“).
Иначе Ацевски го има измислено фудбалот за фаци како погоре споменатите играчишта.

Јове кај и да е овие денови фаќа штикла, Фичо се враќа :свиркам: Жена му пак ќе шета по стадион по хеланки, навлезени у шупак :D
Добар потег со Стојчевски (y) На пријателската со Скопје пред да се патува за Романија, Столе развали, и мило ми е што на повидок е негов трансфер кај нас, наше дете е :)
А овој сечениот што треба да дојде, не го коментирам, ама квотата за промашен трансфер се движи негде околу 1,25 (y)

П.С. мисирот Савич на некој начин го бојкотира Боби, тоа копиле нигде го нема, ни на тренинзи ни на утакмици.
 
Овој босанецов повеќе клубови има сменето него што има години како проефесионален фудбалер....
Али кој го знае......за нашава лига и играчи од трета српска лига често знаат да бидат Дрогба.
 
Мене ме интересира на каков тип бојкот ќе се оди. Дали ќе биде пасивен, каде што ќе се игнорира клубот целосно (што мене лично не ми се свиѓа), или ќе се иде на активен бојкот со разни акции, посети на тренинг, упад на прес-конференција или слично.

Зашто после соопштението за бојкот ја не чув ништо друго, незнам ни каква е воопшто состојбата со групата.... Или се чека да поминат одмори :D
 
Ете ја плаќате цената шо ве спасија од испаѓање. Сепак добро е што се одлучивте јавно да кажете шо и како стојат работите
Нема врска тоа, нивното земање на клубот можеше да биде само придобивка за истиот, ради тоа што клубот има големи долгови и сите се надевавме дека ќе најдат асален спонзор кој истите ќе ги подмири. Ако гавниот град (општината со градоначалник од власта која е бог и батина во државава) не најде таков спонзор, сигурно нема ние да најдеме.

Или па муабетот да си игравте достојно. Што ќе сменеше тоа?
Една година плус ќе бевме во втора лига, една титула помалку во прва лига. После исти курац ќе беше како и сега. Демек дека побрзо не вратиле во прва лига нешто сме им должни и треба да им се поклонуваме? И ЛШ нека освојат ако не го водат клубот убаво, никој нема да ги сака и тоа го искажуваме јавно.

Или па подобро да не влегле во тимот.
Се гледа дека повеќето не знаат во каква ситуација испадна Вардар. Не знаат дека на првиот меч од сезоната еден играч не знаевме од клубот (деца од клубот, метро и желба за растење повеќето), клубот немаше никакви подготовки и во последен момент плати котизација. Не знаат дека само година дена Комити и УГЕ ги плаќаа фудбалерите (млади играчи воглавно...). Не знаат дека на мечот со Турново имавме голманче што не можеше да ја достигне топката ако беше повисока од метро седумдесет...
Никој не го болеше кур за клубот освен Комити и пар стотина луѓе, дека сите одвај чекаа да испаднеме и дека судиите матер ни ебаваа. Брацо за момент сакаше да го оправи клубот, но тогаш милион игри се свртеа и се случија многу работи.
КЛУБОТ ИМА ОГРОМЕН ДОЛГ, НЕ Е ИНТЕРЕСЕН ЗА НИКОГО!
Deal with it...

Како јас (а веројатно и повеќето други) гледав на превземањето на клубот од страна на градот во тој период:

Како прво воловите требаа многу порано да го земат клубот, како што се прави секаде низ светот, каде што на традиционалните клубови секакви долгови им простуваат, кондом клубовите ги ликвидираат ради долгови од 1 милион, а традиционалните имаат долгови по 100 милиони и трошат уште толку и никој не им се противи.

Нивна интереси: Зацврстување на градоначалничкото место во градот со тоа што ќе го направат шампион тимот кој е симбол на градот. Придобивка на навивачите кои им правеа многу проблеми во односите со коалиционите партнери од ДУИ. Со тоа и неутрализирање на една за наши рамки солидна по бројност организирана група од млади ликови.

Мои интереси: Конечно издигнување на клубот. Пошто нормално нема да сакаат јасно да покажат зошто се дојдени, очекував достојно да работат и покрај своите задкулисни работи конечно да решат некои основни работи. Во тој момент Вардар немаше помошно игралиште, немаше скоро никакви услови за работа, слаба младинска школа, немање веб страна итн. Она ради кое не се противев на нивното превземање беше фактот што мораше клубот да преине во АД, и воглавно сите мислевме дека со тоа ќе се изгубат долговите и дека со тек на време ќе најдеме јаки спонзори. Иако ги знаев нивните намери лично за мене знам дека неможе никој да влијае на мојата политичка ориентација, а познавајќи ги другите знаев дека групата нема да се продаде никогаш и попрво нема да постои отколку да станат партиски потррчковци. Помина времето кога Комити ги водеа партиски профитери.Едноставно власта ако не преку влегувањето во Вардар, ќе најдеше друг начин да проба да не придобие, така да си рековме дека има шанси вака клубот да добие многу работи, а они секако ќе добијат курац освен што може да не неутрализираат од трибина. Секако следен чекор им беше растурање на групите, а превземањето на клубот им беше само маска, т.е. еден вид на оправдување дека Комити му наштетуваат на клубот, а во позадина во тепачките со специјалците се крие нивната вистинска идеја. И пошто за народот навивачите се криви, си добија безболен начин да ги придобијат навивачите.

Сегашност: Работите делумно се исполнија. Клубот стана шампион на два пати и има солиден состав. Доби веб страна, но за срамота СЕУШТЕ НЕМА помошно игралиште ниту клупски простории, а на гостувања оди со градски автбуси. И покрај релативната стабилност на тимот, дојде моментот кога ги губат интересите затоа што видоа дека нас неможат да не придобијат. Автоматски ќе се вратиме на истата ситуација како во ЈУНИ 2011 кога ќе си одат. Само што ќе бидеме побогати за неколку титули од тогаш. Бараат спонзори но не може да најдат затоа што бараат многу пари за да го земат клубот. И најважното КЛУБОТ СЕУШТЕ ГИ ИМА ДОЛГОВИТЕ... Тука е одговорот дека фузијата со Миравци фактички како да не постои, туку бесправно се сменија само местата на екипите :) Прво си беше права фузија, ама откако сите негодуваа, си рекоа џабе ќе спонзорираме кога никој нема да навива за Вардар 1947 (клуб без долгови), па направија некоја мучка таму и се си остана исто ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И ДОЛГОТ.

Каде грешат сите кога викаат дека подобро да не влегле:
Јуни 2011, да речеме дека Вардар ќе останеше во втора лига. СПОНЗОР НЕМАВМЕ. Кој и да дојдеше ќе мораше или да биде рекетиран од Орце Камчев или да фрли неколку милиони евра за да се покрие долгот и потоа да го превземе клубот. А таков не се појави со години додека бевме во прва лига, А КАМОЛИ ВО ВТОРА...
Кои играчи ќе играа за беспари? Немаше ни кој да плати за котизација, па за гостувања, си има еден куп трошоци...
Директно ќе бевме пратени во општинска лига пошто ќе немавме тим освен ако не играа ленови на наивачката група :)
И во секој момент кога ќе сакаше клубот да биде превземен од некого НЕКОЈ ЌЕ ТРЕБАШЕ ДА ГО ПЛАТИ ДОЛГОТ...
Единствено решение е ФОРМИРАЊЕ НОВ КЛУБ и почнување од најниските лиги. Е тој клуб нема да биде сегашниот Вардар, губиш долгови (освен ако не се опростени) = губиш историја...
Тоа е исто како да се фузираш (ПО ПРАВИЛА :D) со некого...
Нормално и во тој случај сите ќе си ги рачунаат титулите, ама на хартија тоа нема да биде така.
 
Не ми е јасно како не те мрзи да пишуваш толкави постови??:confused:
Мене 30-тина постови да ми се соберат нема да бидат колку твојот:D
 
Не сум редовен на форумиве, но сепак подолго време го следам овој клуб и според овие состојби би кажал дека Вардар е засега во подобра состојба од што беше на пример до пред 5-6 години. Но, повторно, работата е тоа што нема кој да вложува во фудбалот. Кај се Макпетрол, мобилниве оператори, Витаминка, македонските банки, Скопска пивара да вложуваат во фудбалот? Која е причината за тоа и зашто не се прават напори за да се привлечат овие фирми? Не би се согласил дека е заради долговите, пошто ако некој се нафати сериозно да вложува и правилно да менаџира, може да оствари добивка доволна за да го покрие самиот долг на Вардар. Башка, има клубови што се со 100 пати поголеми долгови од оној на Вардар, но пак добро котираат во Европа.
И знаете, лесно е да се обвини управата и да и се вели поради некои работи да си замине од клубот, но никој не се прашува која е таа управа што би дошла на нејзиното место?? Тоа што Вардар сега немале свои автобуси е ситна работа. Позагрижувачки е тоа што нема луѓе кои би сакале да вложат во клубот, иднината е неизвесна. Пак ќе кажам, не е до долговите, пошто ако сакаа фирмите да даваат пари во фудбалот, ќе го направеа тоа преку други клубови кои што имаат помалце долгови од Вардар, ама и таму ги нема! Или не се прават доволно напори за да се привлечат, или едноставно, газдите на компаниите не ги интересира македонскиот фудбал.
Мислам дека треба вие како фанови на Вардар да правете напори да ги привлечете некако компаниите да инвестираат во Вардар, а со бојкоти немате никаква корист, особено не клубот. Не навлегувам во тоа зошто бојкотирате, ваша работа си е тоа, но не е лошо повеќе да се посветите околу тие работи.
 
Не сум редовен на форумиве, но сепак подолго време го следам овој клуб и според овие состојби би кажал дека Вардар е засега во подобра состојба од што беше на пример до пред 5-6 години. Но, повторно, работата е тоа што нема кој да вложува во фудбалот. Кај се Макпетрол, мобилниве оператори, Витаминка, македонските банки, Скопска пивара да вложуваат во фудбалот? Која е причината за тоа и зашто не се прават напори за да се привлечат овие фирми? Не би се согласил дека е заради долговите, пошто ако некој се нафати сериозно да вложува и правилно да менаџира, може да оствари добивка доволна за да го покрие самиот долг на Вардар. Башка, има клубови што се со 100 пати поголеми долгови од оној на Вардар, но пак добро котираат во Европа.
И знаете, лесно е да се обвини управата и да и се вели поради некои работи да си замине од клубот, но никој не се прашува која е таа управа што би дошла на нејзиното место?? Тоа што Вардар сега немале свои автобуси е ситна работа. Позагрижувачки е тоа што нема луѓе кои би сакале да вложат во клубот, иднината е неизвесна. Пак ќе кажам, не е до долговите, пошто ако сакаа фирмите да даваат пари во фудбалот, ќе го направеа тоа преку други клубови кои што имаат помалце долгови од Вардар, ама и таму ги нема! Или не се прават доволно напори за да се привлечат, или едноставно, газдите на компаниите не ги интересира македонскиот фудбал.
Мислам дека треба вие како фанови на Вардар да правете напори да ги привлечете некако компаниите да инвестираат во Вардар, а со бојкоти немате никаква корист, особено не клубот. Не навлегувам во тоа зошто бојкотирате, ваша работа си е тоа, но не е лошо повеќе да се посветите околу тие работи.

Ко прво за тоа дека Вардар е во подобра состојба од пред 5-6 години управо си, ама во подобра финасиска состојба мора да се потенцира, но не и органзиациски, дури може и полошо сме од тогаш.
А ко второ за управа нормално ќе си ги избрка Коце овие луѓе и ќе стави некои кои ќе работат сварно и организацсики да го средат клубот, а не како овие го пререгситрираа во Акционерско друштов и толку тука застанаа, ништо повеќе не направија.
 
Има ли сезонски за оваа сезона? И ако има, каде можам да купам?
Или пак наместо сезонски, со книшки ќе се оди оваа сезона :unsure:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom