Ете ја плаќате цената шо ве спасија од испаѓање. Сепак добро е што се одлучивте јавно да кажете шо и како стојат работите
Нема врска тоа, нивното земање на клубот можеше да биде само придобивка за истиот, ради тоа што клубот има големи долгови и сите се надевавме дека ќе најдат асален спонзор кој истите ќе ги подмири. Ако гавниот град (општината со градоначалник од власта која е бог и батина во државава) не најде таков спонзор, сигурно нема ние да најдеме.
Или па муабетот да си игравте достојно. Што ќе сменеше тоа?
Една година плус ќе бевме во втора лига, една титула помалку во прва лига. После исти курац ќе беше како и сега. Демек дека побрзо не вратиле во прва лига нешто сме им должни и треба да им се поклонуваме? И ЛШ нека освојат ако не го водат клубот убаво, никој нема да ги сака и тоа го искажуваме јавно.
Или па подобро да не влегле во тимот.
Се гледа дека повеќето не знаат во каква ситуација испадна Вардар. Не знаат дека на првиот меч од сезоната еден играч не знаевме од клубот (деца од клубот, метро и желба за растење повеќето), клубот немаше никакви подготовки и во последен момент плати котизација. Не знаат дека само година дена Комити и УГЕ ги плаќаа фудбалерите (млади играчи воглавно...). Не знаат дека на мечот со Турново имавме голманче што не можеше да ја достигне топката ако беше повисока од метро седумдесет...
Никој не го болеше кур за клубот освен Комити и пар стотина луѓе, дека сите одвај чекаа да испаднеме и дека судиите матер ни ебаваа. Брацо за момент сакаше да го оправи клубот, но тогаш милион игри се свртеа и се случија многу работи.
КЛУБОТ ИМА ОГРОМЕН ДОЛГ, НЕ Е ИНТЕРЕСЕН ЗА НИКОГО!
Deal with it...
Како јас (а веројатно и повеќето други) гледав на превземањето на клубот од страна на градот во тој период:
Како прво воловите требаа многу порано да го земат клубот, како што се прави секаде низ светот, каде што на традиционалните клубови секакви долгови им простуваат, кондом клубовите ги ликвидираат ради долгови од 1 милион, а традиционалните имаат долгови по 100 милиони и трошат уште толку и никој не им се противи.
Нивна интереси: Зацврстување на градоначалничкото место во градот со тоа што ќе го направат шампион тимот кој е симбол на градот. Придобивка на навивачите кои им правеа многу проблеми во односите со коалиционите партнери од ДУИ. Со тоа и неутрализирање на една за наши рамки солидна по бројност организирана група од млади ликови.
Мои интереси: Конечно издигнување на клубот. Пошто нормално нема да сакаат јасно да покажат зошто се дојдени, очекував достојно да работат и покрај своите задкулисни работи конечно да решат некои основни работи. Во тој момент Вардар немаше помошно игралиште, немаше скоро никакви услови за работа, слаба младинска школа, немање веб страна итн. Она ради кое не се противев на нивното превземање беше фактот што мораше клубот да преине во АД, и воглавно сите мислевме дека со тоа ќе се изгубат долговите и дека со тек на време ќе најдеме јаки спонзори. Иако ги знаев нивните намери лично за мене знам дека неможе никој да влијае на мојата политичка ориентација, а познавајќи ги другите знаев дека групата нема да се продаде никогаш и попрво нема да постои отколку да станат партиски потррчковци. Помина времето кога Комити ги водеа партиски профитери.Едноставно власта ако не преку влегувањето во Вардар, ќе најдеше друг начин да проба да не придобие, така да си рековме дека има шанси вака клубот да добие многу работи, а они секако ќе добијат курац освен што може да не неутрализираат од трибина. Секако следен чекор им беше растурање на групите, а превземањето на клубот им беше само маска, т.е. еден вид на оправдување дека Комити му наштетуваат на клубот, а во позадина во тепачките со специјалците се крие нивната вистинска идеја. И пошто за народот навивачите се криви, си добија безболен начин да ги придобијат навивачите.
Сегашност: Работите делумно се исполнија. Клубот стана шампион на два пати и има солиден состав. Доби веб страна, но за срамота СЕУШТЕ НЕМА помошно игралиште ниту клупски простории, а на гостувања оди со градски автбуси. И покрај релативната стабилност на тимот, дојде моментот кога ги губат интересите затоа што видоа дека нас неможат да не придобијат. Автоматски ќе се вратиме на истата ситуација како во ЈУНИ 2011 кога ќе си одат. Само што ќе бидеме побогати за неколку титули од тогаш. Бараат спонзори но не може да најдат затоа што бараат многу пари за да го земат клубот. И најважното КЛУБОТ СЕУШТЕ ГИ ИМА ДОЛГОВИТЕ... Тука е одговорот дека фузијата со Миравци фактички како да не постои, туку бесправно се сменија само местата на екипите

Прво си беше права фузија, ама откако сите негодуваа, си рекоа џабе ќе спонзорираме кога никој нема да навива за Вардар 1947 (клуб без долгови), па направија некоја мучка таму и се си остана исто ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И ДОЛГОТ.
Каде грешат сите кога викаат дека подобро да не влегле:
Јуни 2011, да речеме дека Вардар ќе останеше во втора лига. СПОНЗОР НЕМАВМЕ. Кој и да дојдеше ќе мораше или да биде рекетиран од Орце Камчев или да фрли неколку милиони евра за да се покрие долгот и потоа да го превземе клубот. А таков не се појави со години додека бевме во прва лига, А КАМОЛИ ВО ВТОРА...
Кои играчи ќе играа за беспари? Немаше ни кој да плати за котизација, па за гостувања, си има еден куп трошоци...
Директно ќе бевме пратени во општинска лига пошто ќе немавме тим освен ако не играа ленови на наивачката група
И во секој момент кога ќе сакаше клубот да биде превземен од некого НЕКОЈ ЌЕ ТРЕБАШЕ ДА ГО ПЛАТИ ДОЛГОТ...
Единствено решение е ФОРМИРАЊЕ НОВ КЛУБ и почнување од најниските лиги. Е тој клуб нема да биде сегашниот Вардар, губиш долгови (освен ако не се опростени) = губиш историја...
Тоа е исто како да се фузираш (ПО ПРАВИЛА

) со некого...
Нормално и во тој случај сите ќе си ги рачунаат титулите, ама на хартија тоа нема да биде така.