Ај веќе кога ќе заврши есенскиот дел од сезоната, редно е да напраиме едно мало резиме во стилот на Коњаникот Сабја

Сите како никогаш досега го очекувавме стартот на сезоната во голема еуфорија поради освоената титула и настапот во квалификациите од ЛШ по пауза од 9 години. Но, сметките ни ги помати малерозната ждрепка, која морам да констатирам дека оваа година не пратеше и во фудбал и во ракомет, и ќе се испостави дека ни го додели најтешкиот можен противник. Рака на срце ни управата не се претргна многу во обидите да се помине БАТЕ. Најдобриот поединец од минатата сезона ни го собра клуб од Казахстан, неколку месеци претходно во Кина си замина и вториот играч од кого многу очекувавме со оглед на неговото интернационално искуство, Илчо се преорентира на претседателските избори во ФФМ, секако и засилувањата не беа со потребното педигре за европските искушенија, а мора да се напоменат и подготовките на Златибор каде наместо со Звездашите, се испробувавме против синдикатот на српски фудбалери без договор?! Се на се, управата падна на својот дебитанстски европски испит. Сепак, и покрај се, еуфоријата нималку не спласна. Во голем стил ги испративме играчите за Белорусија од помошното на Работнички, со абер дека веруваме во европско чудо. И конечно дојде мечот во Борисов. Откако белоруската национална телевизија не извиси за сигнал на сателит, под објаснение дека се ќе реши на првиот меч и не се заинтересирани за превземање на сликата од Скопје(?!), па моравме да се снаоѓаме со стримови. Утакмицата сите знаеме како ја загубивме, али тогаш настана невидена лудница во Скопје, каква што немала последниве 10 години со оглед на големите турбуленции во Вардар. Картите идат како алва, сите со нетрпение го чекаат реваншот, уверени во елиминација на Бате и дека ќе бидеме сведоци на уште минимум 4 утакмици од европските купови. И конечно дојде денот. Реки луѓе се упатуваат кон Градски како во минатото, кафанџиите тријат раце од преполните локали, владее одлична атмосфера и се е спремно да паднат Белорусите. И тука доаѓа разочарувањето по големите очекувања. Вардар неконкретен, комплетен прочитан од противничкиот стратег, ни налик на тоа го прикажа во Борисов. За Вардар тука заврши европската одисеја. Сите со заклучок дека не кошташе катастрофалната завршница од првата утакмица, а може само да претпоставуваме што ќе беше доколку ги имавме Ивановски и Грозданоски.
За Вардар сега претстоеше нова сезона во македонското првенство. И нормално многу е разочарувачки кога ќе паднеш од коњ на магаре, односно од европскиот сон кои го живеевме цели два месеци да се вратиш во сивата македонска реалност. Еуфоријата секако спласна, никој не го очекуваше стартот на есенската полуетапа како пред само една година. И за очекување беше такво нешто. Вардар во сезоната влезе со нов тренер, оспоруваниот Боби Милевски поради евидентниот недостаток на тренерско искуство, го замени кумот Илчо, кој застана на местото претседател на фудбалската федерација. Полусезоната може да се каже дека беше една од најмонотоните и најдосадните досега. Вардар битката за титула ја води со Турново, Металург и Шкендија. Пелистер повторно мака мачи за избегнување на најлошото, Тетекс исто така, Победа, Слога и Беласица ги нема ни во Прва лига. И веројатно сето тоа си го прави своето за да првенството биде незанимливо. Вака така, успеавме да догураме до зацртаното - првото место, и покрај баш не така лесно остварената цел. Ако дома бевме неприкосновени за секого, од учинокот на гостински терен на сите ни се креваше косата. Во зимската пауза, се надевам дека ќе се засилиме на неколку места каде сме најтенки и ќе го повториме успехот од претходната сезона, па на лето во нов покушај на неостварениот сон за секој Вардарец - групи од ЛШ
