Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Мене па Јове,многу многу не ме аресхваше денес.:icon_mrgr:Подвижен е,борбен e,ама на моменти изведува,некои пети удара,у тешки трансови паѓа.На моменти ми делува несериозно.

А шансата на Гаго кога ја промаши :pos:Со Ѓешо се јадат за најголем промашај.:D
Мене ме изнервира при крај Јове... му дадоа една топка во фор на Драган и овој грабна трча напред а паралелно пред гол требаше Јове да се убаци, и Јове направи некоја фаца ај бе ти знаеме дека трчаш кој ќе иде... а ќе искочеа два на два со одбраната на Пелистер...
Абе нели требаше помошното игралиште да биде готово до средина на ноември?

Видел некој до кај е?
Тешко дека брзо ќе го направат помошното. За изработката оставени им се одврзани раце на ЕВН и слушав жалење во стилот „Што работат бе на помошното еден ден еден камион ќе дојде ќе истовари другиот ден истиот ќе го товари истото“
 
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=12932

Таневски праел операција на коленото,до крај на полусезона без него ќе сме.

Според мене најдобриот наш дефазнзивец оваа полусезона.
 
Како изигравме првово полувреме ќе ми каже некој или да го чекам Сајбер?
 
Како изигравме првово полувреме ќе ми каже некој или да го чекам Сајбер?

NIkako, slabo, nati daj mi rabotava, bez nikakvi poseriozni sansi na sredina na teren se igra, nasive mn izigraat manekeni , me nerviraat kako picki se. Valjda vtoro poluvreme ke daeme nekoj po nivna greska... inace cvaka aber se nema , stub utakmica 0-0
 
Многу касно го стави Стојаковиќ требаше малце порано незнам што му е на Милевски гледа дека нешто не штима па направи замена бе човеку.Дај бе што е со детено Цикарски со врски ли игра што е работава нити има техника ниту центаршут асален.Мичка другар порано за Ѓорче кога играше убаво ги креваше дали се навикна таму сега еден еб*ан центаршут неможе да погоди.Јове секоја чест се бори ама залудно сам неможе ништо да направи.Штета за шансата таа на Вајс со глава кога ја удри а играчот на Хоризонт ја извади од гол линија.Све на све дали имавме 2-3 убави онака 100% шанси.
 
Како изигравме првово полувреме ќе ми каже некој или да го чекам Сајбер?
Сајбер не го гледаше мечот, отиде во стечај... :icon_mrgr:
Пошто не го гледав ни на ТВ, нека раскаже некој убаво, иако постојабно бев во контакт со тие што гледаат па ми рекоа дека не сме се изнаиграле нешто многу ни ние ни они.
 
Остајте го Цикарски, добри го изигра барем второто што го гледав.

Не е проблем до играчите, иако дел од нив играат доста лошо, многу сме очајни во организација на играта, па до кога ќе ја прескокнуваме средината бе Милевски? Наместо повеќе да играат по средина и претпоследниот пас да им биде до крилата, нив првиот пас им е до крилата и иди тепај се по линија таму.
 
Prvo poluvreme odigravte mnogu slabo , samo eden shut mislam imashe toj desniot defanzivec mislam , podobro igrashe Turnovo , se obiduvashe po stranite so Blazevski .

Vo vtoroto poluvreme igravte mnogu podobro , imavte dosta shansi za gol , 2-3 shansi bea mnogu rizicni i trebashe da postignavte , no se povampiri golmanot na Turnovo .
 
А овој Ѓорѓи Мојсов не играше кај нас во ерата на жутиот?
Играше во сезоната 2006/2007, а кога дојде Трифун го зашуткаа. После го вратија ми се чини и во сезоната кога испаднавме...
Мислам дека и пред сезоната кога имавме бојкот исто играше за нас некое време...
 
Играше во сезоната 2006/2007, а кога дојде Трифун го зашуткаа. После го вратија ми се чини и во сезоната кога испаднавме...
Мислам дека и пред сезоната кога имавме бојкот исто играше за нас некое време...
Да да,сеа ми текна,играше втората полусезона кога испаднавме.Од Раотнички дојдоа цела багра,на чело со жутиот.:)
--- надополнето: 25 ноември 2012 во 15:33 ---
Иначе како доаѓа секоја наредна утакмица,се повеќе и повеќе самиот се уверувам дека Ѓеорѓиев е пре преисфирсиран играч.

Од клупа немаме алтернативи за во напад кои би можеле да сменат нешто,зимока мора да се бара некое решение за тоа.
 
Сега си дојдов од стадион, значи досадна утакмица ептен..
Многу слабо изиграа вашите, немате креативци, неможете да створете една асална шанса за гол.. 1 Полувреме ептен слабо, 2ро имавте некој шанси но не сериозни закани..
Се на се слаба утакмица од 2те страни, Комитите дојдоа при крај на 1 полувреме, некаде 60 души имаше заебанции со луѓето поточно со тие што беа од село..
 
Ја денес единствено имам замерка за кутриот Милевски што немаше муда да тргне поодлучно во напад! Кој курац се Турново, па толку да се размислуваме да го нападнеме?! Инаку Турново во напад беше тотално неутрализиран. Ми се чини дека немаа ни шут на гол. Денес може само да му се клањаат на голманот што останаат непоразени! Мене ме загрижува што ако не е Костовски, нема на кој да ослониме за гол. Истата приказна од лани како со Ивановски. Не ми е јасно како не ја научија? Како и да е, наредно коло мора победа против Дрита во Боговиње без никаква отстапка или Милевски сместа нека си ги пакува куферите! Ај за денес ќе му прогледаме низ прсти, ама против Силекс и Дрита е недозволиво да губиме бодови! Ја гарантирам со добар тренер, сега ќе имавме 10 бода предност пред вториот!
 
Како најава за прославата на 25 годишнина навивачката група Комити организира како и минатата година така и оваа крводарителска акција. Повикани се сите оние кои се способни да дадат крв да учествуваат, за секој член кој ќе даде крв ќе следи благодарница од навивачката група. Бидете хумани, вашите 10минути на некому значат живот !
Крводарителската акција ќе биде во домот на Арм на на 27,11,2012 со почеток во 18,00 часот.
Веднаш после акцијата од 20,30 часот ќе се изврши изложба на материјали, прва од ваков
карактер во навивачкиот свет, на истата ќе бидат изложени многу слики од минатото како и од сегашноста, сите реквизити на Комити, како и поинтересни материјали кои досега не се појавиле.
Повеќе информации и дискусии на нашиот форум
www.komiti.org/forum
Евентот на фб
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom