http://kurir.mk/sport/fudbal/90986-...at-dozvola-organizirano-da-patuvaat-vo-Bitola
Интегрален текст од соопштението на ФФМ.
-Комитетот за итност на ФФМ донесе одлука да се усвои барањето на комесарот за натпреварување
по барање на СВР Битола до МВР за забрана на ФК Вардар да организира навивачки групи на натпреварот од четвртфиналето од Купот на Македонија кој ќе се одигра утре во Битола.
Фудбалската федерација на Македонија како одговорна, сериозна и професионална куќа на фудбалот има одговорност да ја почитува секоја препорака од комесарот за натпреварување добиена врз основа на проценка на надлежен орган на МВР.
Една од клучните цели на фудбалската федерација на Македонија е да ги врати гледачите на стадионите, но истовремено, не треба да се заборави дека ФФМ заедно со клубовите ја сноси и одговорноста за безбедноста на сите посетители на стадионите. Во насока да ја гарантира безбедноста, макар и на еден посетител кој би дошол на натпревар огранизиран од ФФМ, нема да се водиме од сентиментални, емотивни, изнудени, принудни или било какви други реакции на официјални лица на клубовите.
ФФМ има одговорност да даде свој придонес во насока на зголемување на толератноста, заедништвото и меѓусебното почитување. Во таа насока како федерација во изминатите три месеци дадовме свој придонес преку директно учество на меѓународната конференција „Спортот како фактор на толеранција, заедништво и почитување“ под покровителство на Претседателот на РМ и подршката на ФАРЕ- акционата недела за борба против расизмот.
Спортот подразбира да имаш ривал, да се обидеш да бидеш скалило погоре, нацијата да се идентификува со репрезентацијата, градот со локалниот клуб. Спортот не значи, националната, колективната и личната фрустрација да ги претвориш во омраза како извор на мотивација. Сите ние имаме омилена екипа, изливот на фрустрации и предизвикувањето на инциденти на стадионите нема да му помогне на вашиот клуб да победи. Се обидуваат да победат затоа што веруваат дека се подобри, тие на трибини, фудбалерите на терен. ФФМ има намера секој стадион во државата да го направи вистинско и безбедно место за спортско уживање.
Во дадениот случај ФФМ е за присуство на посетители на стадионот во Битола, но само под услов да постојат безбедносни гаранции како од клубовите Пелистер и Вардар, така и од МВР на РМ. Во конкретниот случај такви гаранции ФФМ нема добиено.
Според член 24 од правилникот на УЕФА и ФФМ за безбедност и сигурност – Патување на гостински навивачи во став 1 стои: Кога сигурносните причини налагаат навивачи да не патуваат на натпревар во гости, организаторот на натпреварот и асоцијациите или клубовите мора да преземат се што е потребно да се спречи патувањето на навивачите.
Согласно добиеното барање од МВР на РМ за изрекување на забрана за патување на навивачки групи на спортски натпревари, известени сме дека СВР Битола располага со сознанија дека на натпреварот што ќе се одржи во Битола во рамки на Купот на Македонија помеѓу екипите на ФК Пелистер и ФК Вардар може да дојде до немири и нарушувања на јавниот ред и мир. Со цел да се спречат секакви обиди за напади како и нарушувања на јавниот ред и мир во голем обем, од ФФМ е побарано да донесе забрана за патување на навивачки групи.
--- надополнето: 6 ноември 2012 во 15:26 ---
http://www.mkd.mk/73218/sport/ja-spukaa-ffm-i-vardar/
Ајдеее на крај ФФМ обвинува дека нашата управа не пријавила гостински фанови пошто неможела да гарантира за нашето однесување 
Кој лаже, цела пародија направија...